feature

Бока Јуниорс славеше во „Суперкласико“

Бока Јуниорс славеше во „Суперкласико“

Екипата на Бока Јуниорс е победник на можеби најголемото дерби на светскиот клупски фудбал. Бока на својот популарен стадион „ Бомбоњера“ беше подобар од Ривер Плата со резултат 1:0.

Стрелец на голот за победа  го постигна Дарио Бенедето во 63.минута од средбата, која изобилуваше со тензична игра и жестоки стартови типични за ова дерби.

Бока Јуниорс со оваа победа се наоѓа на четвртото место од табелата со освоени 32 бода на 18 натпревари.


Алкараз славеше на УС Опен и стана најмлад број 1 на светот

Алкараз славеше на УС Опен и стана најмлад број 1

19-годишниот шпански тенисер Карлос Алкараз во своето прво грен слем финале стигна до трофејот, откако во Њујорк на УС Опен го совлада Норвежанецот Каспер Руд со 3:1 во сетови, во дуел кој траеше три часа и 23 минути.

Со оваа победа Шпанецот стана и најмладиот број 1 тенисер во светот. Во оваа битка за врвот на АТП листата, Каспер Руд ја зазеде втората позиција на истата.

За Алкараз ова е шеста титула во кариерата, а за победата на УС Опен како награда освои 2,6 милиони долари.


Седум од седум за Струга Трим Лум

Седум од седум за Струга Трим Лум

Екипата на Струга Трим Лум не знае за друго освен за победа од почетокот на новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.

Стружани веќе нанижаа седум победи на исто толку натпревари, и имаат максимален учинок од 21 бод. 

Во досегашните натпревари веќе се гледа дека тимот игра во одлична форма и дека со сигурност се движи кон освојување на титулата во домашното првенство.


Чави го изедначи рекордот на Зидан

Чави го изедначи рекордот на Зидан

Тренерот на Барселона, Чави Ернандез, се запиша во историјата на шпанскиот фудбал, откако тренерот на каталонскиот клуб остана непоразен на 17 гостувања по ред.

Барселона во петтото коло од шпанската Ла Лига славеше победа во гости над Кадиз со 4:0. Чави нема пораз на гостински терен откако во ноември минатата година ја презеде екипата од „Камп Ноу“.

Сега Чави се изедначи со Зинедин Зидан кој како тренер на Реал Мадрид во 2016.година 17 пати остана непоразен на гостински терен.

Тренерот на Барселона ќе има прилика да го престигне Зидан на 1.Октомври кога екипата ќе гостува на Мајорка.


Арсенал во јануари се враќа по потписот на Даглас Луиз од Астон Вила

Арсенал во јануари се враќа по потписот на Даглас Луиз од Астон Вила

Арсенал во последниот ден од преодниот рок се обиде да го донесе играчот на Астон Вила и бразилскиот репрезентативец, Даглас Луиз.

Даглас Луиз е еден од најдобрите поединци во Астон Вила, но влезе во последната година од договорот и сака да ја промени средината,  па одби продолжување на договорот.

И покрај тоа Астон Вила ја одбие понудата на „топџиите“ бидејќи немаше време да донесе соодветна замена.

Меѓутоа, Арсенал не се откажува и во јануари повторно ќе се обиде да го донесе Бразилецот на „Емирати“.

Англиските медиуми пренесуваат дека Арсенал е спремен да понуди 18 милиони фунти.


GOLD FELICIA ги пречека супер-шампионите

Eurofarm Pelister

Шампионите градат шампиони, соработката раѓа нови победи и успеси. Честитки за РК Еурофарм Пелистер за освоениот трофеј од Суперкупот на Македонија, витешката борба и достојното репрезентирање на нашиот град. GOLD FELICIA како партнер на клубот ги пречека и угости ракометарите по големиот успех.

Чест е да се биде во победничкиот тим, бидејќи само победници бираат победници. Од почетокот на нашата соработка нижеме само победи. Три трофеи во еден месец стигнаа во Битола.

Нека се множат!


Ѓоковиќ доби дозвола за настап на Австралија Опен

Ѓоковиќ доби дозвола за настап на Австралија Опен

Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ, ќе може да настапи на Отвореното првенство на Австралија во 2023-та откако Федерална влада дала зелено светло.

Србинот кој во почетокот на годинава  беше депортиран од „земјата на кенгурите“ поради прекршување на правилата за заштита од Ковид-19, сега ќе може без проблем да отпатува на петтиот континент.

Веста беше потврдена од угледниот – „Хералд Сан“.


Голема победа на Еурофарм Пелистер над Вардар 1961

Ракометарите на Еурофарм Пелистер ја одбранија титулата во Суперкупот на Македонија, против лутиот ривал Вардар 1961 со 22-23 (12-12).


Абрахам им се врати на тренинзите по повредата во Удине

Најдобриот стрелец на Рома, Тами Абрахам, сега тренира заедно со своите соиграчи, откако заработи повреда во тешкиот пораз од Удинезе со 4-0 пред една недела. Англискиот интернационалец го пропушти гостувањето кај Лудогорец во Лигата на Европа (1:2), но се очекува да стартува против Емполи во понеделник.

Рик Карсдорп исто така не отпатува за Разград, но се опорави од повредата и ќе стартува од првата минута против Емполи. Во амбулантата на „волците“ остануваат Мараш Кумбула, Стефан Ел Шарави, Николо Заниоло, Џорџињо Вајналдум и Ебрима Дарбо.

Пауло Дибала и Лоренцо Пелегрини кои стартуваа против Лудогорец нема да бидат поштедени. Двајцата ќе играат во понеделник, а на голот ќе се врати Руи Патрисио.

Тренерот Жозе Мурињо ќе треба да одлучи на кој меѓу Леонардо Спинацола и Никола Залевски ќе се обложи на левото крило.


Сантон ја заврши кариерата на 31 година

Поранешниот дефанзивец на Интер и на репрезентацијата на Италија, Давиде Сантон објави дека се повлекува од фудбалот на 31-годишна возраст поради постојани проблеми со повреди.


Фудбалерот ги помина последните четири години во Рома, но не успеа да забележи ниту еден настап под водство на Жозе Мурињо во сезоната 2021/2022. Сантон заработи осум настапи за Италија помеѓ 2009 и 2013 година и ја освои титулата во Серија А двапати со Интер за време на првата од неговите две периоди во клубот.


Сепак, повредите сериозно се одразија на кариерата на Италијанецот, кој својата одлука ја објави во интервју за изданието Tuttomercato.