feature

Надал го потврди учеството во Синсинати

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал на Инстаграм објави дека им се враќа на натпреварите после повредата, и тоа на турнирот во Синсинати, кој се одржува следната недела.

После освојувањето на овогодинешниот Ролан Гарос, Надал поради повреда мораше да го предаде полуфиналниот натпревар на Вимблдон, и оттогаш нема учество на тениски турнири.

Надал кој повеќе од една година има проблеми со повреди, турнирот во Синсинати ќе му биде припрема за настап на УС Опен.


НБА ја повлекува „шестката“ во чест на Бил Расел

Кошаркарите во најсилната лига на светот НБА, во иднина нема повеќе да можат да настапуваат во дрес со број шест, бидејќи раководството на лигата одлучи да го повлече тој број во чест на неодамна починатиот Бил Расел.

Легендарниот Расел е еден од најдобрите кошаркари во историјата. Тој со тимот на Бостон Селтикс во периодот од 1956 до 1969 година освои 11 титули.

Од НБА соопштуваат и дека играчите кои во моментот носат дрес со број шест, меѓу кои се Леброн Џејмс и Кристоф Порзингис нема да мораат да го менуваат бројот.


Тодор Тодоровски претставен во Азербејџан

Десниот бек на македонската фудбалска репрезентација Тодор Тодоровски е нов фудбалер на Сумгаит од Азарбејџан.

23-годишниот Тодоровски летово се раздели со Серед и беше во потрага по нов клуб. Имаше неколку понуди од други клубови, но на крајот се реши да продолжи во првенството на Азербејџан.

Сумгаит и е познат на македонската јавност од двомечот со Шкендија во евроквалификациите во 2020 година, станува збор за еден од најдобрите клубови во Азербејџан. Во кариерата Тодоровски го носеше дресот на: Раднички Ниш, Осијек (втор тим), Шибеник, Вардар, Металург, Кожуф и 11-ти Октомври.


Харви Елиот во Ливерпул до 2027 година

Англискиот фудбалер Харви Елиот го продолжи договорот со Ливерпул до летото 2027 година, потврдуваат од клубот.

19-годишниот Елиот во Ливерпул пристигна во 2019 година од Фулам, а еден период настапуваше како позајмен играч на Ливерпул во Блекбурн.

Младиот играч од средината на теренот ги помина сите младински категории во англиската репрезентација.


Вајлдер се враќа во рингот, ќе се бори против Роберт Хелениус

Поранешниот боксерски шампион во тешка категорија на ВБЦ, Дионтеј Вајлдер, ќе се бори со Финецот, Роберт Хелениус на 15 октомври во Њујорк, САД.

Тој нема меч од октомври, кога во третата борба против Тајсон Фјури загуби со нокаут во 11. рунда.

„Бронзениот бомбардер“ има има 42 победи од кои 41со нокаут. Неговиот противник, Хелениус, има 31 победа и три поразa.


Анчелоти: Бензема е најдобар на светот и ја заслужува Златната топка

Карло Анчелоти,тренерот на екипата на Реал Мадрид која го освои Суперкупот на Европа после победата над Ајнтрахт од Франкфурт со 2:0, тврди дека Карим Бензема ја заслужува наградата „Златна топка“.

„Бензема во моментот е најдобар фудбалер на светот, имаше сјајна измината сезона, а во оваа веќе чекори кон Златната топка. Головите на Карим не доведоа до овај натпревар. Неговите голови против Манчестер Сити, Челзи и ПСЖ ни овозможија да играме и да славиме во големото финале со Ливерпул“, изјави Анчелоти после победата над Ајнтрахт во Суперкупот.


Халилхоџиќ сменет од селекторската функција во Мароко

Фудбалскиот сојуз на Мароко соопшти дека Вахид Халилхоџиќ не е повеќе селектор на репрезентацијата.

Како што се наведува во соопштението, договорот со селекторот е раскинат поради несогласувањата околу начинот на кој се одвиваат подготовките за Мундијалот во Катар, и фактот дека Халилхоџиќ одбил да го врати во тимот фудбалерот на Челзи Хаким Зијеш.

За Халилхоџиќ ова ќе биде трет пат во кариерата да добие отказ од селекторското место на репрезентација што успева да ја пласира на Светско Првенство. Ова веќе му се случи во 2010 со Брегот на Слоновата Коска и 2018 со Јапонија.


Лукаку: Луѓето за една година ги заборавија сите добри работи од претходно

Ромелу Лукаку зборуваше за тешката мината сезона во Челзи и неговото враќање во Интер.

„Сезоната во Челси ми даде дополнителна мотивација да се справам уште подобро од порано. Мислам дека за една година сите заборавија на работите за кои сум способен на теренот. Тоа е вид на гнев што го имам во себе. Тимот исто така, откако не успеа да ја освои титулата минатата сезона. Сите заедно се надеваме дека ќе се справиме подобро и ќе земеме дома некој вид трофеј.

Што тргна наопаку во Челзи? Толку многу работи. Мислам дека кога си заминав пред една година сакав да се одмаздам ​во Челзи бидејќи кога бев млад тој беше мојот тим цели 11 години. Добив шанса да се вратам во Лондон и мислев дека ќе станам херој, но тоа не беше случај. Правам сметка само на крајот на сезоната. Така, по последниот натпревар размислував каква е мојата ситуација. Видов дека како играч на Интер добро се снајдов, а сезоната во Челзи беше тешка за мене. Затоа, не се сомневав кога донесов одлука да се вратам овде.


Русинот Миранчук се договори да премине во Торино

Фудбалерот од Русија, Алексеј Миранчук, денес треба да ги помине лекарските прегледи и да потпише за екипата на Торино.

Русинот на негово инсистирање ја напушти Аталанта за да може да добие поголема минутажа во нов тим. Офанзивниот играч за врска беше купен од Локомотив (Москва) во 2020 година.

Тој одигра 56 натпревари и постигна девет голови за екипата од Бергамо, но, немаше загарантирано место во првите единаесет.


Африканците ја започнаа својата Суперлига

Африканската фудбалска конфедерација (АФК) официјално ја започна во Аруша, Танзанија, својата Суперлига, затворено натпреварување во кое ќе учествуваат 24 клубови од 16 земји.

Првото издание на Суперлигата е предвидено да се одржи од август 2023 до мај 2024 година со награден фонд од 100 милиони долари.

„Африканската Суперлига е многу важна иницијатива. Едно од главните прашања во Африка е финансирањето. Нашата цел е африканскиот клупски фудбал да биде од светска класа и да се натпреварува со најдобрите во светот“, рече претседателот на АФК, Патрис Моцепе.

ФИФА го поддржа новото натпреварување, додека на почетокот на 2021 година се спротивстави на проект од ист тип во Европа, кој требаше да ги собере 12-те најголеми клубови во Европа.

„Суперлигата е возбудлив и уникатен проект и ние сме среќни да помогнеме и да го споделиме искуството што го акумулиравме“, изјави претседателот на ФИФА, Џани Инфатино.