feature

Португалец го менува Томовски во Вардар

Вардар и официјално го потврди новото голманско засилување во името на Мигел Еспиња Фереира, кој потпиша договор со клубот на една година со можност за продолжување.

Фереира доаѓа од АСОБАЛ лигата и ќе му биде колега на Васил Гогов, кој исто така останува меѓу „црвено-црните“. Фереира потекнува од Бенфика и долго време беше дел од првиот и вториот тим на клубот од Лисабон, а бранеше и во Мануел Пасос и Белененсес, пред да стане интернационалец.

Во 2020 замина во Шпанија, каде што настапуваше за Уеска една сезона, потоа две години мина во францускиот Сесон Рен, а лани се врати во Асобал и една сезона мина во Сиудад Енкантада Куенка.

„Многу сум среќен и горд што доаѓам во таков историски клуб каков што е Варвар. Со нетрпение очекувам да ја почувствувам атмосферата во вардаровата сала со поддршка од неговите неверојатни навивачи. Сакам да им помогнам на моите соиграчи да ги постигнат целите на клубот во Европа и првенството. Се гледаме наскоро, изјави Фереира.


Пјер-Емерик Обамејанг потпиша за клуб од Саудиска Арабија

Екипата на Ал Кадсија на својата официјална веб-страница објави дека потпиша договор со напаѓачот Пјер-Емерик Обамејанг.

Детали за трансферот на 35-годишниот Габонец не се откриваат, но според инсајдерот Фабрицио Романо договорот е на две години.

Минатата сезона Обамејанг играше во Франциј аво дресот на Олимпик (М) за кој одигра 51 натпревар на кои постигна 30 голови и имаше 11 асистенции.


Лион го украде Микаутадѕе, кој беше пред потпис со Монако

Еден од најдобрите играчи на Евро 2024, Жорж Микaутадѕе и официјално стана играч на Лион. Синоќа францускиот тим го потврди трансферот.

Страните потпишаа четиригодишен договор. Договорот го чини клубот од Лион 18,5 милиони евра плус 4,5 милиони можни бонуси.

Микаутадѕе втората половина од минатата сезона ја мина во Мец, кој испадна од Лига 1.

23-годишниот напаѓач на европскиот шампионат со три гола се најде меѓу најдобрите стрелци на првенството.


Колумбиецот Кабал потпиша за Јувентус

Јувентус успеа да го ангажира Хуан Кабал. Трансферот е потврден вечерва на официјална веб-страница на клубот. Иако Кабал беше на чекор до договор со Интер, „Старата дама“ успеа да го премисли и се договори со него за договор од 12 милиони евра, вклучувајќи бонуси кои ќе ги добие неговиот досегашен клуб,  Верона. Се очекува Кабал да ги помине медицинските прегледи оваа недела.

Пред само неколку часа, повеќе извори беа уверени дека „нероаѕурите“ имаат се под контрола, со понуда од 10 милиони евра плус бонуси и одлични лични услови договорени со Колумбиецот. Сепак, Јувентус попладнево влезе во игра и брзо постигна договор и со клубот и со агентот.


ПСЖ го нуди Ренато Санчез за Жоао Невес

ПСЖ и Бенфика може да разменат фудбалери. Францускиот тим сака да го испрати Ренато Санчез во Португалија а за возврат да го добие потписот на 19-годишниот играч за врска Жоао Невес, велат денешните информации во медиумите.

Претходно беше објавено дека клубовите биле на чекор до договор но, како проблем се појавила сумата за откуп.

Бенфика бара 120 милиони евра додека парижаните понудиле 60 милиони евра и уште десет како бонуси.


Пад од едно место за македонската селекција на ФИФА листата

Нашата најдобра фудбалска репрезентација се спушти едно место на новата ранг листа на ФИФА откако подолг период немаше активности.  Македонија сега го држи 72 место со 1348, 63 поени.

На врвот најмногу прогресираше новиот европски шампион, Шпанија. „Фуријата“ скокна големи 5 места и влезе во Топ 3. Пред неа се лидерот Аргентина и селекцијата на Франција.

Од четвртото до 10-то место се наредени: Англија, Бразил, Белгија, Холандија, Португалија, Колумбија и Италија.


Никола Миленковиќ потпиша за Фиорентина

Одличниот српски дефанзивец, Никола Миленковиќ ја напушти Серија А и кариерата ја продолжува во англиската Премиер лига каде што ќе го носи дресот на Нотингем Форест.

Миленковиќ цели седум години беше дел од Фиорентина и во тој период стана еден од најценетите дефанзивци во Италија.

За Фиорентина настапи на 263 натпревари и во нив успеа да постигне 17 погодоци. Како најголем клупски успех може да се истакнат двете финалиња во низа во Конференциската лига.

Договорот кој го потпиша со Нотингем е со важност на пет години.


Евротип промоција – Скопје

Овој викенд започнува специјалната промоција која Евротип ја подготви за своите верни играчи. Промоцијата ќе се одвива во 4 етапи.

На 19-ти, 20-ти и 21-ви јули; 26-ти, 27-ми и 28-ми јули; 9-ти, 10-ти и 11-ти август: 16-ти, 17-ти и 18-ти август во нашите уплатни локации ве чекаат изненадувања.

Дојдете и дознајте повеќе за самата промоција. Ве очекуваме!


Гринвуд пристигна на потпис во Марсеј

Според последните информации, познат е новиот клуб на Мејсон
Гринвуд.
Англискиот напаѓач од наредната сезона ќе го гледаме во дресот
на француски Марсеј. Манчестер Јунајтед и Марсеј постигнале
договор, Гринвуд се согласил на личните услови и сега треба
само да ги помине медицинските прегледи.
Договорот кој ќе го потпише Гринвуд со Марсеј ќе има важност до
2029 година. За трансферот на Гринвуд Јунајтед ќе добие 30
милиони евра плус 50 проценти од неговата следна продажба.


Ибра го носи Самарџиќ во Милан

Лазар Самарџиќ минатото лето беше на чекор од трансфер во
Интер, а сега е пред трансфер во Милан.
Самарџиќ и оваа сезона игра одлично, а сега силен интерес за
него покажува Милан. „Росонерите“ веќе направиле првични
контакти со Удинезе и работат на трансферот.
Милан сака да ја победи конкуренцијата од Интер и Јувентус и да
го договорат трансферот што е можно побрзо.
Италијанските медиуми пренесуваат дека преговорите се во
напредна фаза и Удинезе за трансферот се очекува да добие
околу 15 милиони евра.