feature

Премиерлигашите бараат промени во ВАР-системот

Клубовите од Англија побараа од раководството на Премиер лигата да го промени начинот на користење на ВАР системот по примерот на Европското првенство.

Англиските судии, кои беа на Евро 2020, набрзо ќе се сретнат со колегите за да дискутираат за прилагодување на ВАР одлуките. Истражувањето меѓу навивачите во Англија покажа дека повеќето проценуваат дека ВАР ја прави играта неатрактивна со многу прекини.

Претседателот на Комисијата за судии на УЕФА, Роберто Росети, исто така, апелираше до раководството на Премиер- лигата да се користи ВАР системот само во случај на очигледни грешки на главните судии.


Спартак Трнава целосно го откупи договорот на Милан Ристовски

Милан Ристовски од денес и официјално е играч на Спартак Трнава.

Спартак Трнава не објави за која сума го откупила договорот на македонскиот репрезентативец, но потенцираше дека Ристовски е најскапото засилување во нивната клупска историја.

„Среќен сум што трансферот се заврши после неколку недели преговори. Горд сум што повторно ќе бидам дел од Спарта, сите знаат колку клубот ми помогна да се вратам во форма, благодарен сум за довербата, Се надевам на добра сезона затоа што сум гладен за успех и голови“, изјави Ристовски.

Дека трансферот е најскап во историјата на Спартак потврди директорот Милан Цунинка.


Милан го доведе Жиру за само милион евра

Оливие Жиру е нов играч на Милан, јавува новинарот Фабрицио Романо.

Сите договори се веќе потпишани, а францускиот напаѓач го очекуваат медицинските прегледи и официјалното претставуваање. Потпиша договор на две години, додека Челзи од трансферот ќе добие милион евра, со можност за уште еден милион преку бонуси.

Жиру за Челзи настапи на 119 натпревари и постигна 39 погодоци. Ова лето беше во втор план во француската репрезентација поради враќањето на Карим Бензема, но со години беше важен играч во плановите на Дидие Дешамп. За Франција заигра 110 пати, постигнувајќи 46 погодоци.


Робен повторно ја заврши фудбалската кариера

Арјен Робен по втор пат објави дека се збогува од играчката кариера. Прв пат тоа го направи пред две години, откако го напушти Баерн Минхен, но година дена подоцна се врати во Гронинген.

„Драги фудбалски фанови, одлучив да ја завршам својата кариера. Многу тешка одлука. Сакам да им се заблагодарам на сите на топлата поддршка.“– објави Робен.

Тој во кариерата настапуваше за Гронинген, ПСЖ, Челзи, Реал Мадрид и Баерн Минхен, со кого во 2013-та година ја освои Лигата на шампионите, постигнувајќи го победничкиот гол во финалето против Борусија Дортмунд.


Челзи понудил 100 милиони евра за ѕвездата на Јуве – понудата одбиена!

Новинарот на германски Билд, Кристијан Фалк објави дека Челзи понудил 100 милиони евра за Федерико Киеза од Јувентус, но клубот од Торино ја одбил таа понуда.

Тоа е најголема понуда во овој трансфер период која е објавена од медиумите, а може да се верува дека е вистинска бидејќи Фалк важи за еден од поугледните германски новинари.

Киеза во германските медиуми е интересен во последните десетина дена, откако Баерн покажа интерес за негово доведување, но очигледно е дека сумата која се споменува е далеку повисока од онаа што Баерн е подготвен да ја плати.

Треба да се нагласи исто така дека ова е прва понуда на Челзи. Се очекува да се вратат на адреса на Јувентус со нова понуда за ѕвездата која беше одлична во дресот на Италија на ЕУРО.


Ливерпул не го откупи Озан Кабак од Шалке 04

Англиски Ливерпул ја одби понудата на германски Шалке за купување на 21-годишниот централен дефанзивец Озан Кабак. Кабак ја помина втората половина на минатата сезона на позајмица кај Ливерпул, но „црвените“ не сакаа да го откупат неговиот договор.

Сумата з акоја Шалке е подготвен да го продаде турскиот дефанзивец е само 10 милиони евра.


Рашфорд во „аут“ до ноември

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд би можел да отсуствува до крајот на октомври, бидејќи ќе биде опериран на рамото, објавија британските медиуми.

Според Би-Би-Си, Рашфорд бил подложен на прегледи во вторникот, а тој чувствувал проблеми со рамото уште од втората половина на минатата сезона.

Се проценува дека повредата е таква што Рашфорд нема да се опорави само со одмор, а Јунајтед се надеваше дека напаѓачот веднаш ќе биде опериран.

Сепак, хирургот кој треба да ја изврши операцијата е слободен дури на крајот на јули.

Се проценува дека Рашфорд може да отсуствува 12 недели.

Тоа би бил голем проблем за тренерот на Јунајтед, Оле Гунар Солскјер на почетокот на новата сезона.

Рашфорд минатата сезона одигра 37 натпревари во Премиер лигата и постигна 11 голови.


УЕФА ја казни ФФМ за прекршување на ковид-кодексот во Амстердам

Европската фудбалска федерација ја казни фудбалската федерација на Македонија со 10.000 евра поради прекршување на корона протоколите за време на континеталниот собир.

УЕФА не објави информации зошто е изречена казната туку наведува дека имало „лошо однесување и потенцијално кршење на кодексот“. ФФМ доби рок од 90 дена за да ја плати казната.

Нашите фудбалери во дебитантскиот настап забележаа три пораз од Австрија, Украина и Холандија. Мечевите ги одигравме во Букурешт и Амстердам.


Алиоски се договори за премин во Галатасарај

Турските медиуми обелоденија дека нашиот фудбалски интернационалец, Езџан Алиоски, кариерата ќе ја продолжи во Галатасарај.

Според наведеното, трансферот ќе биде реализиран во наредните денови. За Алиоски беа заинтересирани уште неколку екипи од различни земји, но, најверојатно македонскиот репрезентативец успеа да најде заеднички јазик со турскиот гигант.

Популарниот Џани кој во текот на летото ја заврши соработката со Лидс, за англискиот тим одигра 162 меча со ефект од 22 гола и 16 асистенции.


УЕФА и судиите не ја признаваат грешката при пеналот над Стерлинг

Пол Ван Бокел, судијата кој беше главен во ВАР собата, кога Дани Макели досуди пенал за Англија против Данска, им ја објаснил целата ситуација на холандските медиуми.

Мекели, во 104.минута, покажа на белата точка, откако Рахим Стерлинг падна пред голот на Данска. За многумина пеналот е контроверзен, стручњаците сметаат дека Макели не требало да досуди најстрога казна.

Кејн, го изведе пеналот, Шмјхел го одбрани неговиот удар, но одбиената топка се врати кај англискиот напаѓач, кој потоа ја проследи во голот.

„Се прашувам што ќе се случеше доколку интервенирам. Ги прифаќам критиките, но не оние кои се упатени само кон мене. Грешката на Макели не беше очигледна, не можев ништо да направам. Од еден агол на камерата, видов дека имаше контакт. Мислам дека пеналот е престрого досуден, но во таква ситуација морам да ја поддржам одлуката на судијата. Таков е ВАР протоколот“, рекол Ван Бокел.

Англија не успеа да го освои трофејот на ЕП, откако на „Вембли“, во финалето изгуби од Италија.