feature

Баерн Минхен во наредниот период ќе настапува без Лерој Сане

Германскиот фудбалски шампион Баерн Минхен  соопшти дека играчот Лерој Сане наредниот период ќе биде надвор од теренот поради заработената повреда на бутниот мускул.

Од Баерн наведуваат дека лекарските прегледи покажале дека Сане го скинал левиот бутен мускул за време на победата од 5:0 над Фрајбург.

Засега нема прецизни информации колкав период Сане ќе мора да паузира од настапи за минхенскиот клуб.


Златната топка заврши во рацете на Карим Бензема

Францускиот фудбалер Карим Бензема и официјално е добитник на Златната топка, награда која ја доделува Франс фудбал за најдобриот играч во светот.

Напаѓачот на Реал Мадрид сосема заслужено ја доби наградата после освојувањето на Лигата на шампионите и Ла Лига, при што постигна 44 гола од кои 14 во ЛШ.

Бензема е петтиот Французин кој го добил ова признание, прв после Зинедин Зидан во 1998.година.

Второто место според гласовите му припадна на Роберт Левандовски, а трет беше Садио Мане.

Наградата Копа за најдобар млад фудбалер му припадна на Пабло Гави од Барселона, а награда Лав Јашин за најдобар голман ја доби Куртоа од Реал Мадрид.

Најдобар голгетер и наградата Герд Милер му беше доделена на Роберт Левандовски. Фудбалерот Садио Мане го доби признанието Сократес за неговата хуманитарна работа, а најдобра фудбалерка втора година по ред е избрана Алексија Путељас од Барселона.

За најдобар фудбалски клуб е прогласен Манчестер Сити, пред Ливерпул и Реал Мадрид.


Според Крос, Валверде е меѓу Топ 3 фудбалери во светот

Екипата на Реал Мадрид оствари заслужена победа на Ел Класико дуелот со Барселона, славејќи на својот стадион со 3:1.

Еден од стрелците за кралскиот клуб беше и Уругваецот Феде Валверде, за кого неговиот соиграч Тони Крос упати пофалби на социјалните мрежи.

Германецот Крос нагласува дека Валверде во моментот е меѓу топ 3 играчи во светот. На оваа пофалба Валверде одговара дека Тони Крос е неговиот најдобар учител.


Еурофарм Пелистер ја продолжи соработката со Ѓорговски до 2025 година

Македонскиот ракометен вицешампион Еурофарм Пелистер објави дека го продолжи договорот со младиот Емилијан Ѓорговски, кој во битолскиот клуб ќе остане до 2025 година.

Левиот бек во Еурофарм Пелистер беше доведен од Еурофарм Пелистер 2, каде прикажуваше одлични ракометни партии, а од ова лето младиот стружанец своите игри ги продолжи во тимот предводен од тренерот Ларс Валтер.

Ѓорговски претходно веќе дебитира во СЕХА лигата, а наскоро го очекуваат настапи и во претстојната ЕХФ Лига Европа.


Два италијански клуба го сакаат Фирмино

Италијанските гиганти Интер и Јувентус се силно заинтересирани за напаѓачот на Ливерпул, Роберто Фирмино.

Фирмино иако ова лето остана во клубот, сепак падна во втор план, па сериозно размислува да ја промени средината.

Клоп сака да го задржи по секоја цена, бидејќи верува дека ќе му биде корисен на тимот, но договорот на Фирмино истекува на крајот на сеозната.

Италијанските гиганти сакаат да ја искористат таквата ситуација и да го доведат како слободен агент следното лето.


Капитенот го напушта Јувентус во зимскиот преоден рок?

Дефанзивецот на Јувентус, Леонардо Бонучи би можел да го напушти тој клуб веќе во јануари, тврди „Кориере дело Спорт“.

По резимеата на вчерашното дерби против Торино, каде што се наведуваше дека Душан Влаховиќ уште еднаш го спасил Масимилијано Алегри, оваа листа го допре и статусот на Леонардо Бонучи во Јувентус.

