feature

Бербатов призна дека Панчев бил негов идол од детството

Димитар Бербатов откри дека негов идол кој обожавал да го гледа и му се воодушевуал е Дарко Панчев.

На 108 натпревари во дресот на Манчестер Јунајтед Бербатов постигна 48 гола во период од 2008 до 2012 година, а сега откри нешто што на јавноста не и беше познато.

„Ако би се вратил во минатото да издвојам еден од моите омилени фудбалери, тогаш тоа е Дарко Панчев. Тој човек даваше голови на сите начини. Ми се допаѓаше начинот на кој ги тресеше мрежите, Звезда во тој период имаше фантастичен тим, но тој беше посебен…Можеби поради името, го сакав тоа како одекнува неговото име: Дарко Панчев! Ми беше омилен“, откри Бербатов.

Бербатов преку Пирин дојде во ЦСКА Софија, од каде потоа играше за Баер Леверкузен (2001-2006), па Тотенхем (2006-2008), а после четири години во Манчестер јунајтед, играше и за Фулам (2012-2014), Монако (2014-15), ПАОК (2015-16) и Керала Бластерс (2017-18). Дресот на бугарската репрезентација го носеше на 78 натпревари и постигна 48 гола.


Редовни тим билдинг активности и едукативна работилница за вработените на КС Групацијата

Тимската работа е важна за компаниите. Таа ги оспособува вработените да учат едни од други и да развиваат нови вештини. Работењето во тимови им помага на вработените да преземаат лидерски улоги и да гледаат како членовите на тимот ги извршуваат одговорностите.

Во тој контекст, Евротип како компанија која се грижи за своите вработени, голем дел од своите активности го насочува кон организирање на Тим билдинг активности кои ја зголемуваат комуникацијата меѓу вработените, како и зголемување на мотивацијата и продуктивноста.

Во последниов период од страна на менаџерскиот тим се организирани голем број на настани кои се одлично прифатени од вработените и може да се заклучи дека постои огромно задоволство од присуство на вакви активности со желба за продолжување со организација на истите.

Веќе станува традиционално, секој петок се одржува едукативна работилница во канцелариските простории, а потоа се продолжува на неформално дружење во комплексот Голд Фелициа.

Доловуваме само мал дел од атмосферата на настаните на следната фотогалерија:


Кристијано Роналдо потврди дека и следната сезона ќе игра во Ал-Наср

Иако се поврзуваше со враќање во Европа, поточно со преселба во Баерн Минхен, од тоа нема ништо. Кристијано Роналдо откри каде ќе игра следната сезона.

Минатата зима Кристијано Роналдо го изненади светот со тоа што одлучи да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија каде потпиша за Ал-Наср.

Таму се надеваше на голови, но не освои ниту еден трофеј во првата (полусезона). Медиумите пишуваа дека би можел да се врати во Европа, најмногу поврзувајќи го со Баерн, но ништо од тоа. Португалскиот ас откри дека и следната сезона ќе го носи дресот на Ал-Наср и дека верува во петгодишниот проект на овој азиски клуб.

„Среќен сум овде, сакам да продолжам тука и ќе продолжам овде. Според мене, ако успеат во она што го зацртаа во следните пет години, Саудиска Арабија ќе има едно од првите пет првенства во светот “, изјави Роналдо.

За потсетување, договорот меѓу Кристијано Роналдо и Ал-Наср е со важност до крајот на следната сезона, т.е. до јуни 2024 година и очигледно ќе го видиме до крај.


Буба Хасани се врати во Данска и потпиша за второлигашот Хелсингор

Ферхан Хасани од денес е нов фудбалер на Хелсингор кој се натпреварува во втората данска лига.

За Хасани ова не е прво искуство во Данска затоа што во минатото го носеше дресот на Брондби. Во редовите на Хелсингор пристигнува како слободен играч откако неодамна се раздели со Шкендија.

Договорот кој го потпиша популарниот Буба со новиот клуб е со важност до 2025 година.

Во клубот се задоволни од ангажманот на Хасани и очекуваат да им помогне во остварување на целите во новата сезона.


Маунт пред потпис со Манчестер Јунајтед

Манчестер Јунајтед ги договорил личните услови со Мејсон Маунт, велат последните информации од фудбалска Англија.

