Пјер Калулу потпиша нов договор со Милан. Ова момче кое има само 22 години одигра 20 натпревари сезонава и е еден од најважните играчи на клубот бидејќи може да игра на неколку позиции во тимот.
Калулу по природа е стопер, а новиот договор со Милан има важност до 2027 година.
Французинот со потекло од Конго во Милан пристигна од Лион во 2020 година, оттогаш има одигра 75 натпревари во дресот на славниот италијански клуб.
Американската репрезентација прва пристигна во Катар
Фудбалската репрезентација на САД е прва од 32 учесници на Светското првенство во Катар која допатува во Катар.
Селекцијата на САД пристигна од Њујорк, а слета на меѓународниот аеродром Хамад во Доха чиј нов дел беше свечено отворен.
Американскиот тим своите натпревари ќе ги започне на 21.ноември со натпреварот против Велс. Целата америчка експедиција ќе биде сместена во хотел во западна Доха, а своите тренинзи ќе ги одржува на терените на клубот Ал-Гарафа. За селекцијата на САД ова е 11.учество на Мундијалите.
Садио Мане сепак ќе биде подготвен за Мундијалот во Катар
Францускиот Франс Прес пренесува дека фудбалерот на Баерн Минхен Садио Мане ќе патува со селекцијата на Сенегал на претстојното Светско првенство во Катар.
Мане се здоби со повреда пред неколку дена, и првичните информации од Баерн беа дека тој нема да игра за Сенегал на Мундијалот во Катар. Меѓутоа француските медиуми тврдат дека најдобриот играч на Сенегалската репрезентација сепак ќе патува во Катар заедно со своите соиграчи.
Според Франс Пренс Садио Мане ќе биде во Катар и се надева дека ќе биде подготвен за игра доколку неговата репрезентација избори пласман во нокаут фазата на СП.
Симеоне пред смена, Почетино и Луис Енрике можни наследници
Атлетико Мадрид доживеа вистински дебакл во европските натпреварувања, беше елиминиран од групата фаза во ЛШ и не избори учество нуту во Лига Европа. „Јорганџиите“ имаат слаба сезона и во Примера, немаат победа на последните пет меча, па се повеќе се разнишува столчето на Симеоне.
Фудбалот кој го игра Атлетико веќе долги години повеќе не дава резултати, па медиумите се прашуваат дали е време Атлетико Мадрид и Симеоне да се разделат. Наводно постои бунт и меѓу фудбалерите кои не се задоволни од Симеоне,а Атлетико размислува за отказ доколку не се променат резултатите во најскоро време.
Медиумите во Шпанија веќе почнаа да лецитираат со имиња, а како потенцијални замени се спомнуваат Маурисио Покетино и Луис Енрике.
Сити и Ливерпул ќе играат уште во осминафиналето на Карабао Купот
Манчестер Сити и Ливерпул ќе играат еден против друг во осминафиналето на Карабао купот. Жрепката која беше направена веднаш по натпреварот меѓу Манчестер Јунајтед и Астон Вила, ги одреди двојките и за сите останати дуели.
Домаќин на големата пресметка ќе биде Манчестер Сити. Средбата е закажана за 19 декември, само еден ден по финалето на Светското првенство.
Манчестер Сити и Ливерпул веќе двапати се сретнаа оваа сезона. „Црвените“ го совладаа тимот на Пеп Гвардиола во „Комјунити шилд“ со 3-1, а потоа се радуваа и на „Енфилд“ во Премиер лигата.
Манчестер Јунајтед ќе биде домаќин на лидерот во Чемпионшип, Барнли, додека Њукасл во оваа фаза домаа ќе го пречека поранешниот клуб на менаџерот Еди Хау, Бурнмаут.
Сараевски Железничар доаѓа во Скопје за роденденот на Вардар и „Комити“
Жељезничар од Сараево ќе гостува во Скопје на 23 ноември на спектаклот по повод 75-годишнината од формирањето на најтрофејниот македонски клуб Вардар и 35 години од формирањето на најверните вардарови навивачи Комити.
Навивачката група веќе го најави спектаклот на 23 ноември со почеток од 19:30 часот. Железничар е поранешен шампион на Југославија од сезоната 1971/72 и има еден освоен Куп трофеј од поранешната држава (1981), исто како и Вардар кој беше шампион во 1987, а освојувачи на Купот во 1961 година.
Сараевчани доаѓаат на пријателски меч за да се одбележи големиот јубилеј на „црвено-црните“ и нивната најверна армија навивачи.
Трајковски поради повреда ги пропушта дуелите со Финска и Азербејџан
Македонскиот фудбалски репрезентативец, Александар Трајковски, поради повреда на листот на ногата, го откажа својот настап на пријателските дуели со Финска и Азербејџан.
Претходно поради повреда, својот настап за овие два натпревари го откажа и Аријан Адеми. Селекторот на репрезентацијата Благоја Милевски во списокот на фудбалери ги врати Бобан Николов и Илија Несторовски.
Јончевски: Наметнавме свој ритам и успешно ја запревме Норвешка
Македонската кошаркарска репрезентација запиша важна победа против Норвешка со резултат 58:36, во претквалификациите за Европското првенство.
Селекторот на репрезентацијата Александар Јончевски после натпреварот изрази задоволство од триумфот и очекува нов успешен настап и против Данска.
„Добро се подготвивме за овој дуел со Норвешка, имавме целосна контрола на мечот и наметнавме ритам што ни одговара. Ја стопиравме нивната транзиција од каде најчесто постигнуваа поени против Словачка и Данска. Тие не постигнаа ниту една тројка од 21 обид, што е заслуга на целиот наш тим и енергијата која ја внесовме. Задоволен сум од новајлијата Шортс, кој одигра онака како што очекувавме. Очекуваме сличен натпревар и со Данска“, изјави селекторот Јончевски.
Следен натпревар на Македонија е во недела против селекцијата на Данска.
Жак Вон е нов тренер на Бруклин Нетс
НБА тимот Бруклин Нетс за свој нов тренер го назначи Жак Вон, кој на клупата ќе го наследи Стив Неш.
Како најголем фаворит за тренерското место во Бруклин, медиумите го посочуваа поранешниот тренер на Бостон, Име Удока, но сепак челниците на Нетс се одлучија за Жак Вон кој во екипата е тренерски асистент од 2016 година.
Според достапните информации договорот помеѓу Бруклин и новиот тренер Вон ќе трае до крајот на сезоната 2023/24.
Саутгејт го објави списокот на фудбалери кои ќе настап за Англија во Катар
Селекторот на англиската фудбалска репрезентација Гарет Саутгејт го соопшти списокот на играчи кои ќе патуваат на Мундијалот во Катар. На овој список се најдоа Џејмс Медисон од Лестер, и напаѓачот Калум Вилсон од Њукасл Јунајтед. Во селекцијата се враќаат и играчите кои излегуваат од повреди а тоа се Кајл Вокер и Калвин Филипс.
На списокот ги нема повредените Рис Џејмс и Бен Чилвел кои пред неколку дена се здобија со повреди во своите клубови.