feature

Тотенхем му нуди на Модриќ да ја заврши кариерата во Лондон

Ѕвездата од средниот ред на Реал Мадрид, Лука Модриќ би можел да направи сензационално враќање во Тотенхем по истекот на неговиот договор со шпанскиот гигант.

Според весникот „Ел Национал“, Хрватот одбил две понуди од американската МЛС лига, но е подготвен сериозно да ја разгледа опцијата за враќање во северен Лондон.

Хрватот има договор со Реал до лето и сигурно ќе добие понуда за продолжување. Сепак, не е исклучено да избере да се пресели во Тотенхем, каде имаше успешен период меѓу 2008 и 2012 година.


Украина бара исфрлање на Иран од СП во Катар

Фудбалскиот сојуз на Украина официјално побара од ФИФА да го забрани учеството на репрезентацијата на Иран на претстојното Светско фудбалско првенство во Катар.

Како причина за барањето на Украина се наведуваат обвинувањата кон властите во Иран кои со своето однесување ја поддржуваат Русија во војната со Украина.

Украинците веруваат дека иранските власти доставуваат оружје на руската војска и на тој начин Иран ги прекршува членовите три и четири од Статутот на ФИФА. Тие членови се однесуваат на почитувањето на човековите права и борбата против дискриминацијата. Останува да се види одговорот на ФИФА. Иран во Катар ќе биде во група со Англија, САД и Велс.


Анчелоти се соочува со суспензија од четири натпревари

Шпанскиот фудбалски сојуз покрена истрага против тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, поради неговите коментари во врска со судењето на натпреварот од 12.коло во Ла Лига против Џирона.

Реал одигра само 1:1 со Џирона, а гостите до бод стигнаа во 80.минута преку реализиран пенал. Анчелоти после натпреварот изјави дека неговиот тим беше оштетен од судиските одлуки на дуелот и дека арбитрите измислија пенал против Реал.

Медиумите во Шпанија пренесуваат дека поради оваа изјава на Анчелоти му се заканува суспензија од два до четири натпревари. Конечната одлука ќе биде донесена до паузата за Светското првенство.


Буфон: Секако дека ПСЖ може да ја освои Лигата на шампионите

Пари Сен Жермен има тим за освојување на Лигата на шампионите, изјави италијанскиот голман Џанлуиџи Буфон, кој се потсети на својот краток престој во Париз како едно од „најубавите искуства и како фудбалер и како личност“.

Светскиот шампион од 2006 година на 44 години брани за Парма, во Серија Б и се уште не најавува пензија.

„Во последните седум-осум години, ПСЖ секогаш имаше тим кој може да ја освои Лигата на шампионите. Но, за да успеете во тоа, има детали кои понекогаш зависат и од среќата. Но, да, ПСЖ може да ја освои Лигата на шампионите. секоја година“, истакна Буфон.


Реал Мадрид нема да купува нови играчи во јануари

Карло Анчелоти нема некои големи планови за следниот преоден рок. Генерално, Реал Мадрид не носи премногу фудбалери во јануари, така ќе биде и во овој случај.

„Па, не размислуваме за преодниот рок во текот на зимата. Ова е тимот што ќе го имаме до крајот на сезоната. Нема да го менуваме“, одговори Италијанецот.

Анчелоти вели дека тимот ќе ги има на располагање Модриќ, Себаљос, Валверде, Маријано и Родриго.


Дани Алвеш тренира со вториот тим на Барса пред Мундијалот

Фудбалерот на мексиканскиот клуб УНАМ Пумас, Дани Алвеш тренира со младинскиот тим на Барселона за одржување на формата.     

Според прес-службата на каталонскиот клуб, 39-годишниот се надева дека ќе биде вклучен во репрезентацијата на Бразил за претстојното Светско првенство во 2022 година. 

Алвеш ја заврши сезоната во мексиканската лига на 1 октомври, па треба да се одржува во форма пред почетокот на Мундијалот. Светското првенство во Катар ќе се одржи од 20 ноември до 18 декември.


Одржан SPARTAN RACE тим билдингот во Струга

Во саботата на 29.10.2022 во Струга се одржа уште еден успешен тим билдинг кој го реализираа спортските обложувалници Евротип, Голд Слот клубовите, СН финансиско друштво, ЈК Травел, P2P, како и домаќинот Интернационален Универзитет Струга, под името SPARTAN RACE 2022.

Тим билдингот беше од натпреварувачки карактер каде тимовите се надигруваа во физички и ментални вештини во универзитетскиот двор во Струга.

На тим билдингот зедоа учество 19 екипи каде преовладуваше натпреварувачкиот дух, а дружењето и забавата беа главниот акцент на настанот.

Најдобрите беа наградени од покровителите на настанот, а тоа беа:

  1. Томасова Банда
  2. СН Фит
  3. KS77 Warriors

Настанот заврши со дружба на ручек покрај езеро каде тимовите ги собираа своите впечатоци и се договараа веќе за нареден тим билдинг.

Честитки за сите!
Наскоро, се гледаме повторно!


Лионел Меси води тајни преговори со Интер од Мајами

Англискиот портал Атлетик, пренесува дека фудбалерот на Париз Сен Жермен Лионел Меси тајно преговара за трансфер во Интер од Мајами.

Аргентинскиот фудбалер има договор со ПСЖ до крајот на сезоната, па во летниот период тој може да замине во друг клуб без обештетување. Самиот Меси неодамна изјави дека се уште нема донесено одлука во кој клуб ќе ја продолжи кариерата, но според информациите од Атлетик, поранешниот англиски репрезентативец Дејвид Бекам, кој е еден од сопствениците на Интер од Мајами е уверен дека може да го убеди Аргентинецот својата кариера да ја продолжи во МЛС лигата и во клубот од Мајами.

Одлуката на Меси околу својата иднина може да се очекува после завршетокот на Мундијалот во Катар.


Мурињо остана и без Спинацола во клучната недела во полусезоната

Италијанскиот дефанзивец, Леонардо Спинацола заврши со настапите за Рома за оваа година.

Следниот натпревар Спинацола ќе го игра во 2023 година и тој не е во комбинација за денешниот дуел со Верона. Спинацола заработил повреда на левиот квадрицепс за време на последниот тренинг пред дуелот со Верона.

Првичните информации од медицинскиот тим се дека тој ќе отсуствува најмалку 2-3 недели. Ова значи дека нема да може да и помогне на Рома во големото дерби со Лацио, како и во дуелте со Сасуоло и Торино. Исто така Мурињо ќе биде без него во Лигата на Европа против Лудогорец.

Тој ќе биде во составот на Рома за време на подготовките во текот на Светското првенство кои ќе се одвиваат во Јапонија. Освен Спинацола Мурињо не може да смета ниту на Матиќ, Дибала и Вајналдум.


Ледецки нова светска рекордерка на 1.500 метри слободно

Американската пливачка Кети Ледецки постави нов светски рекорд во кратки базени во дисциплината 1.500 метри слободен стил, испливувајќи ја патеката на ФИНА Светскиот куп во Торонто за речиси десет секунди побрзо од досегашното најдобро време кое беше во сопственост на Германката Сара Велброк.     

Ледецки, која во кариерата има освоено десет олимписки медали, ја исплива патеката во време од 15:08.24 минути, што беше за повеќе од 40 секунди побрзо од второпласираната Беатриз Дизоти од Бразил (15:48.82). 

„Ова беше прв пат да пливам во оваа дисциплина во кратки базени и не знаев што да очекувам“, изјави Ледецки, која е актуелна олимписка и светска првенка на долги патеки.