„Црвените ѓаволи“ ќе платат околу 50 милиони евра за да дојдат до потписот на фудбалерот на Челзи кој има уште една година од договорот со „сините“.

Медиумите наведуваат дека за Маунт биле заинтерсирани луѓето од Ливерпул и Арсенал но, дека тој имал желба да заигра на стадионот – „Олд Трафорд“.


Деветта организирана крводарителска акција од КС Групацијата

Во средата на 31.05.2023 се реализира деветтата по ред крводарителска акција во организација на десетте битолски фирми Евротип, Голд Слот, КС Сервис, Голд Фелициа, P2P, JK Травел, БВ Бизнис Груп, МИНТ Осигурување, Премиум Сејфти Солушн и СН Финансии.


Дополнително учество на настанот зеде и компанијата Нова Солушнс од Битола.


Акцијата беше одржана во просториите на КС Групација и спроведена од Регионалниот центар за трансфузиона медицина од Битола. Очекувањата за успешност на оваа акција беа остварени, што покажува и бројката од собрани 36 единици крв.

Задоволство и пофалба за успешно реализираната крводарителска акција изрази и директор на Институтот за трансфузиона медицина, М-р Венко Стомнароски кој беше присутен на настанот.


Дориан Бабунски е фудбалер на сезоната во Дебрецин

Фудбалскиот репрезентативец на Македонија, Дориан Бабунски го доби признанието фудбалер на сезоната во Дебрецин откако сезонава постигна 13 гола и подели четири асистенции на 30 натпревари.

Дебрецин сезоната ја заврши на третото место во домашното првенство и така обезбеди настап во европските купови наредната сезона. Бабунски заврши и на третата позиција меѓу стрелците во унгарското првенство.


Лидс и Алардајс се разделија по испаѓањето од Премиер лигата

Лидс Јунајтед на својата официјална веб-страница го објави заминувањето на тренерот Сем Алардајс од функцијата.

Договорот на менаџерот со клубот беше раскинат со заеднички договор на двете страни. Алардајс го напушти Лидс на крајот од оваа сезона. Клубот соопшти дека ќе го објави името на новиот тренер во наредните недели.

Алардајс (68) го презеде Лидс на само четири натпревари до крајот на сезоната во Премиер лигата. Под негово водство, тимот не можеше да извојува ниту една победа, ремизирајќи еднаш и доживеа три порази.

На крајот на сезоната, Лидс испадна од Премиер лигата, поради што Алардајс ја напушти функцијата главен тренер.

„Му благодариме на Сем што беше доволно храбар да дојде на работа и да даде се од себе за да не спаси. За жал, тоа не се случи, но Сем и неговиот тренерски штаб направија се што е можно за да ги развеселат сите наши навивачи, за што сите сме многу благодарни“, објавија од Лидс Јунајтед.


Начо го напушта Реал по дваесет години

33-годишниот фудбалер на Реал Мадрид, Начо Фернандез, започнал преговори со луѓето од Интер, тврди денеска весникот – „Марка“.

Наводно, тимот од Италија ќе му понуди на бекот договор за три сезони. Тој треба да биде замена за Милан Шкриниар, кој ќе оди во Пари Сен Жермен. Начо е дел од Реал повеќе од 20 години откако и се приклучи на школата на „белите“ во 2001-ва.  

Претходно се појавија информации дека за дефназивецот се заинтересирани Вилјареал и Рома.


Николов по една сезона заминува од ФЦСБ

Бобан Николов одлучил да бара нов клуб откако го раскинал договорот со ФЦСБ, тврди романскиот „Про Спорт“.

Сопственикот на клубот, контроверзниот Џиџи Бекали не сакал да слушне за продолжување на соработката, па двете страни се договориле Николов да го прекине договорот на еден месец пред крајот и сега има право да си бара нов средина.

Ваквата ситуација беше и очекувана затоа што Николов подолг период е незадоволен од минутажа која ја добива во клубот, иако му било дадено ветување дека клубот ќе смета на него.

Николов токму поради тоа ветување во јануари одбил трансфер во Шпанија, а сезонава вкупно одигра само 11 натпревари во првенството и два во националниот Куп.