feature

Саудијците го сакаат и Бруно Фернандеш

Ал Хилал тргнува во акција за купување на ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, пренесува британски „Дејли Стар“.

29-годишниот португалски репрезентативец, кој од јануари 2020 година го носи дресот на „црвените ѓаволи“, наводно веќе одбил една понуда од првиот човек на Ал Хилал, но раководството на клубот од Ријад не сака така лесно да се откаже од негов ангажман.

„Тренерот на Ал Хилал, Жорж Жесус, е сериозно заинтересиран за Фернандеш, со кого веќе со кого веќе соработуваше во Спортинг во сезоната 2017/2018. Па нема да се откажат од обидот за ангажман, веќе на крајот од актуелната сезона“ – пишува „Дејли стар“.


Димитријевиќ се враќа во репрезентацијата на Македонија

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Дмитријевиќ нема да настапи на олстар-мечот во ВТБ-лигата на 18 февруари затоа што ќе биде на подготовки со Македонија.

Тренерите Емил Рајковиќ и Велимир Перасовиќ ги избраа кошаркарите за натпреварот.

„Знам дека Димитријевиќ во тој период ќе биде на подготовки со Македонија и не сум луд да го потрошам мојот избор на него“, кажа Перасовиќ.

Македонија треба да игра квалификациски натпревари против Естонија и Полска.


Познат новиот термин за борбата Усик – Фјури

Презакажаната пресметка меѓу шампионот на ВБЦ во тешка категорија Тајсон Фјури и шампионот на ВБА, ИБФ и ВБО во тешка категорија Олександр Усик ќе се одржи на 18 мај.

Новиот датум го објави принцот саудискиот принц Турки Ал аш-Шеик, во поткастот „The MMA Hour“.

Борбата меѓу Британскиот боксер Фјури и Украинецот Усик требаше да се одржи на 17 февруари во Ријад, Саудиска Арабија. Причина за откажувањето на мечот беше тоа што британскиот боксер доби сериозна расекотина на окото при спаринг.

Фјури вчера се извини за откажувањето на првичниот датум за боксерскиот спектакл.


Ново уплатно место на Евротип во Гостивар

Дел од атмосферата на вчерашното свечено отворање на ЕВРОТИП спортската обложувалница во ГОСТИВАР, ул. ЈНА бр.288 (Нов Монтенегро).
Посетителите и гостите ја почувствуваа атмосферата на одличната забава, на која беа доделувани многу награди и ваучери.


Aлфонсо Дејвис се повреди пред дербито во Леверкузен

Левиот бек на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис се повреди во 85. минута при победата од 3-1 над Борусија Менхенгладбах. Баварците потврдија дека дефанзивецот има повреда на страничните лигаменти на левото колено.

Клубот не откри колку долго ќе паузира канадскиот интернационалец, но според печатот во Германија, Алфонсо Дејвис речиси сигурно нема да му биде на располагање на Томас Тухел за битката против лидерот Баер Леверкузен во следното коло.

23-годишниот бек оваа сезона забележа 27 настапи за Баерн Минхен во сите натпреварувања. Притоа постигна еден гол и четири асистенции.


Дубаи ќе биде новиот клуб на Еди Таварес

Новиот кошаркарски клуб кој ќе се појави на кошаркарската сцена Дубаи сака прво да го доведе најдобриот центар на европската кошарка, Еди Таварес, од Реал Мадрид и да го направи еден од најплатени играчи.

Според информациите на мадридскиот портал „Релево“, Дубаи ќе му плаќа на Таварес дури осум милиони евра бруто за сезона, за разлика од 1,7 милиони евра што ги заработува во редовите на Реал, според договорот што му истекува на крајот од сезоната.


Фелаини стави крај на богатата кариера

Белгискиот фудбалер Маруан Фелаини дефинитивно ја завршува својата богата играчка кариера.

Славниот Белгиец реши да ги „обеси копачките на клин“ по осумнаесет години активен фудбал, а последните четири години ги мина како играч на кинескиот Шандонг Тајшан.

„Со овој пост би сакал да се заблагодарам на сите и да објавам дека ја завршувам мојата успешна 18-годишна фудбалска кариера. Патувањето беше навистина неверојатно“, напиша поранешниот белгиски репрезентативец на својот Инстаграм профил.


Сораиндо го напушти Динамо Букурешт и потпиша во Турција

Легендарниот француски ракометар Седрик Сорaиндо го напушти романскиот Динамо Букурешт и ќе има нов предизвик во кариерата.

Кружниот напаѓач потпиша договор со турскиот Бешикташ и ќе игра во овој клуб најмалку до крајот на сезоната.

Во Бешикташ на линијата настапуваат полскиот интернационалец Матеуш Пиечовски и Алжирецот Хишем Кабеше.


Реал ќе го врати Кепа во Челзи на крајот на сезоната

Реал Мадрид нема да го задржи Кепа Аризабалага и голманот ќе се врати во Челзи од каде што пристигна на позајмица во август оваа година.

Шпанскиот голман беше ангажиран како замена за Тибо Куртоа кој се повреди за време на подготовките и ќе ја пропушти комплетната сезона. Аризабалага доби прилика да застане на голот, но со своите настапи не успеа да ги убеди луѓето во Реал Мадрид да го откупат неговиот договор.

Во овој момент Анчелоти му дава поголема доверба на Андреј Лунин кој на последните натпревари беше прв избор. Одлуката дека клубот нема да смета на него веќе му била соопштена и на Кепа и неговата менаџерска агенција.

Од друга страна договорот на Кепа со Челзи е со важност до 30-ти јуни 2025 година, а бидејќи и во англискиот клуб не сметаат на него најверојатно ќе биде продаден во летото кое следи.


Интер Мајами втор МЛС-клуб со вредност преку милијарда долари

Интер Мајами стана втората највредна франшиза во МЛС лигата, објави Форбс. Според изданието, вредноста на клубот е зголемена за 72% во однос на минатата година и сега изнесува 1,03 милијарди долари.

Се потенцира дека главната причина за овој раст е потпишувањето на договор со аргентинскиот напаѓач Лионел Меси од страна на Интер Мајами во летото 2023 година.

Интер Мајами, наводно, стана вториот клуб во историјата на лигата кој е проценет на 1 милијарда долари, според Форбс. Претходно, ФК Лос Анџелес ја постигна таа пресвртница во 2023 година и останува највредниот тим на МЛС лигата со приходи од над 1 милијарда долари, односно 1,2 милијарди долари.

36-годишниот аргентински напаѓач Лионел Меси се пресели во Интер Мајами во јули 2023 година како слободен играч. На 14 натпревари за својот нов клуб, Меси постигна 11 гола и даде пет асистенции.