feature

Арсен Венгер верува дека Арсенал може стигне до шампионската титула во Премиер лигата

Поранешниот долгогодишен тренер на Арсенал, Арсен Венгер, верува дека клубот од Лондон оваа сезона има реални шанси да стигне до титулата во Премиер лигата.

Венгер во изјава за Скај Спортс вели дека шансата ја гледа бидејќи не гледа друг тим кој е супер доминантен во моментов, и дека ова е совршена можност за Арсенал и тренерот Артета да се вмешаат во битката за титулата.

Венгер беше последниот тренер кој го предводеше Арсенал до шампионската титула во Премиер лигата во сезоната 2003/04 година, со тимот на славните „непобедливи“.


Кристијано Роналдо обвинет за непристојно и агресивно однесување

Англиската фудбалска федерација го обвини играчот на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо, за непристојно и агресивно однесување после натпреварот од Премиер лигата против Евертон одигран на 9.април минатата сезона.

По завршувањето на натпреварот Португалецот на еден од навивачите на Евертон му го скрши телефонот замавнувајќи кон него со раката. Подоцна се дозна дека се работи за 14-годишно момче со аутизам. 

Роналдо подоцна се извини за инцидентот, меѓутоа фудбалска федерација на Англија дури сега одлучи да отвори официјална истрага околу случајот и да покрене обвинение против фудбалерот.


Давид Силва казнет со 1080 евра поради напад на жена

Медиумите во Шпанија ја пренесуваат веста дека фудбалерот на Реал Сосиедад Давид Силва е казнет со 1080 евра поради напад на жена за време на карневал одржан на Канарските Острови.

Инцидентот се случил на 19.јули во летовалиштето Маспаломас, а во него учествувале и братот на Силва и уште една личност, а жената претрпела повреда на вратот и раката.

Искусниот Давид Силва во кариерата го има носено дресот на Валенсија, Еибар, Селта, Манчестер Сити, а од 2020 година е фудбалер на Реал Сосиедад.


Бремер доби дозвола за заигра за бразилската репрезентација

Дефанзивецот на Јувентус, Глејсон Бремер, доби дозвола од раководството на клубот да се приклучи во таборот на репрезентацијата на Бразил.

Централниот дефанзивец има лесна повреда, но и покрај тоа клубот од Торино реши да не му ја одземе можноста за првпат во кариерата да биде дел од селекцијата на Бразил. Тоа е прва покана за Бремер, кој ќе има шанса да дебитира во дресот на Бразил на било кој од претстојните тестови против Гана на 23 септември или против Тунис на 27 септември, во зависност од неговото здравје и одлуката на селекторот Тите.

Меѓу другото, оваа прозивка е исклучително вредна за Бремер бидејќи доаѓа на помалку од два месеци пред Светското првенство во Катар. Така, 25-годишниот дефанзивец може да се надева дека ќе биде меѓу избраниците на Тите за СП во Катар на крајот на годината.


Манчестер Јунајтед минатата сезона направи загуба од 115,5 милиони фунти

Фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед соопшти дека во минатата сезона оствари нето загуба од 115,5 милиони фунти, иако приходите биле зголемени за 18 одсто, односно 583,2 милиони фунти.

Финансискиот извештај покажува дека загубата во однос на минатата година е зголемена за 23,3 милиони фунти.

Клупскиот долг исто така пораснал од 419,5 милиони фунти за минатата година до 514,9 милиони фунти оваа година. Платите за играчите во клубот изнесувале рекордни 384,2 милиони фунти што претставува највисок износ во историјата на Премиер лигата. Претходниот рекорд го држеше Манчестер Сити кој на играчите им исплатил 355 милиони фунти.


Сопствениците на Сити купија свој клуб и во Бразил

Сити Фудбал Груп, кој е сопственик на Манчестер Сити, ќе го купи бразилскиот клуб Баија, објави новинарот Цезар Луис Мерло на своите социјални мрежи.

Информациите кои се објавени велат дека сопствениците на англискиот клуб веќе се договориле за зделка. Договорот ќе биде официјализиран за неколку дена. Баија ќе стане 12-та екипа во холдингот, во кој веќе се Манчестер Сити, Џирона (Шпанија), Палермо (Италија), Ломел (Белгија), Њујорк Сити (САД), Мелбурн Сити (Австралија), Монтевидео Сити (Уругвај), Јокохама Ф. Маринос (Јапонија), Троа (Франција), Сити Мумбаи (Индија) и Сечуан Јун (Кина).

Баија моментално игра во втората бразилска дивизија и е втора на табелата со амбиции да се пласира во првата лига на Бразил.


Тен Хаг спреми 80 милиони за Тами Абрахам

Примарна цел на Манчестер Јунајтед во зимскиот преоден рок ќе биде доведување на врвен напаѓач, а најновот име на списокот е Тами Абрахам.

Aнглискиот напаѓач Тами направи вистински потег со трансферот во Рома каде се промовираше во еден од најдобрите млади напаѓачи во Европа. Минатата сезона  Абрахам во дресот на Рома постигна 24 гола и 5 асистенции во сите натпреварувања и со тоа веднаш го привлече интересот на бројни клубови. 

Најсилен интерес за Абрахам покажува Манчестер Јунајтед, бидејќи приоритет на Тен Хаг е доведување на централен напаѓач.

Јасно е дека Рома нема лесно да се ослободи од својата ѕвезда, но Јунајтед е спремен да понуди 80 милиони фунти.


Бостон Селтикс го суспендира тренерот Удока

Славниот НБА клуб Бостон Селтикс го суспендира тренерот Име Удока на период од една година поради кршење на клупскиот правилник.

Удока имал љубовна афера со колешка од клубот што по статутот на Бостон е забрането, па така кога аферата се открила во јавноста било сосема јасно дека тренерот на Селтикс го очекува суспензија.

Тимот на Бостон во наредната сезона ќе го води Џо Мацула, кој беше асистент на главниот тренер.


Букајо Сака избран за најдобар играч во англиската репрезентација

Фудбалерот на Арсенал Букајо Сака е добитник на наградата за најдобар играч во репрезентацијата на Англија за 2021/22.

Сака е првиот играч од Арсенал кој некогаш го добил ова признание. Според гласовите на фановите втората позиција му припадна на Деклан Рајс а третата на Хари Кејн.

21- годишниот Букајо Сака за Англија има одиграно вкупно 18 натпревари. Во сезоната 2021/22 година одиграл девет натпревари со постигнати три гола.


Томас Леч е нов тренер на Бохум

Бундеслигашот Бохум соопштува дека за нов тренер на екипата е назначен Германецот Томас Леч.

Леч својот прв тренинг во новиот клуб ќе го одржи во понеделник, а во Бохум пристигна од холандскиот Витесе, каде беше тренер од јули 2020 година.

После седум одиграни натпревари во Бундеслигата, Бохум се наоѓа на последното место со само еден освоен бод.