feature

Хојлунд претставен на „Олд Трафорд“

Манчестер Јунајтед го искористи пријателскиот натпревар со Ленс за да го престави своето трето засилување. Расмус Хојлунд и официјално стави потпис на договор со „црвените ѓаволи“, а имаше шанса да се претстави и пред полните трибини на „Олд Трафорд“. 

Италијанскиот тим Аталанта доста добро профитираше од овој трансфер, бидејќи Данецот минатото лето беше купен за 17 милиони евра од Штурм. Сега, Хојлунд за сума од 74 милиони, плус девет во вид на бонуси се пресели во Манчестер Јунајтед. Самиот играч нагласи дека е пресреќен бидејќи му се исполни детскиот сон. 

„Не е тајна дека сум навивач на овој клуб од детските денови. Сонував еден ден да заиграм на „Олд Трафорд“ во дресот на Манчестер Јунајтед. Исклучително сум возбуден за оваа шанса да го исполнам сонот“, изјави Хојлунд. 

Во кариерата данскиот фудбалер има настапувано за ФК Копенхаген и Штурм, пред да се пресели во Аталанта. Минатата сезона за тимот од Бергамо одигра 34 натпревари и даде десет гола, а запиша и четири асистенции.


Јан Зомер од Баерн се сели во Интер

Интер решил да ја активира откупната клаузула на Јан Зомер откако не успеа да го натера Баерн Минхен да го продаде голманот со пониска цена.

„Нероаѕурите“ летово останаа без Андре Онана кој замина во Манчестер Јунајтед и Самир Хандановиќ кој го одработи договорот и го напушти стадионот –  „Џузепе Меаца“.

Затоа, италијанците решиле да ја активираат клаузулата на Јан Зомер вредна шест милиони евра.


Баер Леверкузен го продолжи договорот со Чаби Алонсо

Чаби Алонсо ќе остане на клупата на Баер Леверкузен до 30 јуни во 2026 година откако денеска ја продолжи соработката со германскиот елитен  фудбалски состав.

„Благодарен сум за довербата што ми ја укажа раководството. Позитивно гледам на изминатата сезона и на односите во клубот“ – вели Алонсо.

Тој го презеде кормилото на Баер Леверкузен во октомври 2022 година и успеа да стигне до полуфиналето на Лига Европа.


Премиер лигата најсилно национално првенство во Европа

УЕФА на својата официјална веб-страница ја претстави ажурираната табела со коефициенти за сезоната 2023/2024.

Очекувано на врвот е Англија односно Премиер лигата која и понатаму е водечка лига во Европа. Зад Англија следуваат Шпанија, Италија и Германија. Промената е меѓу Холандија и Франција кои си ги сменија местата, па во Топ 5 лигите сега е Хоалндија пред Франција.


Гвардиол на лекарски прегледи и потпис во Манчестер Сити

Дефанзивецот на РБ Лајпциг, Јошко Гвардиол се простил од
соиграчите пред преселбата во Манчестер Сити. Ова го пренесува
новинарот Патрик Бергер во својот „Твитер“.
Според изворот, хрватскиот фудбалер отпатувал за Велика Британија,
каде мора да го помине последниот лекарски преглед за да договори
трансфер во Манчестер Сити. Англискиот клуб ќе плати 90 милиони
евра за Гвардиол плус 10 милиони евра бонуси. Хрватот ќе стане
најскапиот дефанзивец во историјата на фудбалот.
21-годишниот Гвардиол минатата сезона забележа 41 настап за РБ
Лајпциг во сите натпреварувања и постигна три гола. Дефанзивецот
стана освојувач на бронзен медал на Светското првенство во Катар
2022 година.


Мората по третпат ќе го облече дресот на Јуве

Алваро Мората се согласил да му се приклучи на Јувентус по трет пат
во кариерата. Мората моментално е напаѓач на Атлетико Мадрид со
кого има договор до следното лето, но наводно се договорил со
Јувентус да се пресели доколку тимот од Торино не успее да го доведе
Лукаку.
Како што пишуваа англиските медиуми, Челзи и Јувентус работат на
размена во која Душан Влаховиќ би заминал во Лондон, а Јувентус би
го добил Лукаку и малку пари за него. Челзи нуди 20 милиони евра,
но Јувентус наводно нема да се согласи на помалку од 40 милиони.
Ако тоа не успее, Мората е алтернативата, тоа ќе му биде трет пат во
Јувентус. Тој во 2014 година од Реал се пресели во италијанскиот
клуб за 20 милиони евра, а Реал го купи две години подоцна за 30
милиони.


