feature

Алкараз се враќа и ќе го брани трофејот во Барселона

Карлос Алкараз го пропушти Мастерсот во Мајами поради повреда на раката, но е пријавен за турнирот од серијата 500 кој идната недела ќе се одржи во Барселона.

Неговото име фигурира на листата на учесници и ќе учествува во ждрепката во која ќе биде прв носител, а со тоа и ќе ја брани титулата освоена минатата година.

Во Барселона не играат Новак Ѓоковиќ и Јаник Синер, но пријавени се Андреј Рубљев, Каспер Руд, Алекс де Минор, Стефанос Циципас итн.

Турнирот во Барселона почнува в понеделник, но со оглед на тоа што е прв носител, својот меч Алкараз ќе го одигра на 17 април.


Џош Нибо ќе настапува за Словенија на олимпискиот кошаркарски турнир

Центарот на Макаби, Џош Нибо ќе биде во конкуренција за настап во словенечката репрезентација откако доби државјанство на оваа земја.

Иако селекцијата на Словенија го има Мајк Тоби од Црвена Звезда, неговата лоша сезона придонесе Федерацијата да бара ново решение под кошевите.

Изборот паднал на Нибо кој играше одлично за Макаби и најверојатно со него „змајчеки“ ќе бркаат пласман на Олимписките игри, преку квалификациите.


Магнус Род ќе ги скокне Олимписките игри во Париз

Селекцијата на Норвешка ќе биде значително ослабена на претстојните Олимписките игри во Париз.

Десниот бек Магнус Род се уште се рехабилитира од повредата на стапалото кое му беше скршено, и не настапува за шампионот Колстад.

Род го информирал селекторот Јонас Виле дека нема да биде дел од националниот тим во обид да биде подготвен за новата сезона и настапите за ПИК Сегед, неговата нова екипа.


Полуавтоматскиот офсајд доаѓа во Премиер лигата

Англиската Премиер лига од следната сезона ќе има уште една новина која е поврзана со употребата на ВАР-технологијата.

Полуавтоматскиот офсајд ќе го елиминира долгото чекање за проценка на ВАР со повлекување линија преку екранот, што постојано предизвикува критики поради неговата неточност. Технологијата нема да биде достапна на секој стадион од почетокот на сезоната. Очекувањата се дека секаде во употреба ќе биде до првата меѓународна пауза во октомври.

„Технологијата ќе обезбеди побрзо и поконзистентно поставување на виртуелната офсајд линија, заснована на оптичко следење на играчите и ќе произведе висококвалитетна графика за емитување за да обезбеди подобрено искуство на стадионот и емитување за навивачите“, соопштија од Премиер лигата.


Рабио бесплатно доаѓа на „Олд Трафорд“

Манчестер Јунајтед и Њукасл покажуваат сериозен интерес за ѕвездата на Јувентус и француската репрезентација, Адриен Рабио.

Рабио влезе во последната година од договорот и нема најави за продолжување на соработката, па на лето ќе замине како слободен агент. Тен Хаг е голем симпатизер на квалитетите на Рабио и сака да го засили средниот ред за следната сезона.

Интерес за Французинот покажуваат уште Арсенал и Њукасл, но Манчестер Јунајтед сака да ја победи конкуренцијата.

Рабио сака кариерата да ја продолжи во Премиер лигата и веќе започнал преговори со „црвените ѓаволи“.


Бонифејс од Баер Леверкузен ќе биде наследникот на Џиру

Напаѓачот на Баер Леверкузен, Виктор Бонифејс е голема желба на италијанскиот гигант Милан, пренесуваат италијанските медиуми.

Приоритет на Милан ова лето ќе биде доведување на врвен напаѓач, кој ќе биде наследник на Жиру, а најновото име на списокот е токму Бонифејс.

„Кориере дело Спорт“ тврди дека Нигериецот ќе потпише за Милан во трансфер вреден 50 милиони евра.

Бонифејс постигна 17 гола и запиша девет асистенции на 26 натпревари  за Леверкузен оваа сезона.


Луис Диаз одби нов договор, се сели во ПСЖ?

