feature

Ливерпул го гледа Родриго како замена за Салах

Ливерпул покажува активен интерес за 23-годишниот крилен напаѓач на Реал Мадрид, Родриго , во кој раководството на „црвените“ гледаат долгорочна замена за 31-годишниот крилен напаѓач Мохамед Салах. Ова го објави „Мундо Депортиво“.

Според изворот, Реал Мадрид бараат за бразилскиот фудбалер сума која се движи од 100 до 120 милиони евра. За возврат Ливерпул е подготвен да понуди 80 милиони евра, што не му одговара на мадридскиот клуб.

Се нагласува дека постои можност Салах претстојното лето да се пресели во клуб од Саудиска Арабија. Во исто време, позицијата на Родриго во Реал Мадрид може значително да ослаби откако Килијан Мбапе ќе се приклучи на Реал Мадрид, што исто така е многу веројатно да се случи во летото 2024 година.

Да потсетиме, оваа сезона Родриго учествуваше на 41 натпревар на сите турнири, на кои постигна 13 гола и осум асистенции. Актуелниот договор на играчот со клубот трае до летото 2028 година, а пазарната вредност на фудбалерот е 100 милиони евра.


Тренерот на Барса ќе ја води Јапонија на Олимписките игри во Париз

Актуелниот тренер на Барсеона, Антонио Ортега, најверојатно ќе биде замената за Дагур Сигурдсон на клупата на Јапонија.

Според пишувањата на „Esports RAC1“, Ортега би требало да ја води селекцијата на Јапонија, но само на Олимписките игри.

Договорот би бил краткорочен, а потоа раководството на јапонската федерација ќе бара трајно решение за клупата на „самураите“


Ембид спремен да се врати на терените за плеј-офот

Џоел Ембид на 30 јануари против Голден Стејт го повреди менискусот на коленото, а постоеа шанси да го пропушти остатокот од сезоната.

Најдобриот играч нза 76ерси беше опериран на шести февруари, а според најавите од Соединетите Американски Држави, би можел многу порано од планираното да се врати во тимот.

Овие информации ги потврди и тренерот Ник Нурс, кој само кратко ја прокоментира ситуацијата околу повредата на најдобриот играч.

Филаделфија без Ембид го загуби фаворитскиот статус во лигата, меѓутоа доколку тој успее да се врати пред почетокот на плеј-офот, може да направи разлика.


Франција бара полициска и воена помош за да се осигури безбедноста на Олимпијадата

Франција соопшти дека упатила барање до многу земји да испратат повеќе од 2.000 полицајци за да помогнат во обезбедувањето на Олимпијадата во Париз ова лето. Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека барањето за странска безбедносна помош е поднесено во јануари, за распоредување на 2.185 полицајци.

Се бара од полициските службеници да помогнат во осигурување на безбедноста на Игрите и зајакнување на меѓународната соработка, соопшти Министерството.

Ова е класичен пристап на земјите домаќини за организација на големи меѓународни настани, додаваат од Министерството.

Така Французите испратија 200 жандарми на Светското првенство во Катар во 2022 година. Франција, исто така, минатата година беше домаќин на припадниците на европските безбедносни сили на Светското првенство во рагби.


Литванецот Јокубаитис заминува од Барселона

Рокас Јокубаитис ќе ја напушти Барселона на крајот од оваа сезона.

Репрезентативецот на Литванија најави дека ќе игра во Летната лига во Соединетите Американски Држави и ќе се обиде да избори договор со некоја НБА франшиза.

Доколку тоа не се случи, Жалгирис е првиот фаворит за неговиот потпис. Јокубаитис во пред четири години токму од Жалгирис се пресели во Барселона.


Нејмар летово се враќа во Барселона?

Медиумите од Шпанија пишуваат за враќање на Нејмар во Барселона, напаѓачот е во постојан контакт со претседателот Жоан Лапорта и зделката може да се реализира летото во 2025 година.

Нејмар би можел повторно да го облече дресот на Барселона, тој е во постојан контакт со Жоан Лапорта и изразил желба да се врати на Камп Ноу.

Еден ваков трансфер би требало да се случи летото во 2025 година, кога ќе заврши соработката на Бразилецот со Ал Хилал.

