Евролигата соопшти дека се распродадени билетите за Ф4 турнирот
во 2024 година, кој ќе се одржи во Берлин.
Влезниците во претпродажба се „распродадоа“ за само еден час, а во
јавна продажба беа распродадени за помалку од четири часа.
Стандардната цена на билетот беше 519 евра. Очигледно, ниту цената
на билетите не беше пречка тие да се распродадат набргу.
Белград ја доби организацијата на ЕП во пливачки спортови
Челниците на Европската пливачка организација (ЛЕН) одлучиja Европското првенство во пливање следната година да се одржи во Белград, од 10 до 23 јуни. Првично, ова првенство требаше да се одржи во Казан, Русија, но откако започна војната во Украина и сите меѓународни натпревари на кои требаше да биде домаќин Русија автоматски беа одложени, челниците на ЛЕН доделија нов домаќин. Освен во пливање, Белград ќе биде домаќин и на натпревари во синхронизирано пливање и скокови во вода, како и во далечинско пливање. Првенството во Белград ќе биде и последна можност за натпреварувачите во овие спортови да го исполнат олимпискиот стандард, пред Игрите што ќе се одржат во Париз.
Нејмар нема да заздрави навреме за Копа Америка
Бразилскиот напаѓач Нејмар ќе го пропушти претстојното издание на Копа Америка во САД поради тешката повреда на коленото со која се здоби во октомври. Ова го соопшти познатиот бразилски лекар Родриго Ласмар. 31-годишниот напаѓач на Ал Хилал ги скина вкрстените лигаменти на левото колено за време на квалификацискиот натпревар на Бразил против Уругвај на 17 октомври. Две недели подоцна, тој беше опериран и моментално се опоравува. „Се уште е рано за него. Нема смисла да ги прескокне фазите од неговото закрепнување и да презема непотребни ризици. Нашите очекувања се дека тој ќе биде подготвен за стартот на новата сезона во Европа, што значи во август. Мораме да бидеме трпеливи. Да се зборува за враќање порано од девет месеци по повредата е пресилено. Многу е важно да се земе предвид биолошкото време при вакви повреди. Ако ги следиме сите овие чекори и по долго опоравување, очекувањата се дека повторно ќе може да игра на високо ниво“, изјави Родриго Ласмар.
Педри пак се повреди, го чека пауза од две недели
Играчот од средниот ред на Барселона, Педри ќе ги пропушти
натпреварите на тимот во следните два натпревари две до три недели.
За време на тренингот вчера, 21-годишниот играч добил удар во
десната нога и почувствувал болка, по што морал да оди на преглед…
Прелиминарниот преглед покажа дека Педри ќе биде надвор од
терените две до три недели. Според тоа, тој нема да настапи на
денешниот натпревар од Ла Лига со Алмерија, како и на
пријателскиот натпревар со мексиканска Америка на 22 декември во
Далас.
Рома го враќа Бонучи во Серија А
Леонардо Бонучи летово си замина од Јувентус откако во клубот беше означен како „вишок“.
Бонучи беше буквално избркан од Јувентус, па кариерата ја продолжи во Унион Берлин, бидејќи не сакаше да игра за друг италијански клуб. Бонучи претходните 12 години ги помина во Јувентус, а во јануари повторно може да се врати во Серија А.
Мурињо сака да го доведе во Рома, а самиот Бонучи е спремен да ја прифати понбудата.
Трабзонспор го стави Барди на трансфер листа
Трабзон во зимскиот преоден рок планира да направи реконструкција на тимот. Старо-новиот тренер Абдула Авчи на трансфер листата стави шестмина фудбалери, еден од ние е и македонскиот репрезентативец Енис Барди.
Пред неколку недели, германските медиуми пишуваа дека Унион Берлин, на чија клупа сега седи екс-тренерот на Трабзон, Ненад Бјелица, сака да го донесе Барди во своите редови.
Покрај Барди на траснфер листата се најдоа и Филип Бенковиќ, Жоакин Фернандез, Умут Бозок, Димитриос Курбелис и Јенс Стригер Ларсен.
РБ Лајпциг понуди 25 милиони евра за Елмас
Угледниот италијански спортски весник – „Кориере дело спорт“, објави, дека Лајпциг ќе понуди 25 милиони евра за македонскиот фудбалски репрезентативец, Елиф Елмас.
Тоа е втор пат бундеслигашот и еден од најголемите клубови во Германија да атакува на потписот на македонскиот репрезентативец. Да потсетиме дека во изминатиот летен преоден рок се споменуваше дека Лајпицг е подготвен да понуди 30 милиони евра за фудбалерот на Наполи.
Сега останува да се види што ќе кажат наполитанците за овој нов атак на Лајпциг, посебно ако се знае дека Елмас и кај новиот стратег на шампионот, Валтер Мацари, тешко ќе го добие првотимскиот статус.
Голема парична казна за Манчестер Сити заради протестите кон судијата против Тотенхем
Дисциплинската комисија на Фудбалската федерација на Англија (ФА) го казни вечерва Манчестер сити со 120.000 фунти поради неспортски однос на неговите фудбалери кон главниот судија за време на неодамнешното премиерлигашко реми (3-3) против Тотенхем.
„Манчестер Сити е обвинет за кршење на правилото Е20.1 на ФА. Во 94. минута од натпреварот клубот пропушти да обезбеди неговите играчи да не се однесуваат несоодветно“, соопшти ФА.
Казната доаѓа откако при резултат 3-3, норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд, иако беше фаулиран, успеа да ја проследи топката на противничката половина до Џек Грилиш, кој имаше отворен простор кон голот на Тотенхем. Судијата Сајмон Хупер не почитуваше предност и одлучи да ја прекине акцијата и да досуди слободен удар за Сити.
Судиската одлука предизвика реакција на теренот од играчите на актуелниот англиски првак. ФА отвори истрага за инцидентот која резултираше со висока парична казна.
РБ Лајпциг го враќа Санчо во Бундеслигата
Џејдон Санчо е во потрага по нов клуб откако влезе во конфликт со тренерот Тен Хаг и сака да го напушти Манчестер Јунајтед.
Англичанецот влезе во расправија со тренерот Тен Хаг па дури и не тренира со првиит тим и јасно е дека во јануари ќе ја промени средината. Иако во последните недели се шпекулираше дека може да се врати во Борусија Дортмунд, сепак најконкретен инетрес за Санчо покажува Лајпциг.
Јунајтед сака по секоја цена да се ослободи од Санчо и е спремен да го пушти на позајмица плајќајќи дел од неговата плата.
Лајпциг сака да го доведе, но проблем е големата плата на Англичанецот, па веќе работи на трансферот.
Тимас Милер доби нов едногодишен договор во Минхен
Иако многу се шпекулираше дека Томас Милер ќе го напушти Баерн Минхен на крајот на сезоната, сепак легендата ќе продолжи да игра за Баварците.
Имено, двете страни постигнале договор за продолжување на соработката до 2025 година, пренесува „Билд“. Челниците на баварскиот клуб и Томас Милер постигнале комплетен договор, а останува само да се потпише договорот.
Милер е член на Баерн од 2000 година каде до денес освои 32 трофеи. За првиот тим на клубот од Минхен одиграл 680 натпревари и постигнал 237 голови.