feature

Димитриевски: Најважен ни е натпреварот против Лихтенштајн

Во пресрет на собирот на македонската А репрезентација за октомвриските натпревари против Лихтенштајн (8 октомври, Вадуц) и Германија (11 октомври, Скопје),  репрезентативениот голман, Столе Димитриевски вели дека нашиот најважен меч е дуелот против Лихтенштајн на гостински терен.

Германија, вели Димитриевски, е многу поатрактивен натпревар за сите во тимот и добра шанса да ги одмериме силите на тоа ниво, но целата концентрација треба да ја насочиме на првиот натпревар. 

„Мислам дека првиот натпревар против Лихтенштајн е најважниот за нас. Фаворити сме, треба да го добиеме тој меч, но ќе биде многу тешко затоа што Лихтенштајн е добра репрезентација. Видовме дека против Ерменија одиграа одличен натпревар и остварија позитивен резултат, 1-1 на гостински терен. Квалитетно се спротиставија и на Германија. Фаворитот во нашата група ја осигура победата во последните дваесеттина минути.

Треба да бидеме фокусирани во текот на сите 90. минути за да дојдеме до победа. Мораме да одиграме сериозен натпревар, да бидеме цврсти на сите делови од теренот и секако внимателни во дефанзивниот ред за да останеме без примен гол. Се разбира и да реализираме некоја од шансите за погодок што мислам дека секако ќе ги направиме.

Германија е многу поатрактивен натпревар за сите нас, но треба да останеме фокусирани на првиот меч против Лихтенштајн. Победивме на гости против Германија, сакаме да се надигруваме на тоа ниво, но сега ќе биде сосема поинаку. Повторно ќе кажам, најважно за нас е да оствариме најпрвин позитивен резултат во Вадуц, а тоа за нас е победа“. 

Подготовките за двата меча против Лихтенштајн и Ерменија, македонската репрезентација ќе ги започне на 4 октомври. 


Блан доведе уште една ѕвезда: Нзонси потпиша за Ал-Рајан

На Хамес Родригез во Ал-Рајан му се придружува уште едно познато име од Европа.

Откако го раскина договорот со Рома, Стивен Нзонзи стана нов член на клубот од Катар. Нзонзи имаше солидна кариера во Европа каде што го носеше дресот на Севиља, Галатасарај, Блекбурн и Стоук, минатата сезона ја помина на позајмица во Рен.

Треба да се спомене и дека беше дел од репрезентацијата на Франција во 2018 година која го освои Светското првенство. И на клупата на Ал Рајан седи познато име – Лоран Блан.


Јунајтед во големи проблеми бара први бодови во ЛШ

Манчестер Јунајтед неколку недели нема да може да смета на капитенот Хари Мегваер, изјави тренерот на клубот, Оле Гунар Солскјер.

Тој откри дека Мегваер во лигашкиот пораз од Астон Вила го повреди листот на ногата и сигурно ќе го пропушти дуелот со Виљареал во второто коло од Лигата на шампионите.

Лук Шо е под знак прашалник за истиот натпревар, во кој екипата од Олд Трафорд ќе ги бара првите бодови во европското клупско натпреварување, откако беа поразени од Јанг Бојс во првото коло. 

„Се чини дека Хари е сигурно надвор. Лук можеби ќе добие шанса, но не тренираше на последниот тренинг. Можеби најдобро сценарио ќе биде да започне на клупата за резервни играчи. Хари, повеќе или помалку, е надвор и не изгледа добро. Ќе трае неколку недели. Ван Бисака е суспендиран, така што ќе мораме да направиме неколку измени.“ – вели Солскјер.

Јунајтед за викендот во Премиерлигата игра против Евертон, а Мегваер ќе го пропушти и тој натпревар. Потоа ќе ги пропушти и натпреварите на англиската репрезентација, а се надеваат дека ќе биде подготвен за Лестер на 16. октомври.


Челзи во проблеми, најважниот играч позитивен на КОВИД-19

Челзи најмалку два меча ќе биде Н’Голо Канте, бидејќи тој бил позитивен на КОВИД-19.

Таа вест на прес-конференција ја потврди тренерот Томас Тухел, кој кажа дека Французинот е во самоизолација и дека ќе го пропушти дуелот против Јувентус во Лигата на шампионите.

Канте нема да настапи ниту против Саутемптон викендов, во Премиер лигата. Тој не бил на последниот тренинг, а под знак прашалник е ставен и неговиот настап за Франција на седми октомври.

Тухел кажа дека против Јуве нема да може да смета ниту на Пулишиќ, Маунт и Џејмс, кои се лекуваат од повреди.


Бензема влезе во историјата на Лигата на шампионите

Шериф направи сензација и го победи Реал на сред Мадрид во второто коло од Лигата на шампионите. Тоа е сигурно едно од најголемите изненадувања во историјата на најголемото европско клупско натпреварување. Шериф поведе во 25. минута со голот на Јакшибаев, израмни Бензема во 65. минута, но победата на гостите ја донесе Тил.

