feature

Гребој го продолжи договорот со ПСЖ

ПСЖ објави дека ја продолжува соработката со Матје Гребиј. Искусниот репрезентативец на Франција во тимот на „светците“ ќе остане уште две сезони, односно до јуни, 2025 година.

Гребиј во ПСЖ пристигна во текот на 2020 година од поранешниот европски првак Монпелје, клуб со кој во сезона 2017/18 ја освои титулата во Лигата на шампионите.

Минатата сезона беше меѓу најдобрите стрелци за својот тим во најквалитетното европско натпреварување и сезоната ја заврши со 32 постигнати погодоци во мрежата на противниците.


Галтие го сака Обамејанг во Париз

Пјер Емерик Обамејанг на почетокот од годинава го напушти Арсенал и се пресели во Барселона, но неговата авантура на Камп Ноу кратко траеше.

Со доаѓањето на Роберт Левандовски, место на Габонецот во тимот беше загрозено, Челси притисна за неговиот потпис, па во послендите денови од преодниот рок, напаѓачот се врати во Премиерлигата.

И покрај тоа што е дел од „сините“ едвај еден месец, низ медиумите веќе се појавија информации за нов трансфер. Од Франција пристигнуваат вести кои велат дека раководството на ПСЖ стапило во контакт со агентите на Пјер Емерик Обамејанг и опипуваат терен за трансфер.

Тренерот Кристоф Галтие добро го познава Пјер Емерик Обамејанг, двајцата имаа успешна соработка во Сент Етјен.


Рибери заминува во пензија во 39-тата година од животот

Поранешниот француски фудбалски репрезентативец Франк Рибери одлучи да стави крај на професионалната кариера.

Рибери е член на Салернитана, а со италијанскиот клуб има договор до крајот на сезоната. Скај Спорт објави дека Рибери одлучил да ја прекине кариерата поради проблеми со повредите и одлуката наскоро и официјално ќе ја објави. Францускиот фудбалер сезонава поради проблеми со коленото одигра само 36 минути.

Рибери во кариерата настапуваше за Булоњ, Алес, Брест, Мец, Галатасарај, Марсеј, Баерн Минхен, Фиорентина и Салернитана.

Најголем печат остави во Баерн освојувајќи со клубот од Минхен вкупно 23 трофеи.

Во дресот на француската репрезентација што го носеше од 2006 до 2014 година одигра 81 натпревари и постигна 16 голови.


Лука Дончиќ прв кандидат за МВП на НБА лигата за наредната сезона

Според анкетата која челниците на НБА ја спроведоа со генералните менаџери на сите клубови, кошаркарот на Далас Маверикс Лука Дончиќ е главен кандидат за најкорисен играч во наредната сезона.

Дури 48% од анкетираните сметаат дека Словенецот Дончиќ е прв фаворит за МВП. На второ место е кошаркарот на Милвоки Гркот Јанис Адетокумбо со 34% од гласовите, а потоа следат Џоел Ембид од Филаделфија и Стеф Кари од Голден Стејт. 

Споре анкетата на менаџерите, најголеми шанси за титулата во наредната сезона има тимот на Милвоки, пред Голден Стејт и Бостон.

Новата сезона во НБА започнува на 19.октомври.


Леброн Џејмс сака свој НБА клуб од Лас Вегас

Легендарниот американски кошаркар Леброн Џејмс ги обелодени своите планови по пензионирањето, наведувајќи дека сака да биде сопственик на НБА клуб со седиште во Лас Вегас.    

„Би сакал да донесам тука клуб во догледно време, им изјави Џејмс на новинарите, откако постигна 23 поени во поразот на Лос Анџелес Лејкерс од Феникс во претсезонски натпревар одигран в Лас Вегас“, рече Леброн. 

Потоа преку медиумите испрати порака до комесарот на НБА лигата Адам Силвер. 

