feature

Баерн ќе му понуди нов договор на Џошуа Кимих

Баерн Минхен се обидува да го продолжи договорот со играчот од средниот ред Џошуа Кимих, кој истекува во 2025 година. Во тек се преговори меѓу двете страни за потпишување на нов тригодишен договор.

Да потсетиме, претходно беше објавено дека играчот од средниот ред сакал да го напушти клубот од Минхен ова лето по влошување на односите со некои членови на тимот и конфликт со еден од претставниците на стручниот штаб на Томас Тухел. Фудбалерот смета дека претставниците на стручниот штаб престанале да го почитуваат.

Оваа сезона играчот од средниот ред одигра 28 натпревари за Баерн Минхен во сите натпреварувања, на кои постигна еден гол и шест асистенции.


Легендарниот Ван Бастен се враќа во Ајакс

Според објавите во холандските медиуми, челниците на Ајакс од Амстердам планираат летна чистка во овој трофеен клуб.

Имено, една од главните идеи на новите раководни лица од клубот е поставувањето на легендарниот поранешен фудбалер, Марко Ван Бастен за директор за спортски операции. Прославениот голгетер со својот тим на соработници ќе има главна задача да го врати стариот сјај на Ајакс кој мора секогаш да се бори за титули како во домашното првенсто, така и во европските натпреварувања.

Доколку Ван Бастен ја прифати понудената позиција, некои извори пишуваат дека има намера во клубот да врати и некои поранешни играчи кои би се вклучиле во работа со прославената академија која е неверојатен расадник на млади таленти.


Берари сериозно се повреди и пред време ја заврши сезоната

Најдобриот фудбалер на Сасуоло, Доменико Берарди ја заврши сезоната по повредата со која се здоби денеска во натпреварот против Верона.

Сасуоло има кошмарно попладне зад себе, поразот од Верона можеби не боли толку како повредата на иконата на клубот Доменико Берарди.

Берарди кој е душата и срцето на тимот го напушти натпреварот во 60. минута. Италијанецот се здоби со повреда на Ахиловата тетива и дефинитивно за него сезоната е завршена.

Нема дилеми дека битката за опстанок за Сасуоло ќе биде многу потешка без Берарди на теренот. Берарди сезонава постигна девет гола и подели три асистенции.


Тухел ќе остане тренер на Баерн само ако го мине Лацио

Toмас Тухел остана на клупата на Баерн и по ремито со Фрајбург во петокот, меѓутоа прашање е дали ќе биде така ако не го елиминира Лацио во Лигата на шампионите.

Веќе е потврдено дека наредната сезона германскиот стратег нема да го води Баерн, но може да се случи да замине и порано ако резултатите на тимот не се подобрат. Германските медиуми пренесуваат дека ако Тухел биде елиминиран од Лацио во ЛШ веднаш ќе добие отказ.

Ќе потсетиме, во првиот натпревар Лацио го победи Баерн со 1-0 и сега во реваншот ќе ја брани предноста.

Најголема желба на Баерн за наследник на Тухел е Чаби Алонсо и во овој момент не изгледа дека има адекватна замена за Тухел, па токму и поради тоа Баерн претходно се одлучи да ги води до завршувањето на актуелната сезона.


Брињоне победи на супервелеслаломот во Квитфјел

Италијанката Федерика Брињоне ја оствари 25 победа во Светскиот куп по денешниот триумф на супервелеслаломот во Квитфјел, Норвешка. Брињоне оствари време од 1:37.30 минути, доволно за да заврши пред Лара Гут Бехрами од Швајцарија и Естер Ледецка од Чешка.

Тоа е нејзина 10-та победа во супервелеслаломот во СК и четврта оваа сезона. Ледецка е прв пат на подиумот по речиси четири години.Вчера во супервелеслаломот во Квитфјел победи Лара Гут Бехрами.

Следните натпревари се во шведскиот Оре на 9 март и 10 март.Во генералниот пласман води Гут Бехрами со 1594 бодови, пред Брињоне со 1268 бодови и Микаела Шифрин со 1209.


Холанѓанката Бол го подобри сопствениот светски рекорд на 400 метри

Фемке Бол ја продолжува својата игра со светскиот рекорд на 400 метри во сала. Холанѓанката го освои златото на Светското првенство во Глазгов време 49,17 секунди.

Пред само две недели Бол на холандскиот шампионат истрча време од 49.24.

Втора беше нејзината сонародничка Лика Клавер со 50,16, додека бронзата и припадна на Американката Холмс со 50,24.


Чави нема да се предомисли и ќе замине од Барса ова лето

На крајот на јануари тренерот на Барса, чави објави дека ќе го напушти каталонскиот клуб. Веднаш по тоа дојдоа четири победи и два нерешени меча.

„Ова прашање не е на дневен ред, бидејќи ништо не е сменето. Одиме чекор по чекор, се подготвуваме за натпреварот со Атлетик. До денес нема промени“, вели Чави.

„Забележав дека тимот стана поодговорен и поконкурентен. Играме со голема динамика, но тоа треба да се покажува на секој натпревар.По одлуката за заминување се обединивме“, потенцираше тренерот на Каталонците.


Терзиќ пред смена, Борусија Дортмунд разгледува опции за нов тренер

Според германските медиуми поддршката за Един Терзиќ од страна на генералниот директор на клубот Ханс Јоаким Вацке, постепено слабее. 

Се претпоставува дека претстојните натпревари на тимот од Дортмунд, особено со Вердер, ќе бидат од одлучувачко значење за судбината на германскиот стручњак.

Исто така значаен момент ќе биде реваншот со ПСВ во елиминациите во Лигата на шампионите.  


ФИФА негира дека ќе биде имплементиран син картон

Претседателот на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино е против идејата да се воведе син картон со кој фудбалерите би биле исклучени на одредено време.

Инфантино на 138-то годишно собрание на ФИФА во Шкотска кажа дека не планира да се воведе правило како во ракометот и ватерполото.

„Нема да има син картон на елитно ниво. Тоа е прашање кое за нас не е на дневен ред. Не бев запознаен со овој проблем, јас сум претседател на ФИФА и мислам дека не ни треба таков картон“, кажа Инфантино.


Балардини назначен за тренер на Сасуоло до крајот на сезоната

Италијански Сасуоло го назначи Давиде Балардини за главен тренер до крајот на сезоната, соопштија од клубот. Балардини го замени привремениот шеф Емилијано Бигица, кој го предводеше Сасуоло на мечот со Наполи, кој го загубија со 6-1.

Бигица ја презеде функцијата во неделата кога Алесио Диониси беше отпуштен по серија од шест натпревари без победа што го стави Сасуоло во зоната за испаѓање.

Балардини беше тренер на Каљари, Палермо, Лацио, Џенова и Болоња во Серија А. Неодамна беше на чело на Кремонезе, но беше отпуштен во септември.