feature

Пеп го сака Крос во Манчестер Сити

Касемиро го растури легендарното трио на Реал Мадрид, кое уште беше составено од Тони Крос и Лука Модриќ, откако потпиша за Манчестер јунајтед.


Крос наскоро би можел да го напушти Мадрид и да се пресели во Манчестер, но овој пат да му биде ривал на Касемиро. Германецот е на листата со желби на тренерот Пеп Гвардиола, кој планира да го купи искусниот фудбалер за врска, кој претходно најави дека сака да си замине.


Искусниот фудбалер ја почна кариерата во Баерн, по што беше во Баер Леверкузен на позајмица, а потоа се пресели во Реал Мадрид, каде што стана еден од најдобрите во свет.


Њукасл пред потпис со Лорис Кариус

Германскиот голман, Лорис Кариус, кој го напушти Ливерпул, веројатно ќе потпише за екипата на Њукасл. Тој треба да биде замена за Дубравка кој во текот на летото се пресели кај Манчестер Јунајтед.


Кариус кој играше со потрес на мозокот во финалето на ЛШ против Реал Мадрид, редовно беше испраќан на позајмици. Прво во турскиот Бешикташ а потоа во Унион Берлин (Германија). Во двата клуба остана по две сезони се додека на му истече договорот во текот на летото.


Бидејќи Кариус е слободен играч, Њукасл може да го искористи правилото да го ангажира иако во Англија е завршен преодниот рок.


Грција со заедничка кандидатура сака Светско првенство во фудбал

Саудиска Арабија, Египет и Грција, ќе поднесат заедничк кандидатира за да бидат домаќини на фудбалскиот Мундијал во 2030 година, пренесува денеска весникот – „Тајмс“.


Доколку нивната понуда биде прифатена, за прв пат Светско првенство би се играло во три земји на исто толку континети и тоа не во лето туку во зимскиот период како што годинива ќе се игра во Катар.


Покрај споменатите земји, понуди за организација за СП 2030 заеднички доставиле Португалија и Шпанија, како и четири јужноамерикански земји, Уругвај, Аргентина, Парагвај и Чиле.


Коман од Баерн поради повреда ќе паузира одреден период

Фудбалерот на Баерн Минхен, Кингсли Коман, за време на тренинг со тимот заработи повреда на тетивата од десната нога.
Клубот од Минхен објавува дека медицинскиот тим ја потврди повредата и дека играчот ќе мора да биде одреден период надвор од терените, без точно прецизирање за должината на отсуството.
Фудбалерот за врска на Баерн оваа сезона беше стартер на секој од последните четири натпревари на екипата.
Баерн во сабота го пречекува тимот на Штутгарт, а во вторник на свој терен во рамките на Лигата на шампионите ќе игра против Барселона.


Тонали во Милан до 2027 година

Фудбалерот за врска на Милан, Сандро Тонали, го продолжи договорот со шампионот на Италија до 2027.година, потврди клубот од Сан Сиро.


Тонали во Милан пристигна 2020.година од екипата на Бреша, а во дресот на росонерите одигра 87 натпревари, на кои постигна пет гола и оствари четири асистенции.

Сандро Тонали за италијанската репрезентација има одиграно 11 натпревари.


Брегалница потпиша со Халил Лвалива од Уганда

Штипска Брегалница за продолжението од сезоната во Првата македонска фудбалска лига ќе биде посилна за репрезентативецот нa Уганда, Халид Лвалива. 26-годишниот Лвалива е најновото име во редовите на „сините“ кој ќе ја засили централната дефанзивна позиција. Лвалива доаѓа од најдобриот клуб во Уганда, шампионот Виперс, каде беше капитен изминативе пет сезони, а е незаменлив капитен и на репрезентацијата на Уганда за која од 2019 година има 22 официјални настапи.


Станковиќ кандидат за тренер на Интер

Италијанскиот весник „Тутоспорт“ пренесува дека бившиот тренер на Црвена Звезда, Дејан Станковиќ, е еден од кандидатите за преземање на тренерската позиција во Интер, доколку Симоне Инзаги добие отказ.


Интер во првите пет кола во Серија А забележа три победи и два порази, и екипата се наоѓа на осмото место од табелата со девет бода. Интер новата сезона во Лигата на шампионите ја започна со пораз од Баерн Минхен со резултат 2:0.


Според информациите, челниците на Интер одржале состанок со Инзаги на кој му е даден ултиматум според кој тој мора да победи во наредните три натпревари против Лацио, Удинезе и Викторија Плзен.
Во случај Инзаги да добие отказ, 43-годишниот Станковиќ кој е поранешен играч на клубот најверојатно ќе добие понуда за преземање на тренерското место.


Кел: Моравме да го продадеме Халанд

Спортскиот директор на Борусија Дортмунд, Себастијан Кел, тврди дека германскиот клуб морал да го продаде Норвежанецот Ерлинг Халанд.
Како што е познато, Халанд во летниот преоден рок стигна во Манчестер Сити за обештетување од 60 милиони евра.


„Иако Халанд од наша страна беше многу ценет за се она што го направи за клубот, тој дефинитивно стана терет, како за соблекувалната така и за клубот. Суштината е во тоа што се во клубот се вртеше околу него. Поради тоа беше време да го продадеме, и мислам дека тоа е одлична работа и за нас и за Сити. Потврда за ова е фактот што десет гола за нашиот клуб оваа сезона ги постигнаа десет различни играчи“, истакнува Кел.


22-годишниот Халанд за Дортмунд настапуваше од декември 2019. до јуни оваа година. Тој за овој клуб постигна 86 голови на 89 натпревари.


Швјонтек и Жабер ќе се борат за титулата на УС Опен

Најдобрата тенисерка на светот, Ига Швјонтек, за титулата на овогодинешното издание на УС Опен ќе се бори со тенисерката од Тунис, Онс Жабер.


Швјонтек во финалето се пласира после победата во три сета над Арина Сабаленка, додека Жабер беше убедлива над Каролина Гарсија од Франција, совладувајќи ја со 2:0 во сетови.


Финалето меѓу двете тенисерки на распоред е денес во 22:00 часот.

Нашата статистика за овој меч е следната bit.ly/3B6p1Rz


НФЛ- лигашот Далас Каубојс останува највреден клуб во светот

Далас каубојс од професионалната НФЛ лига во американски фудбал
шеста година по ред ја предводи листата на највредни спортски екипи, според истражувањето на специјализираниот финансиски магазин Форбс.
Според Форбс, вредноста на Далас каубојс се проценува на осум
милијарди долари, што е за дури 40 отсто повеќе од ланската
вредност. И на второто и третото место на листата на Форбс се екипи
од НФЛ лигата. Њу Ингланд патриотс се втори со вредност која е
проценета на 6.4 милијарди долари, а актуелниот НФЛ шампион Лос
Анџелес рамс се на третото место со 6.2 милијарди долари.

Меѓу првите пет највредни спортски екипи се и бејзбол клубот Њујорк
Јенкис (шест милијарди долари) и НБА лигашот Њујорк Никс (5.8).