feature

Баерн ги осуди расистичките напади врз Упамекано

Германскиот шампион Баерн Минхен доживеа пораз на првиот
осминафинален меч против Лацио со 0-1 во Лигата на шампиони
(ЛШ), а трагичар беше Дајо Упамекано.
Упамекано направи пенал и доби црвен картон, а по натпреварот беше нападнат од расисти, поради кои се јави и баварскиот гигант.
„Баерн ги осудува расистичките коментари на сметка на Упамекано на социјалните мрежи. Секој кој се служи со навреди не е навивач на
нашиот тим. Сите сме со тебе, Дајо“, објави тимот од Минхен.


Колумбиецот Муриел потпиша за Орландо Сити

Голгетерот на Аталанта, Луис Мјуриел, кариерата ќе ја продолжи во
МЛС лигата во екипата на Орландо Сити. Договорот ќе му биде 2+1
година а во новиот тим ќе го носи дресот со број 9.
Муриел пристигна во Бергамо во летото во 2019 година и одигра
вкупно 184 натпревари со 68 голови и 28 асистенции. Колумбиецот го
држи рекордот за најмногу постигнати голови од играч кој доаѓа од
клупата.
„Многу сум возбуден и среќен. Видов дека доаѓам во клуб кој сака да
освојува трофеи“ изјави 32-годишниот фудбалер.


Благ пад на македонската репрезентација на ФИФА листата

Македонската фудбалска репрезентација забележа пад од 3 места на најново објавената ФИФА ранглиста која беше објавена денес и сега е на 68-то место. Со оглед на то ашто нашата репрезентација изминативе неколку месеци немаше активности , сосема очекувано беше да има пад од некоја позиција на Фифа ранкингот.

Нема промени нити меѓу најдобрите 10 репрезентации во Светот, Аргентина е прва пред Франција, Англија, Белгија и Бразил кој се во Топ 5 селекциите, додека првата десетка ја сочинуваат уште Холандија, Португалија, Шпанија , Италија и Хрватска.


Ако добие понуда Барса ќе го продаде Кунде

Централниот дефанзивец на Барселона, Жил Кунде би можел да го напушти шпанскиот тим во претстојниот летен преоден рок, пренесува „Мундо Депортиво“.

Според изворот, раководство на Барселона е подготвено да се раздели со 25-годишниот фудбалер, бидејќи смета дека одбранбената линија е добро пополнета. Клубот има доверба во Роналд Араухо, Иниго Мартинез, Андреас Кристенсен и младиот Пау Кубраси. Забележано е дека Барселона исклучиво ќе размислува за продажба на францускиот дефанзивец само доколку добие добра понуда.

Кунде се пресели во Барселона од Севиља во летото 2022 година за 50 милиони евра.Оваа сезона дефанзивецот одигра 30 натпревари во сите натпреварувања, на кои постигна два гола и три асистенции. Договорот на играчот со шпанскиот клуб е со важност до крајот на јуни 2027 година. Проценетата цена на фудбалерот, според интернет порталот Трансфермаркт, е 60 милиони евра.


Реал сака да го врати Одегард во Мадрид

Играчот од средниот ред на Арсенал и Норвешка, Мартин Одегард би можел да се врати во Реал Мадрид. Да потсетиме дека 25-годишниот фудбалер веќе играше за мадридскиот клуб од 2015 до 2021 година, главно минувајќи сезона по сезона на позајмица.

Според информациите кои беа објавени, Реал Мадрид е подготвен да се обиде да го ангажира норвешкиот играч за врска во претстојниот летен преоден рок.

ПСЖ е подготвен да ги одмери силите со Реал Мадрид во битката за Одегард. Забележано е дека на двата гиганти нема да им биде лесно да го убедат играчот од средниот ред да го напушти Арсенал ова лето.

Одегард игра за Арсенал од 2021 година. Оваа сезона играчот од средниот ред одигра 30 натпревари за „топчиите“ во сите натпреварувања, на кои постигна седум гола и пет асистенции. Договорот на играчот со лондонскиот клуб е со важност до крајот на јуни 2028 година. Проценетата цена на фудбалерот, според интернет порталот Трансфермаркт е 90 милиони евра.


