feature

Рашфорд најави враќање на тренинзите по оперативниот зафат

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд, кој се опоравува од операцијата на рамото, објави на социјалните мрежи  дека наскоро може да му биде дозволено да започне со тренинзи.

Фудбалерот во претходната сезона одигра 57 средби во сите конкуренции со ефект од 21 гол и 15 асистенции.  Англискиот клуб во изминатата сезона  стигна до финалето на Лига Европа.

На крајот на јули беше објавено дека Англичанецот поради проблеми со рамото ќе пропушти околу три месеци од новата сезона.


Сите се сомневаа во него, а сега доби договор вреден 207 милиони долари

Лука Дончиќ во летото го продолжи договорот со Далас на уште пет години, во кои ќе заработи 207 милиони долари. Тоа е максимален износ кој во НБА лигата може да го добие играч со неговиот стаж.

Исто таков договор доби и младиот играч на Денвер, Мајкл Портер Џуниор, а разликата е „само“ во тоа што тој се уште не ги исполнил критериумите за бонуси, кои би го довеле договорот до тие 207 милиони.

Неговата основица е 172 милиони, а преостанатите 35 ќе ги добие ако во претстојната сезона, последна под стариот договор, биде избран на Ол-Стар натпреварот и во една од најдобрите три петорки на лигата.

Денвер веќе има максимални договори со Никола Јокиќ и Џамал Мареј, а Србинот идното лето ќе стекне право на супермакс договор, кој би требало да надмине 250 милиони долари.


Барса најде спас за кризата, компанија од Дубаи спремна да го покрие долгот

Компанијата од Дубаи, чие име не е објавено, е подготвена да го откупи долгот на каталонскиот гигант Барселона во износ од 1,5 милијарди евра 

Компанијата со седиште во Дубаи е подготвена да и понуди на Барселона мораториум најмалку две години. Така, долгот на фудбалскиот клуб сега ќе го платат бизнисмени од Дубаи, а Барселона ќе остане должна на оваа компанија, но во исто време ќе добие одложено плаќање. Оваа опција ќе му овозможи на клубот да се врати на нормалното работење и да се фокусира на спортските цели.

Оваа понуда е многу корисна за Барселона, бидејќи мораториумот може да се постави за период од 2 до 12 години. Во исто време, барањата на компанијата од Дубаи, која е подготвена да го откупи долгот на Барселона, се доста ниски.


Брахим Диаз не сака да се врати во Реал, туку да остане во Милан

Фудбалерот на Реал Мадрид, Брахим Диаз, кој игра како позајмен во екипата на Милан, изјави дека сака да остане во редовите на „росонерите“ со перманентен договор и дека нема желба да се врати во Шпанија.

„Милан е одличен клуб,  ја чувствувам поврзаноста на фановите. Имав одлични моменти во претходната година. Таквата ситуацијата продолжува и сега. Навистина сум среќен тука и сакам да останам“, рече Диаз.


Јуве во јануари ќе тргне по потписот на Паредес од ПСЖ

Макс Алегри сака да направи големи промени во средниот ред.

Приоритет на Алегри во летниот преоден рок беше засилување на средниот ред, каде пристигна само Локатели. Алегри бараше уште еден играч за врска, прва желба беше Пјаниќ, но трансферот не се реализираше.

Тренерот му порачал на раководството дека во јануари сака да му биде доведен уште еден играч за врска, а прва желба е Леандро Паредес од ПСЖ. ПСЖ е во потрага по квалитетен играч за врска, па Паредес може да биде продаден во зимскиот преоден рок.


Пешиќ промовиран како српски селектор на местото на Кокошков

Она што долго време се шпекулираше во медиумите денеска доби официјална потврда од кошаркарскиот сојуз на Србија. По неуспехот на домашен терен во Олимписките квалификации, и новиот ангажман во САД, Кокошков си замина од жешката селекторска клупа на Србија.

