feature

Мбапе за три години во ПСЖ ќе заработи 630 милиони евра

Францускиот весник „Паризијен“ пренесува дека Фудбалерот на Париз Сен Жермен, Килијан Мбапе, до 2025.година од клубот ќе добие 630 милиони евра.

Според информациите кои ги пренесува весникот, челниците на ПСЖ пред пет месеци му понудиле на Мбапе тригодишен договор според кој фудбалерот ќе заработува 72 милиони евра по сезона. Според истите информации, Мбапе само за потпишување на договорот добил бонус од 180 милиони евра.

Ако Килијан Мбапе остане во редовите на ПСЖ, тогаш тој до јуни 2025.година со сите дополнителни бонуси ќе заработи најмалку 630 милиони евра.


Кике Сетиен седнува на клупата на Виљареал

Поранешниот тренер на Барселона, Енрике Кике Сетиен би можел да го замени Унаи Емери во Виљареал. Астон Вила денеска објави дека Емери ќе стане тренер на тимот.

Сетиен, кој не е менаџер откако ја напушти Барселона во 2020 година, веќе е во Валенсија, каде што ќе преговара за потпис со Виљареал, објави „Марка“.

Првично, раководството на „жолтата подморница“ размислуваше за кандидатурата на Марселино Торал, но поранешниот тренер на Атлетик Билбао ја чека одлуката на селекторот на шпанската репрезентација Луис Енрике за неговата иднина во националниот тим по претстојното Светското првенство во Катар.


Фримпонг е јануарска желба на Тен Хаг во Јунајтед

Ерик Тен Хаг е заинтересиран за дефанзивецот на Баер Леверкузен, Џереми Фримпонг.

Холанѓанецот сака да ја засили десната страна од одбраната и во јануари е спремен да испрати понуда за 21-годишниот Фримпонг.

Фримпонг пристигна во Леверкузен во јануари од Селтик за 11 милиони евра и има договор со „фармацевтите“ до 2025 година.

Интересно е што играчот е продукт на школата на Манчестер Сити, но не успеа да се наметне кај „граѓаните“, па беше продаден во 2019 година.


Рамос добива нов договор во ПСЖ

ПСЖ има намера да го продолжи договорот со дефанзивецот Серхио Рамос, пренесуват медиумите во Франција.

Според истите, Рамос успеал да се прилагоди и наметне во ПСЖ. Тој има одлични односи со главниот тренер Кристоф Галтие и добро влијание во соблекувалната на клубот. Во оваа насока, ПСЖ сака да го продолжи договорот со шпанскиот фудбалер.

Да потсетиме, Серхио Рамос се пресели во ПСЖ во летото 2021 година од Реал Мадрид. Неговиот договор со клубот е до 2023 година. Порталот Трансфермаркт ја проценува цената на овој играч на 6 милиони евра.

Рамос оваа сезона има девет настапи за ПСЖ во сите натпреварувања без постигнат гол. По дванаесет кола, ПСЖ е на чело на табелата во францускиот шампионат со 32 бодови.


Киеза спремен за кам-бек по долгата пауза

Федерико Киеза е блиску до враќање на натпреварувачкиот фудбал.

Италијанскиот репрезентативец и еден од најзаслужните за триумфот на „аѕурите“ на Европското првенство во 2021 година, Федерико Киеза, паузира од јануари годинава, кога заработи тешка повреда на предните вкрстени лигаменти на левата страна. коленото.

На проблемите на напаѓачот им дојде крајот, па 25-годишниот одигра едно полувреме во пријателскиот натпревар со помладите категории на „старата дами“ и постигна два гола.

Алегри нема веднаш ризикува со Киеза против Бенфика во Лигата на шампионите и Лече во Серија А идниот векенд, но Киеза сигурно се враќа во ноември.


Челзи во јануари ќе проба да го доведе Кристијано Роналдо

Англиските медиуми пренесуваат дека е можно фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо, својата кариера да ја продолжи во Челзи каде би се преселил веќе во јануарскиот преоден рок.

Роналдо пред неколку дена беше исфрлен од првата екипа на Манчестер Јунајтед, после скандалот од натпреварот со Тотенхем, кога Португалецот пред крајот на дуелот ја напушти клупата за резервни играчи и замина од теренот.

Според информациите, главниот човек во Челзи, Тод Боели, наводно има желба веќе во јануари да проба да го доведе Роналдо на Стенфорд Бриџ. Роналдо има договор со Јунајтед до крајот на сезоната, но големи се шансите фудбалерот да биде продаден во следниот трансфер период.


Емери ќе заработува седум милиони годишно во Астон Вила

Унаи Емери официјално ќе го води тимот на Астон Вила, а доби импресивен договор во новиот клуб, објави авторитетниот италијански новинар Фабрицио Романо на Твитер.

Според информациите кои ги објави Романо, платата на Унаи Емери ќе биде седум милиони евра годишно. Во исто време неговиот поранешен клуб Виљареал ќе добие отштета за заминувањето на тренерот во износ од шест милиони евра.

Унаи ќе почне да работи во англискиот клуб од 1 ноември, кога ќе бидат завршени сите формалности за добивање работна дозвола во Англија.

Емери досега беше тренер на шпанскиот Виљареал. Со клубот ја освои Лигата на Европа во сезоната 2021/22.


Милан му нуди договор до 2024 година на Стефано Пиоли

Раководството на Милан има намера да го продолжи договорот со главниот тренер Стефано Пиоли, тврди новинарот Николо Шира.    

Според Шира, миланскиот клуб на 57-годишниот Италијанец му нуди договор до 2024 година со можност за продолжување на уште една сезона. Пиоли е на чело на Милан од октомври 2019 година. Под негово водство тимот стана шампион на Италија во 2021/22 година.


Сити спремен да испрати понуда за Кварацхелија

Квича Кварацхелија игра одлично во дресот на Наполи, па Пеп Гвардиола и сака да го доведе во Манчестер Сити.

Кварацхелија веќе на првите натпревари во дресот на Наполи го воодушеви фудбалскиот свет и покажа дека може да биде нова голема фудбалска ѕвезда.

Наполи за неговиот потпис плати 10 милиони евра, а сега неговата цена вртоглаво порасна.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Гвардиола нема да жали пари за да го довесе на „Етихад“ и е спремен да понуди 75 милиони евра за неговиот потпис.


Гери Невил: Ова со Роналдо мора да заврши што поскоро

Манчестер Јунајтед освои четири бода на последните два натпревари во Премиер лигата против Тотенхем и Челзи, два натпревари на кои најголемата ѕвезда во екипата Кристијано Роналдо не одигра ниту една минута.

На средбата со „петлите“ тој дури одби да влезе во игра и предвреме замина во соблекувалната по што беше санкциониран од клубот. менаџерот Тен Хаг кој реши да го отстрани од првата екипа и да не биде во комбинација за средбата со „сините“,

„Завршето го оваа недела или создадете примирје до Светското првенство и потоа прекинете го. Ова мора да заврши“, истакна Гери Невил.