feature

Серија А одби намалување на лигата

Италијанската Серија А нема да го скрати бројот на тимови кои ќе бидат дел од елитата. Иако имаше иницијатива од сезоната 2025/26 бројот на тимови да се намали од 20 на 18, сепак, истата не беше прифатена од мнозинството на клубовите на последното собрание на Серија А.

Серија А објави дека е потврден сегашниот формат на Лигата со 20 екипи по гласањето во Милано. На денешното гласање освен Милан, Интер и Јувентус кои беа иницијатори на евентуалните промени, само уште Рома гласаше за намалување на бројот на екипи во Калчото, додека останатите 16 клубови гласаа против.


Ветеранот Тиаго Силва најави заминување од Челзи

Англискиот весник „Гардијан“ пишува дека прв кој ќе си замине од
лондонски Челзи е ветеранот Тиаго Силва.
На Бразилецот нема да му биде продолжен договорот, и тој ќе може да си замине како слободен играч.
Засега 39-годишниот фудбалер не најавил дека ќе ја заврши
кариерата, па веројатно по завршувањето ќе се врати во Бразил.


Евролигата ги оправда судиите: Црвена Звезда не е оштетена на дуелот со Жалгирис

Спорниот момент од мечот во кошаркарската Евролига помеѓу
Црвена Звезда и Жалгирис доби образложение од страна на
челниците на Евролигата, во кое е наведено дека нема доказ за газење на линијата од страна на Еванс.
„На 21,2 секунди до крајот, Кинан Еванс прими топка и му додаде на
Димшј, кој беше фаулиран. Судиите утврдија дека Еванс не го мина
центарот за време на својот посед, па не е досудено кршење на ова
правило. Оделението за судење на Евролигата од повеќе камери и
агли ја прегледа ситуацијата и не пронајде јасни и конечни визуелни
докази дека Еванс ја згазна линијата, па утврдија дека судиите
постапија коректно“, стои во образложението.


Бразил не се квалификува на олимпискиот фудбалски турнир во Париз

Фудбалската репрезентација на Бразил, првпат по 20 години, не успеа
да се пласира на Олимписките игри.
Селекцијата составена од играчи до 23 години е поразена од
Аргентина со 1-0 во решавачкиот натпревар на турнирот што
претходните денови се одигра во Каракас.
Така Аргентинците, на кои исто така им беше неопходна победа,
обезбедија место во Париз. Заедно со Аргентина во Париз ќе патува и
Парагвај. Тоа е епилогот од олимписките квалификации за десетте
јужноамерикански селекции кои се бореа за две олимписки визи.
Решавачкиот гол за Аргентина го постигна Гондо во 78. минута.
Тоа беше прва победа на Аргентина во групата во која се
натпреваруваа четири селекции, а Бразил го забележа вториот пораз
по оној од Парагвај (0-1).
Бразилците единствената победа ја забележаа против Венецуела (2-1).


Анчелоти три недели без Џуд Белингам

Продолжуваат проблемите со повреди во Реал Мадрид, па сега во „болницата“ ќе се придружи и најдобиот фудбалер, Џуд Белингам.

Англичанецот заработи повреда на вчерашниот меч против Џирона, а денес му беа направени детални прегледи.

Реал денеска не прецизираше колку долго од теренот ќе отсуствува Белингем, а според шпанските медиуми, неговата рехабилитација ќе трае околу три недели.

„По извршените тестирања кои ги спроведе нашиот медицински тим констатирано е дека Џад Белингем го повреди зглобот и ќе мора да мирува“, се наведува во клупското соопштение.


Киеза налето се сели во Премиер лигата

Федерико Киеза налето би можел да го напушти Јувентус, пренесуваат медиумите на Апенините.

Киеза има договор до 2025 година и на лето ќе влезе во последната година од договорот, а нема најави за негово продолжување.

Киеза бара значително зголемување на платата за да потпише нов договор, а челниците на Јувентус немаат намера да му ја зголемат сегашната плата на фудбалерот кој пропушти повеќе од половина од натпреварите на тимот во последните две сезони.

Поради тоа Јувентус е спремен да го продаде на лето за да заработи на неговото заминување, а интересот за Киеза е голем.

Манчестер Јунајтед, Ливерпул и Њукасл ќе ја водат главната битка за неговиот потпис, а Јувентус за слободата бара 50 милиони евра.


Нејмар најави враќање во матичниот клуб

Фудбалскиот состав Сантос сака да го ангажира Нејмар, призна лично претседателот, Марсело Тешеира.

Бразилскиот интернационалец ја реализира првата година во дресот на Ал-Хилал. Тој има  договор до 2025-та но, ќе мора го пропушти остатокот од сезоната во Саудиска Арабија поради операција по повредата на коленото.

„Имавме многу брз разговор со Нејмар, обично брзите разговори имаат добар ефект. За да се врати кај нас и да игра за Сантос, прво мора да се опорави од повредата“, изјави претседателот на бразилскиот клуб.


Конте го поврзуваат со многу клубови, но тој го преферира Милан

Каталонските медиуми објавија дека Антонио Конте се понудил на Барселона, меѓутоа од Италија пристигнуваат поинакви вести.

Имено, според информациите од Апенините, Конте не ја разгледувал опцијата да биде наследник на Чави во Барселона бидејќи веќе некое време води преговори со Милан.

Конте веќе го одби Аурелио де Лаурентис да го преземе Наполи, едноставно смета дека Неапол не е вистинска средина за него. Сега го чека расплетот на „Сан Сиро“, се шпекулира дека Пиоли на крајот од сезоната ќе замине и тогаш патот за екс-тренерот на Интер и Јувентус би бил целосно отворен.

Златан Ибрахимовиќ веќе некое време работи на доаѓањето на Конте и останува да се види како ситуацијата ќе се развива. Кога во прашање е Барселона, Конте веројатно никогаш не бил опција поради неговата филозофија, засега прв пик на каталонскиот гигант е Ханси Флик.


Диего Коста потпиша за бразилски Гремио

Иако е во поодминати фудбалски години, Диего Коста и понатаму игра на високо ниво.

Во текот на својата кариера Коста настапуваше за: Брага, Пенафиел, Селта, Албасете, Ваљадолид, Атлетико Мадрид, Рајо Ваљекано, Челзи, Атлетико Минеиро, Вулс и Ботофаго, а сега има нов клуб.

Стави потпис темпераментниот голгетер на договор со бразислкиотт Гремио. Во Гремио Коста доаѓа откако претходно помина само четири месеци во Ботофаго.

Коста во кариерата освои две титули со Атлетико, со Челзи две во Премиер лигата, меѓутоа никогаш не успеа да ја освои Лигата на шампионите.


Саутгејт добива нов договор со Англиската федерација

Селекторот на фудбалската репрезентација на Англија, Герет Саутгејт, најверојатно ќе го продолжи договорот со ФА кој му истекува во декември во 2024 година, велат денешните информации од „колевката на фудбалот“.

Тие наведуваат дека 53-годишниот стратег кој го презеде кормилото во 2016 година, ќе остане на чело кај „Гордиот Албион“  најмалку до 2026 година. Саутгејд ќе ги води Англичаните на претстојното Европско првенство во Германија. Таму во првата групна фаза ќе го очекуваат пресметките селекциите на Словенија, Данска и Србија.

Англија и беше противник на Македонија во квалификациите за ЕП. Првиот меч го загубивме со 7-0 а во вториот во Скопје одигравме 1-1.