Пешиќ или популарниот карие се враќа на местотона успехот, на клупата на селекцијата на Србија со која во минатото освојувал многу медали.

Со сениорската репрезентација на Србија Пешиќ освои европско злато на првенството во Турција во 2001 година и светска круна со славниот тим од Индијанаполис во 2002 година.

Пешиќ има титули и со младинските селекции. Искусниот тренер е творец на шампионската генерација од далечната 1987 година, кога во Борнио со екипата во која играа Дивац, Кукоч, Раѓа, Ѓорѓевиќ, Алибеговиќ… стана младински светски шампион. Две години претходно има и златен медал од Европското прветсво со кошаркари до 16 години.


Скопско и тетовско дерби во осминафиналето на Купот

Денес во седиштето на Фудбалската федерација на Македонија беше извлечена ждрепката за осмина финалето на Купот на Македонија. Актуелниот шампион, Шкендија, на пат до вториот трофеј во домашниот фудбал, ќе ја пречека Ренова во големото дерби во Тетово. Средбата меѓу Вардар и Скопје ќе биде многу интересна, како и онаа помеѓу Академија Пандев и Македонија Ѓорче Петров, што е повторување на финалето од 2019 година. 

Осминафинале:

Шкендија – Ренова

Вардар – Скопје

Струга Трим Љум – Борец

Брегалница – Охрид

Беласица – Силекс

Пелистер – Работнички

Шкупи- Тиквеш


Неспортското однесување ќе му донесе казна на Николо Заниоло

Фудбалерот на Рома, Николо Заниоло играше кој имаше непримерна гестикулација кон фановите на Лацио на неделното дерби во Серија „А“, веројатно ќе заработи казна од италијанската федерација, наведуваат медиумите во Италија.

Тој во 77. минута додека заминуваше кон соблекувалната  се конфронтираше со навивачите на Лацио што беше видливо и на малите екрани.

Се претпоставува дека играчот на „волчицата“ ќе добие забрана за настап на неколку мечеви или евентуално праична казна. Не се исклучува можноста и за двете варијанти.


Киелини: ПСЖ изгледа како тим од плеј-стејшн

Џорџо Киелини го сподели своето мислење за ПСЖ. Пред стартот на оваа сезона, на ПСЖ му се приклучија Џанлуиџи Донарума, дефанзивците Серхио Рамос и Ашраф Хакими, играчот од средниот ред Жоржињо Вајналдум и напаѓачот Лионел Меси. Киелини призна дека парискиот клуб може да биде многу застрашувачки на теренот.

„ПСЖ наликува на тим од игра на плеј-стејшн. Непобедлив тим. Ако можат да ја создадат потребната хемија, на и надвор од теренот, доколку ги стават интересите на тимот над личните, невозможно е да се победат“, изјави Киелини за „Л’Екип“.

ПСЖ ја започна новата сезона со осум последователни победи во Лига 1. Парижаните, по осум одиграни кола, се пред својот најблизок ривал, Ленс, со девет бодови разлика. Во Лигата на шампионите, ПСЖ започна со нерешени 1-1 кај Клуб Бриж.


Поранешен фудбалер на Фенербахче и Бешикташ убил еден, а ранил четворица во Турција

Пензионираниот турски фудбалер Сезер Озтурк е уапсен пред осум дена откако во пукање со пиштол убил една личност, а ранил уште четворица, информираат турските медиуми.

Тие пренесуваат дека поранешниот фудбалер на Баер Леверкузен, Фенербахче и Бешикташ заедно со својот пријател два пати пукал на луѓето со кои дојде до инцидент во сообраќај.

Засега нема потврдени информации и детали, но медиумите наведуваат дека Озтурк веднаш по пукањето избегал од местото на случајот и беше уапсен подоцна.

Според пишувањата, најпрво дојде до физичка пресметка, а потоа фудбалерот заедно со својот пријател влегол во своето возило и пукал.