Капитенот на тимот вчерашниот натпревар го започна од клупата, неговите игри често се под се oчекуваното ниво, а се шпекулира и дека е во лоши односи со Алегри. Сето ова може да предизвика негово заминување од Торино, а се поврзува со клубот на поранешниот тренер на Јувентус, Антонио Конте.

Тотенхем не би имал ништо против да го ангажира, а Бонучи. Се најавува дека разделбата со Јуве би можела да следи веќе во јануари.


Шпанија нема да прати интервентна полиција на Мундијалот во Катар

Шпанија нема да испрати интервентна полиција во Катар за да помогне во одржување на јавниот ред за време на претстојното Светско фудбалско првенство како што тоа го бараше домаќинот на Мундијалот.     

Шпанското Министерство за внатрешни работи не сакаше да даде дополнителен коментар за одлуката и само го потврди претходниот извештај на радиото Кадена Сер, кое јави дека Шпанија размислува дали да испрати околу 115 полицајци во Катар, што на крајот го одби. Со популација помала од три милиони, од кои само 380.000 се државјани на Катар, оваа блискоисточна земја се соочува со недостиг на персонал додека се подготвува за едномесечниот фудбалски турнир, кој почнува на 20 ноември. 

Минатиот месец Турција најави дека ќе испрати повеќе од 3.000 припадници на интервентната полиција во Катар.


Сари критичен на тревникот на „Олимпико“

Тренерот на фудбалерите на Лацио, Маурицио Сари, не крие дека е разочаран по вчерашното реми без голови со Удинезе во рамките на Серија А.

Неговиот тим одигра очајно во нападот откако најдобриот голгетер, Чиро Имобиле, мораше да го напушти теренот поради повреда уште во првото полувреме.

„Игравме против најлошиот можен противник,  физичка свежа екипа во периодот во кој ние игравме три натпревари во седум денови. Теренот беше крајно лош“, вели тренерот на „римските орли“.


Суспензија заради допинг на победничката на Бостонскиот маратон

Победничката на минатогодшното издание на маратонот во Бостон, Дајана Кипјокеи, е суспендирана поради позитивен допинг тест, соопшти Единицата за атлетски интегритет (AIU).     

Атлетичарката од Кенија, исто така, е обвинета и за попречување на истрагата. Во соопштенмието на AIU се прецизира дека при допинг тестот на Кипјокеи е пронајдена забранетата сусптанца тримцинолон ацетонид. Вкупно десет кениски атлетичари и атлетичарки биле позитивни на оваа супстанца, додека од почеток на оваа година бројот на позитивни случаи во остатокот на светот изнесувал само два.

Кипјокеи се соочува со четиригодишна суспензија и одземање на победата на Бостонскиот маратон.


Гризман побара прошка од фановите на Атлетико

Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман по победата во натпреварот од 9. коло на Ла Лига со Атлетик (0-1) и им се извини на навивачите на мадридскиот клуб за преселбата во Барселона во 2019 година.     

Целиот тим заврши неверојатна работа. Трчавме заедно, напаѓавме, делувавме тимски. Поминавме низ многу предизвици, но да победиме на крајот е најдоброто чувство. Среќен сум затоа што моите деца ќе прашаат дали сум постигнал гол и можам да одговорам да. Драго ми е што потпишав договор со Атлетико и станав полноправен играч на овој клуб. Но, би сакал да се извинам. Сакам да се извинам на навивачите за штетата што можеби им ја нанесов пред три години кога се преминав во Барселона. Но, најдобриот начин да го направам ова е да го покажам најдоброто од себе на теренот. Ние сме на вистинскиот пат, изјави Гризман. 

На 10 октомври, прес-службата на Атлетико објави дека клубот ги откупил правата на Гризман од Барселона. Новиот договор на напаѓачот со мадридскиот клуб е до летото 2026 година.