Капитенот на Реал, францускиот напаѓач Карим Бензема стана првиот играч во историјата на Лигата на шампионите кој постигнал барем еден погодок во 17 различни сезони. 

На тој начин, Бензема ги надмина Рајан Гигс, Кристијано Роналдо и Лионел Меси, кои постигнувале по еден погодок во 16 различни сезони во Лигата на шампионите.


Келвин Филипс желба на раководството на Манчестер Јунајтед

Манчестер Јунајтед има нова трансфер цел за засилување на средниот ред, а станува збор за ѕвездата на Лидс, Келвин Филипс. Досега медиумите тврдеа дека прва желба на „црвените ѓаволи“ е Даклан Рајс од Вест Хем, но неговата цена го натера Јунајтед да се отлаже. Сега „црвените ѓаволи“ ќе се насочат кон друг англиски репрезентативец, Келвин Филипс од Лидс. Тој одигра одлична сезона и беше важен дел од репрезентацијата на ЕП.

Солскјер сака да го засили средниот ред бидејќи Ван де Бек се покажа како промашување, а Матиќ е на залез на кариера. Фред покажува доста нестабилни партии, па Погба е единствен кој игра добро оваа сезона.

Поради тоа Келвин Филипс е примарна цел на Манчестер Јунајтед во зимскиот преоден рок.


Бунт против Роналдо во Јунајтед?!

Кристијано Роналдо вовел ново мени за исхрана во тренинг центарот на Манчестер Јунајтед, Керингтон, а него веќе немало јаглехидрати, сокови и слатки, пишува англискиот таблоид Сан.

Менито тој го скроил според свој вкус, а тоа не им се допаднало на некои играчи на Манчестер Јунајтед. Португалецот обожавал салата од бакалар, традиционално португалско јадење. А тука настанува проблемот со соиграчите на кои тоа не им се допаѓа.

Наводно играчите го оговарале Роналдо и велеле дека не е фудбалер, туку нутриционист.

„Роналдо обожава октопод, но остатокот од тимот не баш. Зависен е од протеини и авокадо, па готвачите често му излегуваат во пресрет на општо разочарување на сите останати играчи во соблекувалната на Јунајтед. Бараше од своите соиграчи да се откажат од пудингот кој традиционално го јадат после ручекот во петок“- открива неименуван извор за Сан.


Рашфорд најави враќање на тренинзите по оперативниот зафат

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд, кој се опоравува од операцијата на рамото, објави на социјалните мрежи  дека наскоро може да му биде дозволено да започне со тренинзи.

Фудбалерот во претходната сезона одигра 57 средби во сите конкуренции со ефект од 21 гол и 15 асистенции.  Англискиот клуб во изминатата сезона  стигна до финалето на Лига Европа.

На крајот на јули беше објавено дека Англичанецот поради проблеми со рамото ќе пропушти околу три месеци од новата сезона.


Сите се сомневаа во него, а сега доби договор вреден 207 милиони долари

Лука Дончиќ во летото го продолжи договорот со Далас на уште пет години, во кои ќе заработи 207 милиони долари. Тоа е максимален износ кој во НБА лигата може да го добие играч со неговиот стаж.

Исто таков договор доби и младиот играч на Денвер, Мајкл Портер Џуниор, а разликата е „само“ во тоа што тој се уште не ги исполнил критериумите за бонуси, кои би го довеле договорот до тие 207 милиони.

Неговата основица е 172 милиони, а преостанатите 35 ќе ги добие ако во претстојната сезона, последна под стариот договор, биде избран на Ол-Стар натпреварот и во една од најдобрите три петорки на лигата.

Денвер веќе има максимални договори со Никола Јокиќ и Џамал Мареј, а Србинот идното лето ќе стекне право на супермакс договор, кој би требало да надмине 250 милиони долари.


Барса најде спас за кризата, компанија од Дубаи спремна да го покрие долгот

Компанијата од Дубаи, чие име не е објавено, е подготвена да го откупи долгот на каталонскиот гигант Барселона во износ од 1,5 милијарди евра 

Компанијата со седиште во Дубаи е подготвена да и понуди на Барселона мораториум најмалку две години. Така, долгот на фудбалскиот клуб сега ќе го платат бизнисмени од Дубаи, а Барселона ќе остане должна на оваа компанија, но во исто време ќе добие одложено плаќање. Оваа опција ќе му овозможи на клубот да се врати на нормалното работење и да се фокусира на спортските цели.

Оваа понуда е многу корисна за Барселона, бидејќи мораториумот може да се постави за период од 2 до 12 години. Во исто време, барањата на компанијата од Дубаи, која е подготвена да го откупи долгот на Барселона, се доста ниски.