Неколку работи се во полза на една ваква зделка, неговиот син Дави Лука и понатаму живее во Барселона со својата мајка, парите нема да бидат проблем откако Нејмар ќе заработи богатство во Саудиска Арабија, а во Барса, напаѓачот ќе ги има сите услови за да влезе во топ форма пред мундијалот во САД во 2026 година.

Но прашање е дали Нејмар со 33 години и склонос на повреди ќе биде правиот избор за проектот на „каталонците“.

Бразилецот во моментов се опоравува од тешка повреда на коленото, поради која сезоната предвреме му заврши уште во октомври месец.


Терзиќ ќе остане на клупата на Борусија Дортмунд?

Тренерот на Борусија Дортмунд, Един Терзиќ, може да ја задржи функцијата на крајот од сезоната, пренесува „Билд“.

Според овој извор, доколку германскиот тим не се пласира меѓу најдобрите четири во првенството, тогаш раководството ќе ја разгледа опцијата за отказ на Терзиќ. Иднината на Терзиќ е под влијание на резултатот од двомечот со Атлетико Мадрид во четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Претходно беше објавено дека раководството на Борусија Дортмунд е незадоволно од резултатите на тимот во тековната сезона во Бундеслигата.

Да потсетиме, Борусија Дортмунд по 26 кола во германското фудбалско првенство е на четвртото место со 50 бодови.


Помош од психолог ми ја спаси кариерата

Бразилскиот напаѓач Ричарлисон откри дека имал психолошки проблеми и дека во еден момент сакал да стави крај на кариерата.
Ричарлисон како скапо засилување пристигна во Тотенхем, но беше
мета на многу критики поради слабите партии, па му била потребна
психолошка помош откако беше снимен како плаче на клупата за
резерви на натпреварот на Бразил против Боливија.
„Само што играв на Светското првенство, можеби го достигнав врвот.
Не знам, нема да зборувам за самоубиство, но таму бев депресивен и
сакав да се откажам. Дури и јас, кој изгледав ментално силен. По
Светското првенство се чинеше дека сѐ ми се распадна. После тоа,
кога се вратив во клубот, пред да дојдам на тренинг, веќе сакав да си
одам дома. Само сакав да се вратам во мојата соба бидејќи не знам
што ми се вртеше низ главата“.
„Мислам дека терапевтот, сакал некому да му признам или не, ме
спаси. Ми го спаси животот. Пред да помислам дека тоа е глупост…
По ова искуство, советувам секој што чувствува нека му треба
психолог, нека го побара затоа што е убаво да се отвориш и да
разговараш со таа личност“, откри Ричарлисон.


Жоржињо преговара за нов договор со Арсенал

Агентот на играчот од средниот ред на Арсенал и Италија, Жоржињо,
Жоао Сантош изјави дека се водат разговори со англискиот клуб
околу договорот на играчот од средниот ред роден во Бразил.
„Ќе разговараме со Арсенал за прашањето за договорот на мојот
клиент кој истекува во јуни. Ова е наш приоритет“, изјави Сантош за
Радио Спортива. „Арсенал има фантастичен состав и ќе видиме дали
ќе му треба Жоржињо следната сезона“.
Запрашан дали е можно враќање на фудбалерот во Италија, Жоао
Сантош рече: „Зошто да не? Можеби еден ден тоа ќе се случи“.
Жоржињо кој има 32 години минатата сезона го замени Челзи со
Арсенал.


Ливерпул ќе понуди 120 милиони за Флоријан Виртц

Младиот фудбалер на Баер Леверкузен Флоријан Виртц е голема
желба на Ливерпул, пишуваат англиските медиуми.
Виртц може да игра во средниот ред, но и како крилен напаѓач и е
еден од најбараните германски фудбалери. Младиот плејмејкер има
долгорочен договор во Леверкузен и најверојатно ќе чини цело
богатство, но Ливерпул нема да жали пари за да му ја исполни
желбата на Чаби Алонсо.
Имено, „црвените“ преговараат со Алонсо кого го сакаат за нов
тренер, а Шпанецот како услов поставил да му биде доведен Виртц.
Ливерпул е спремен да понуди 120 милиони евра за младиот
Германец, кој пак е спремен да го следи тренерот на „Енфилд“.