„Тој веројатно го гледа секое интервју кое доаѓа од НБА играчите. Адам, сакам да донесам клуб тука“. рече Џејмс. 

Ова не е прв пат Џејмс да се поврзува со потенцијално нов клуб во Лас Вегас, меѓутоа, според правилата на играта не може да има сопственички удел во НБА екипа додека не замине во пензија.


Меси: Ова е најверојатно моето последно Светско првенство

Медиумите од Аргентина ја пренесуваат веста дека фудбалерот на Париз Сен Жермен Лионел Меси најавил крај на својата репрезентативна кариера после завршувањето на Светското првенство во Катар.

35-годишниот Меси за селекцијата на Аргентина има одиграно 164 натпревари и постигнал 90 гола. Тој минатата година со репрезентацијата го освои трофејот во Копа Америка.

Мундијалот во Катар ќе се одржува од 20.ноември до 18.декември, а Аргентина ќе настапува во група со репрезентациите на Мексико, Полска и Саудиска Арабија.


Реал Мадрид веќе една година води преговори со Џуд Белингем

Шпанскиот спортскиот весник Марка пренесува дека челниците на Реал Мадрид планираат на крајот од сезоната да го ангажираат фудбалерот на Борусија Дортмунд Џуд Белингем, и наводно преговорите помеѓу клубот и играчот веќе траат една година.

Медиумите потсетуваат дека Реал во летниот преоден рок остана без исусниот Каземиро, а клубот од Мадрид на крајот од сезоната може да го напуштат Лука Модриќ и Тони Крос, па затоа неопходно е доведување на нов фудбалер за врска. 

Освен Реал Мадрид, најголеми шанси за доведување на англискиот репрезентативец има премиерлигашот Ливерпул.


Мбапе станува најплатениот фудбалер на светот

Американскиот магазин Форбс тврди дека фудбалерот на Париз Сен Жермен и репрезентативец на Франција Килијан Мбапе во оваа сезона ќе стане најплатениот фудбалер на светот со заработувачка од 128 милиони долари.

Според проценката на Форбс, Мбапе во оваа сезона ќе заработи 128 милиони долари. Тој во ПСЖ има годишна плата од 110 милиони долари, додека од различни спонзори ќе заработи дополнителни 18 милиони долари.

Лионел Меси кој исто така е играч на ПСЖ, оваа сезона би требало да заработи 120 милиони долари, 65 милиони од плата и 55 милиони долари од спонзори. Кристијано Роналдо кој е фудбалер на Манчестер Јунајтед оваа сезона ќе има приходи од 100 милиони долари. Португалецот има годишна плата од 40 милиони долари, а од спонзори ќе заработи 60 милиони долари.


Франк Рибери најавува крај на кариерата

Легендарниот француски фудбалер Франк Рибери најавува крај на својата играчка кариера, поради проблемот со коленото кој го спречи да настапува за својот клуб Салернитана уште од месец август.

39-годишниот Рибери е легенда на Баерн Минхен каде играше во периодот од 2007.до 2019.година и освои девет шампионски титули во Бундеслигата, како и еден трофеј во Лигата на шампионите.

После Баерн, Рибери направи ангажман во Фиорентина од каде се пресели во Салернитана. За репрезентацијата на Франција има одиграно 81 натпревар и постигнато 16 гола.


Клоп заинтересиран за доведување на Мусиала од Баерн

Тренерот на Ливерпул Јирген Клоп посакува да го доведе во клубот фудбалерот на Баерн Минхен Џамал Мусиала.

19-годишниот офанзивец на Баварците игра во одлична форма сезонава и досега за Баерн има постигнато седум гола и шест асистенции.

Иако директорот на Баерн Салихамиџиќ претходно има изјавено дека клубот нема намера да го продава младиот Мусиала, сепак според проценките доколку Ливерпул се одлучи да достави понуда за него повисока од 80 милиони евра, тогаш не се исклучува реализација на овај трансфер идното лето.