feature

Мбапе никогаш немал голгетерски послаб старт на сезоната

Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе е во својата најлоша
серија без голови во последните пет сезони.
Францускиот напаѓач нема постигнато гол на четири натпревари по
ред на ПСЖ. Ова е најлошата серија на Килијан Мбапе од пролетта
2018 година. Тогаш Мбапе не постигна гол на пет натпревари по ред.
По осум кола, ПСЖ е на третото место на табелата во францускиот
шампионат со 15 бодови. Тимот заостанува два бода зад водечкиот
Монако. Во следното коло ПСЖ ќе се сретне со Стразбур.
Натпреварот ќе се одигра на 21 октомври.
Оваа сезона Килијан Мбапе учествуваше на девет натпревари во сите
натпреварувања, на кои постигна осум гола.


Аугсбург го отпушти тренерот Маасен

Германскиот клуб Аугсбург објави раскин на договорот со тренерот
на тимот Енрико Маасен.
„По првите седум натпревари и поразот на домашен терен од
Дармштад, одвоивме време да ја оцениме моменталната спортска
ситуација и развојот на нашиот тим. По отворените разговори со
Енрико Маасен, сметаме дека треба да го смениме главниот тренер. И
покрај сета нивна решителност и напорна работа, Енрико и тимот не
можеа да го променат трендот и да постигнат успех на теренот“,
изјави спортскиот директор Маринко Јурендиќ за официјалната веб-
страницата на клубот.
„Нормално, разочаран сум од оваа одлука, бидејќи сум убеден дека
заедно можеме да ја промениме ситуацијата. Благодарен сум на
Аугсбург и на управата на клубот што ми ја дадоа можноста да бидам
тренер во Бундеслигата. На клубот му посакувам се најдобро во
иднина и се надевам дека темелите што ги поставивме заедно ќе
помогнат да постигнат успех“, рече Маасен.


Артета ги победи сите тимови во Премиер лигата

Тренерот на Арсенал, Микел Артета за првпат во кариерата го победи
Манчестер Сити во англиското првенство и благодарение на овој
резултат се запиша во листата на тренери кои ги победиле сите
премиерлигаши со кои играл неговиот тим.
Според прес-службата на Премиер лигата на социјалните мрежи,
Артета победи вкупно 24 противници во лигата. Рекордер за овој
индикатор е поранешниот тренер на Арсенал, Арсен Венгер – тој и
неговите „топчии“ го победија секој од 46-те тимови. Вториот според
овој показател е поранешниот тренер на Манчестер Јунајтед, Алекс
Фергусон – 44 победени противници.
Да потсетиме, Арсенал го победи Манчестер Сити 1-0, а единствениот гол беше постигнат во 86. Минута од страна на Габриел
Мартинели.


Лунин се повреди, Ребров повика нов голман за дуелот со Македонија

Голманот на Шахтјор Доњецк, Дмитро Ризник ќе биде замена за повредениот Андреј Лунин во составот на репрезентацијата на Украина за мечот со Македонија. Ризник доби дополнителен повик од селекторот на украинската репрезентација, Ребров заедно до дефанзивецот на Днипро, Александар Сватко, кој од викендов е приклучен на репрезентацијата.

Украина викендов ги започна подготовките во Прага, каде ќе ја пречека и Македонија в сабота од 15:00 часот.


Влаховиќ нема да настапи за Србија против Унгарија и Црна Гора

Душан Влаховиќ ќе ја прескокне следната репрезентативна акција, пренесуваат денеска италијанските медиуми.

„Газета дело Спорт“ пишува дека 23-годишниот напаѓач на Јувентус нема да може да одговори на повикот на селекторот Драган Стојковиќ-Пикси поради повреда и болки во грбот.

Како што стојат работите, Влаховиќ нема да игра против Унгарија во Будимпешта во сабота, ниту со Црна Гора во Белград во вторник.

Стојковиќ сега ќе ги имаат на располагање само Александар Митровиќ и Петр Ратков како напаѓачи за следните две средби, доколку не повика некое ново име.


Макаби како домаќин ќе игра во Кипар додека трае воениот конфликт

Израелскиот кошаркарски клуб Макаби најави дека во текот на денот ќе ги евакуира сите странски кошаркари на Кипар, а вечерва или утре ќе им се придружи и остатокот од тимот и стручниот штаб.