Луис Кампос пред отказ од ПСЖ поради „случајот Мбапе“

Спортскиот директор на ПСЖ, Луис Кампос би требало да добие
отказ на почетокот на сезоната. Кампос ова лето беше мета на многу
критики. Тој пристигна пред нешто повеќе од една година и му беше
доверена задачата да го стабилизира и подобри тимот на францускиот
шампион.
Но прво не можеше да го задржи Лионел Меси кој замина да игра во
Америка, па ни Килијан Мбапе не го продолжи договорот. Клубот
сега веројатно ќе мора да го продаде најдобриот стрелец на
последното Светско првенство, откако го загуби актуелниот најдобар
играч на светот. Челниците на ПСЖ го загубија трпението со Кампос,
кој би можел да го напушти клубот веќе во септември.
Кампос има богата и интересна кариера. Од 2012 до 2013 година беше
скаут во Реал Мадрид. Потоа се пресели во Монако, каде беше
спортски и технички директор од 2013 до 2016 година, а на истата
функција беше во Лил од 2017 до 2020 година. Работеше, меѓу
другите, во Галатасарај, Селта Виго и неколку португалски клубови.


Фулам нема да му дозволи на Вилијан да премине во Ал Шабаб

Саудискиот клуб Ал Шабаб е активно заинтересиран за бразилското
крило на Фулам, Вилијан, објави познатиот инсајдер Фабрицио
Романо на своите социјални мрежи.
Според Романо, англискиот клуб не планира да го продаде играчот.
Клубот го сака овој играч и ќе направи се за да го задржи.
За предлогот на саудискиот клуб разговара и самиот Вилијан со
раководството на Фулам. Бразилецот неодамна, на 18 јули, го
продолжи договорот со Фулам.
Во сезоната 2022/2023, бразилскиот играч од средниот ред имаше 27
настапи во англиската Премиер лига за Фулам, постигнувајќи пет гола
и правејќи пет асистенции. Фулам ја завршија сезоната на 10. место
на табелата, а Вилијан е проценет на 3 милиони евра од
Трансфермаркт.


Бонучи доби изненадувачка понуда од Ајакс

Дефанзивецот на Јувентус, Леонардо Бонучи сериозно ја разгледува
опцијата кариерата да ја продолжи во Холандија.
Според добро упатени извори, Ајакс има намера наскоро да започне
официјални преговори, а самиот Бонучи е отворен за преселба во
Амстердам.
Бонучи помина 12 сезони во Јувентус, со што стана олицетворение на
последната ера на клубот. Дефанзивецот неколку години беше
капитен на тимот, за кој одигра повеќе од 500 натпревари.
Минатата сезона 36-годишниот играч поретко играше на теренот
поради понеефикасната игра и бројните повреди. Според
италијанските медиуми, стручниот штаб на Јувентус го вклучил
Бонучи во групата играчи на кои „старата дама“ повеќе не смета.


Роберт Санчез од Брајтон пред потпис со Челзи

Челзи ја договори цената на голманот Роберт Санчез со Брајтон. Ова
го пренесува познатиот инсајдер Фабрицио Романо во својот
„Твитер“.
Според Романо, 25-годишниот голман ќе ги чини Сините 29 милиони
евра со бонуси. Исто така, се истакнува дека лондонскиот клуб се
уште преговара со оваа екипа во врска со играчот од средниот ред
Мојсес Каиседо.
Роберт Санчез се пресели во Брајтон од Леванте на 17 години.
Голманот играше како позајмен за Форест Грин во Втората лига и
Рочдејл во Лига 1.
За првиот тим на својот клуб одигра 90 натпревари. Голманот има
еден официјален натпревар за шпанската репрезентација.