feature

Барселона и Тотенхем ќе играат на Гампер Купот

Шпанскиот фудбалски шампион Барселона ќе се соочи со премиерлигашот Тотенхем Хотспур во дуел за Гампер Купот на 8 август.

Поради реконструкција на стадионот на Каталонците „Камп ноу“, натпреварот ќе се одигра на Олимпискиот стадион „Луис Компанс“ исто така во Барселона.

Ова ќе биде завршниот натпревар од претсезоната на каталонскиот клуб во пресрет на гостувањето кај Хетафе од првото коло на Ла Лига, кое ќе се одржи на 13 август.


Ал Наср го носи и Мане во Саудиска Арабија

Садио Мане кариерата ја продолжува во Саудиска Арабија и тоа во 

клубот Ал Наср, кој неодамна доби забрана за трансфери од ФИФА.

Клубот во кој настапува и Кристијано Роналдо, ќе упати вербална нота, односно молба до ФИФА за барем овој трансфер период да им биде слободен, за да може да ја подготват добро екипата за идните неколку трансфери периоди во кои ќе бидат блокирани.

Но постои и опција доколку Ал Наср им исплати 460.000 евра на Лестер, казната може да биде редуцирана.

Преговорите помеѓу Сенегалецот и саудисиот клуб одат во добар правец и наводно веќе се договорени конкретни бројки во овој договор. Мане наскоро треба да биде официјализиран во новиот клуб.


Павар заминува од Баерн летово, Сити најсериозен кандидат за неогивот потпис

Бенџамин Павард сака да го напушти Баерн во летниот трансфер период.

24-годишниот Французин има договор со Баерн до 2024 година, но одби да го продолжи договорот, па најверојатно ќе ја промени средината ова лето.

Интерес за Французинот покажуваат неколку европски клубови, а фаворит е Манчестер Сити, кој веќе почнал преговори со агентот.

После заминувањето на Вокер, Гвардиола го сака Павард како идеално засилување за десната бековска позиција.


Грците најавуваат: Партизан ќе го доведе Никола Миротиќ!

Според најавите грчкиот новинар Сотирис Бетакис кој важи за добро упатен со случувањата во кошарката, Миротиќ ја прифатил понудата од Партизан која не се одбива.

Бетакис во грчкиот портал „СДНА“ тврди дека Миротиќ ја прифатил понудата која му ја соопштил лично тренерот Жељко Обрадовиќ.

Дефинитивно Миротиќ е еден од најбараните кошаркари во Европа откако неодамна ја заврши комплицираната процедура за раскинувањето на договорот со Барселона. Нема сомневање дека би бил огромно засилување за црно-белите кои во изминатата сезона ја освоија АБА-лигата и играа четвртфинале во Евролигата.

Информацијата на Бетакис има повеќе смисла ако се земе предвид објавата на шпанските медиуми неодамна дека Кевин Пантер прифатил нов договор, токму затоа што знаел дека Миротиќ му биде соиграч во новата сезона.


Мбапе ќе почека до јануари за да се пресели во Мадрид?

Килијан Мбапе го вклучи алармот во Париз, откако реши да не потпише нов договор со ПСЖ до јуни 2025 година.

Мбапе и ПСЖ не се во најдобри односи и затоа клубот сака да го продаде уште во текот на летото, но Французинот не сака да се откаже од идејата да го добие бонусот од 90 милиони евра за лојалност, плус 60 милиони за плата.

„Релево“ објави дека „кралевите“ се подготвени да испртат понуда, а најверојатно постои опција Мбапе да се пресели во Реал во текот на зимскиот преоден рок.

Мбапе би го добил бонусот за лојалност, додека ПСЖ ќе добие одредена сума за трансфер, а Реал ќе го добие фудбалерот кој го посакува со години.


Вокер на пат кон Минхен, ќе потпише двегодишен договор со Баерн

Дефанзивецот на Манчестер Сити, Кајл Вокер е блиску до трансфер во Баерн Минхен, тврди новинарот Флоријан Плетенберг.

Според изворот, 33-годишниот Англичанец се согласил да се пресели во редовите на германскиот првак. Договорот ќе важи до летото 2025 година со можност за продолжување на уште една сезона.

Вокер минатата сезона забележа 39 настапи за тимот во сите натпреварувања, постигнувајќи 1 асистенција. За „Граѓаните“ играше од 2017 година.


Каиседо пред потпис со Челзи

Челзи е фаворит за потписот на еден од најбараните фудбалери на Островот, Моисес Каиседо од Брајтон.

Арсенал во зимскиот преоден рок имаше неколку обиди да го ангажира Еквадорецот, но Брајтон одби да го продаде. Сега Челзи е клубот кој е најблиску до неговиот потпис и „сините“ сакаат во наредните денови да го комплетираат трасферот.

После продажбата на Меусон Маунт во Манчестер Јунајтед сега Челзи е спремен да ја плати  сумата од 80 милиони фунти која ја бара Брајтон.

Каиседо е примарна трасфер желба на Покетино, а самиот фудбалер дал зелено светло за трансферот.


Де Кателаре ставен на трансфер листа во Милан

Чарлс де Кетеларе минатото лето пристигна во Милан како големо засилување, но не ги оправда очекувањата. Милан за неговиот потпис плати 35 милиони евра, а Де Кетеларе важеше за еден од најголемите белгиски таленти. Белгиецот воопшто не се вклопи во Серија А и ја грееше клупата за резерви, па Милан е спремен да го продаде ова лето, а интерес за него покажуваат Астон Вила и Њукасл.

Премиерлигашите испратиле понуди од 25 милиони евра, но Милан за неговата продажба сака да добие 30 милиони евра.

Сепак, преговорите продолжуваат и се очекува во наредните денови клубовите да дојдат до договор и Де Кетеларе да се пресели во Премиер лигата.


Нани се врати во Турција и потпиша за Адана Демирспор

Португалскиот офанзивен фудбалер и некогашен репрезентативец, Нани потпиша договор со турскиот клуб Адана Демирспор, објави официјалниот сајт на клубот.

Договорот со 36-годишниот Португалец е потпишан на една плус една година.

Минатата сезона Нани настапуваше за австралискиот Мелбурн Виктори, каде имаше 10 натпревари и две асистенции. Оваа година тој реши да се врати во Европа и доби понуда од Турција која веднаш ја прифати.


Чачо Родригез го продолжи договорот со Реал

Серхио Родригез го продолжи договорот со Реал (М) до 30 јуни 2024 година. Реал денеска објави дека кошаркарот кој со Реал освои 14 трофеи ќе го носи дресот и следната сезона.

Искусниот Родригез со шпанската репрезентација има одиграно 154 меча и има освоено 7 медали: 2 златни (Светски куп 2006 и Европски 2015), 2 сребрени (Олимписки игри 2012 и Европски 2007) и 3 бронзени (Европски од 2013 и 2017 година и Олимписки игри од 2016 година).

Родригез ќе ја одигра својата осма сезона во дресот на „кралевите“.