Челниците на Макаби се решија на овој чекор за безбедноста на тимот, бидејќи од саботата во Израел трае конфликтот со палестинската милитантна група Хамас.

Евролигата вчера соопшти дека е одложен натпреварот Олимпија – Макаби кој беше планиран за оваа недела. Вчера, Макаби доби официјална понуда од претседателот на Партизан од Белград, Остоја Мијаиловиќ , тимот да остане и да игра во Белград додека трае војната, но челниците на гордоста на Израел се одлучија за Кипар.


Симеоне добива нов договор на „Ванда Метрополитано“

Диего Симеоне и во иднина ќе го води шпанскиот прволигаш Атлетико Мадрид.

Популарниот Чоло веќе 12 години е на клупата на популарните „душекџии“, период во кој на клубот му донесе две титули во Примера, две во Лига Европа и Супер Купот на УЕФА, но и пехари во Копа Дел Реј и Супер Купот на Шпанија.

Низ годините имаше и шпекулации за неговата иднина, можноста да си замине од сегашното место, ама тоа сценарио не се реализираше и нема да се реализира и во блиска иднина со оглед на тоа што Симеоне договорил продолжеување на соработката.

Двете страни се разбрале, ги договориле сите детали и останува само официјална потврда според која Симеоне ќе биде дел од Атлетико до 2027 година.


Дончиќ нема дилеми кој е најдобриот кошаркар на сите времиња

Лука Дончиќ се подготвува за новата сезона во НБА лигата каде одново ќе биде лидер на Далас Маверикс, поточно најголемиот товар одново ќе биде врз него во обидот клубот од Тексас да направи значаен резултат.

Во тек се контролните натпревари, играчите имаат и соочувања со медиумите, а при едно од нив Словенецот доби занимливо прашање, прашање кое постојано е актуелно, а тоа е кој е најдобриот кошаркар на сите времиња.

Лука кратко размисли и го издвои името на Мајкл Џордан што за дел од јавноста е изненадување затоа што сметаа дека може ќе се реши за некој од оваа генерација, пред се Леброн Џејмс со кого има добар однос.


Дибала пак се повреди, Мурињо стравува од подолга пауза

Жозе Мурињо ги замолкна шпекулациите за негово заминување од Рома по победата која ја оствари неговиот тим на гостувањето во Калјари, кое сепак не беше целосно добро за клубот од италијанската престолнина.

Рома успеа да оствари победа од 1-4 во меч во кој два гола постигна Ромелу Лукаку, но на кој лоша вест беше повредата на аргентинскиот фудбалски мајстор, Пауло Дибала.

Пауло имаше еден жесток судир со противнички фудбалер и веднаш алармираше со своите болни гримаси, а загрижувачка изјава по натпреварот даде и искусниот Мурињо.

Дибала го напушти теренот со солзи во очите, па бидејќи се работи за повреда на коленото, првите импресии не се воопшто оптимистички.

„Јас ги слушам моите играчи. Пауло не е оптимист за повредата и затоа и јас не сум оптимист. Мора да почекаме неколку дена додека да бидат направени резултати, но јас верувам на искуството кое го имаат моите фудбалери. Тој добро си го познава телото, Пауло не е оптимист, па не можам да бидам и јас. Медицинските лица се огласуваат само откако ќе бидат направени сите тестови“, изјави Мурињо.


Мендилибар заработи отказ во Севиља

Севиља му ја врачи оставката на тренерот Хозе Луис Мендилибар по
серијата лоши резултати сезонава.
„По состанокот на Управниот одбор на клубот, Севиља одлучи да го
ослободи Хозе Луис Мендилибар од должноста главен тренер на
клубот“, соопштија од клубот од Андалузија.
„Клубот сака да му се заблагодари на тренерот за неговите услуги,
чија улога ќе остане во историјата на клубот по освојувањето на Лига
Европа во Будимпешта“, се додава во соопштението за медиумите на
Севиља.
Мендилибар ја предводеше Севиља во 28 официјални натпревари,
постигнувајќи 10 победи, 11 нерешени и седум порази, а клубот ја
освои и Лигата на Европа.
Севиља моментално се наоѓа на 14. место во Примера со само две
победи во осум кола, додека во групата Б од Лигата на шампионите
забележа две нерешени средби.