Килијан Мбапе на крајот од сезоната го напушта ПСЖ, а францускиот клуб веќе бара замена. Британски „Телеграф“ пишува дека Луис Дијаз од Ливерпул ќе биде главна трасфер цел на ПСЖ ова лето.

ПСЖ долго време покажува интерес за 27-годишниот Колумбиец, а сега наводно тргнале по неговиот потпис и би можеле да испратат понуда над 120 милиони евра.

Дијаз наводно одбил да го продолжи договорот со Ливерпул, а неговата иднина ќе се одлучува откако ќе биде назначен нов тренер.


Аморим негира дека се договорил со челниците на Ливерпул

Пред неколку дена бројни светски медиуми ја објавија како „завршена работа“ веста дека Ливерпул си најде нов менаџер и дека Јирген Клоп од лето ќе го наследи Рубен Аморим.

Португалецот е навистина кандидат број еден и се чини дека целата работа е блиску до успешен епилог и за Ливерпул и за Аморим, но актуелниот тренер на Спортинг демантираше дека постигнал некаков договор да дојде на „Енфилд“ во јуни.

„Не се сретнав со никого од Ливерпул, ниту пак суум имал разговор. Тоа не е точно. Jас сум тренер на Спортинг и посветен сум на работата во мојот тим. Престанете со ваквите информации, ова е последен пат кога зборувам за мојата иднина“, изјави Аморим.

Најавите се дека Спортинг ќе добие оштета од 10 милиони евра за тој да седне на клупата на „црвените“. Спортинг е блиску до освојување на титулата шампион на Португалија. На шест кола до крајот е прв на табелата со четири бода повеќе од Бенфика, а има и натпревар помалку. Аморим го одведе својот тим и до финалето на Купот на Португалија.


Сити пронајде замена за Вокер во Манчестер Сити

Манчестер Сити е силно заинтересиран за дефанзивецот на Баер Леверкузен, Џереми Фримпонг, пренесуваат англиските медиуми.

Фримпонг пристигна во Леверкузен од Селтик за 11 милиони евра и има договор со „фармацевтите“ до 2025 година, а се етаблираше во еден од најдобрите бекови во Бундеслигата. Од Манчестер Сити долго време ги следат неговите настапи и Гвардиола смета дека би бил идеален наследник на Вокер.

Фримпонг има откупна клаузула во договорот од 40 милиони евра, сума која „граѓаните“ се спремни да ја платат.


Фернандо Алонсо и следната година ќе вози за Астон Мартин

Фернандо Алонсо ќе продолжи да се трка за Формула 1 тимот на
Астон Мартин во наредните години откако потпиша нов
повеќегодишен договор со британскиот тим.
Двократниот светски шампион е најискусниот возач во историјата на
Формула 1 и зад себе веќе има 381 старт и се очекува оваа сезона да ја
мине границата од 400. Шпанецот дебитираше во 2001 година со тимот на Минарди, по што тој возеше за тимовите на Рено, Мекларен,
повторно Рено, Ферари, повторно Мекларен, потоа имаше пауза од
две години пред уште едно враќање со Рено, сега како Алпин и
последователниот трансфер во Астон Мартин на почетокот на 2022
година.
Овој трансфер донекаде го врати Алонсо години наназад и тој
доживува уште една младост. Минатата сезона тој забележа вкупно
осум подиуми и му помогна на Астон Мартин да заврши на петтото
место во шампионатот за конструктори. Самиот Алонсо ја заврши
годината на четвртото место, негов најдобар финиш откако беше во
Ферари пред повеќе од една деценија.
Фактот што Шпанецот го продолжува договорот со Астон Мартин
значи дека уште еден важен дел од возачката сложувалка за сезоната
2025 доаѓа на своето место. Како што е познато, повеќе од половина
од актуелните возачи моментално се без договори за следната година
и се очекува да има уште големи промени покрај преселбата на Луис
Хамилтон во Ферари.
Алонсо беше меѓу претендентите за позицијата во Мерцедес, а се
сметаше и за можен наследник на Серхио Перез во Ред Бул. Тимскиот
колега на Алонсо следната година речиси сигурно ќе биде Ленс
Строл, кој е син на сопственикот на тимот Лоренс Строл, што
практично му гарантира доживотно возачко место.