Кансело не се враќа во Сити, сака да остане во Барса

Португалскиот фудбалер Жоао Кансело сака и следната сезона да
игра за Барселона, бидејќи не планира да се врати во Манчестер
Сити, пренесува британски „Сан“.
Кансело е член на Манчестер Сити, но до крајот на сезоната игра како
позајмен во Барселона. Моментално е еден од најдобрите играчи во
каталонскиот клуб.
Британските медиуми пренесуваат дека португалскиот фудбалер е
задоволен од статусот во Барселона и сака да игра за каталонскиот
клуб и следната сезона. Сепак, Манчестер Сити планира на крајот на
сезоната да го врати Кансело во Англија, а потоа да го продаде.


Намален бројот на градови домаќини на СП во ракомет 2025

Светското првенство во ракомет во 2025 година според првичните
најави пред пет години, кога Данска, Норвешка и Хрватска ја добија
организацијата, требаше да се игра во 11 градови низ трите држави.
Сепак на крајот, и поради финансиски и поради организациски
причини, во комбинација останаа само пет града – Хернинг во
Данска, Осло во Норвешка, како и Загреб, Вараждин и Пореч.
Отпаднаа Драмен, Ставангер и Трондхајм во Норвешка, како и
Копенхаген во Данска. Од хрватските градови во комбинација беа
Сплит и Дубровник.
Досега на Мундијалот во 2025 година место имаат обезбедено 19
селекции, 11 места ќе бидат поделени во европскиот бараж, ќе биде
доделена уште една вајлд-карта, а место ќе има и за шампионот на
Северна Америка и Кариби.
Македонија ќе се соочи со Фарски Острови во битката за пласман на
СП 2025 година.


Надал има намера да се врати на терените на турнирот во Доха

Рафаел Надал, некогашниот тенисер број еден во светот, сепак би
можел да го одложи враќањето на терените. Шпанецот е пријавен за
турнирот во Доха следната недела, но според последните
информации, тенисерот би можел да го пропушти.
И покрај тоа што во последно време интензивно тренира, Надал
почувствувал непријатност во пределот на колкот, па може
превентивно да го откаже учеството во Доха.
„Доха е прва во мојот календар, потоа Индијан Велс. Точно е дека
Доха е се поблиску. Би сакал да бидам таму, но… Ќе донесам одлука
за тоа во последен момент“, заклучи тој.
Тенисерот од Манакор не сака да направи грешка и пред време да се
врати на теренот.


Белингем може да заработи казна за навредите на Гринвуд

Џуд Белингем би можел да заработи суспензија од Шпанската фудбалска федерација поради навредливите коментари упатени за екс-играчот на Мејсон Гринвуд.

Ѕвездата на Реал имаше вербален дуел со Гринвуд на мечот со Хетафе, а камерите го уловија како во еден момент му довикува на својот сонародник „силувач“, алудирајќи на судскиот спор што Гринвуд го имаше во Англија.

Главниот судија секако не го забележа моментот, но судиската и дисциплинската комисија во Примера би можеле да му изречат суспензија на Белингем поради овој испад.


Буенос Аирес домаќин на финалето на Копа Либертадорес

Финалето на Копа Либертадорес ќе се одржи во ноември во Буенос Аирес, а стадионот домаќин ќе биде избран подоцна, соопшти Јужноамериканската фудбалска конфедерација.

Тоа ќе биде првпат аргентинската престолнина да биде домаќин на финалето откако форматот на натпреварувањето беше променет на само еден натпревар во 2019 година.

Претседателот на КОНМЕБОЛ Алехандро Домингез изјави дека одлуката е признание за големата работа на Aргентинската фудбалска асоцијација.

Аргентина е актуелен светски шампион и шампион на Копа Америка, но нејзините клубови се мачат во јужноамериканското натпреварување. Бразилските клубови ги освојуваат титулите во Копа Либертадорес од 2019 година.