feature

Атлетико Мадрид го враќа Регуиљон во Шпанија

Атлетико Мадрид постигна договор за трансфер на Серхио Регилон, пренесуваат шпанските медиуми.

Регилон мораше да го напушти Тотенхем ова лето бидејќи Конте повеќе не смета на него и му порача да си бара нов клуб. Неколку клубови покажаа интерес за 25-годишниот Шпанец, но на крајот Атлетико Мадрид ја доби битката за неговиот потпис.

„Јорганџиите“ ќе го донесат левиот бек на позајмица со право на откуп следното лето и тој ќе биде замена за Ренан Лоди.


Белоти потпиша за Рома, потпиша договор на една сезона

Многу посакуваниот уште еден напаѓач на Жозе Мурињо во Рома сега е достапен откако клубот денеска го финализираше потписот со Андреа Белоти.

Италијанскиот интернационалец пристигнува како слободен играч по заминувањето од Торино во текот на летото.

Сепак, донекаде е чуден неговиот договор со „волците“ кој е само за една сезона. Договорот има опција да се продолжи за уште две, но само доколку се исполнат одредени услови. Сето тоа при ситуација кога Белоти има само 28 години.

Во последната кампања „Петелот“, како што е познат играчот, реализираше нетипично малку голови за себе – само осум.


Одлично одигран добитен тикет и заработен Евро Бонус од 107 %

Играч во обложувалница на Евротип во Штип, состави одличен добитен тикет на кој успеа да погоди 16 парови од фудбалски и кошаркарски натпревари со коефициент 1643.52, при што со уплата од 200 денари стана добитник на вкупно 578.384 денари.

Интересен е фактот што добиениот Евро Бонус на добитната комбинација изнесува фантастични 107%, односно 351.713 денари, износ кој е повисок од основната добивка.

Ова е одличен пример за тоа колку се привлечни и високи бонусите кои ги доделуваат обложувалниците Евротип. Големо браво за добитникот и неговата умешност во уплатата.


Лукаку се повреди и нема да игра против Милан?

Италијанските медиуми пренесуваат дека напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку, поради повреда ќе отсуствува од терените најмалку една недела. Лукаку со повредата се здоби на последниот тренинг со екипата.

Лукаку со сигурност го пропушта натпреварот од четвртото коло на Серија А против Кремонезе, кој се игра утре.

Италијанските медиуми наведуваат дека е прашање дали белгискиот голгетер ќе биде подготвен за настап во големото дерби со градскиот ривал Милан кое е закажано за во сабота.

Лукаку во летниот преоден рок пристигна во Интер како позајмен играч од Челзи, и во новата сезона одигра три натпревари и постигна еден гол.


Галинари сериозно се повреди и ќе го скокне Евробаскетот

Данило Галинари заработи тешка повреда на натпреварот против Грузија (91-84), поради што ќе го пропушти претстојното Европско првенство во кошарка.

Имено, при едно приземјување на контранапад, се чини дека Италијанецот ги оштети лигаментите на коленото, бидејќи веднаш се фати за ногата и остана на подот. Од фотографијата се гледа дека се работи за тешка повреда, за што пишуваа и неговите колеги од Италија, па НБА ѕвездата најверојатно ќе мора да закрепнува неколку месеци.

Првите прогнози велат дека можеби тој нема да биде на паркетот до следната година, но дефинитивно треба да почекаме да се огласи италијанскиот лекарски тим.

Имајќи го предвид тоа како изгледаше повредата, како и фактот дека Галинари не е првпат да има проблеми со лигаментите, би било вистинско чудо доколку заигра на Евробаскет кој започнува за три дена.


Манчестер плаќа 100 милиони евра за Антони од Ајакс

Англискиот Скај Спортс пренесува дека Манчестер Јунајтед се согласи да плати обештетување од 100 милиони евра за доведување на Бразилецот Антони од Ајакс.

Клубот од Амстердам пред неколку дена ја одби понудата на Јунајтед од 90 милиони евра. Антони се очекува во текот на денот да пристигне во Манчестер на лекарски прегледи и да потпише долгорочен договор со клубот од Олд Трафорд.

Антони ќе биде најновото засилување на Манчестер Јунајтед ова лето, откако во клубот претходно пристигнаа Ериксен, Мартинез, Маласиа и Каземиро.


Разделбата на Рикардо и Мекларен е удар за Формула 1 спортот

Во деновите пред викендот за ГН на Белгија, Даниел Рикардо објави дека ќе се раздели со тимот на Мекларен една година пред да му истече договорот, што поранешниот шеф на Австралиецот, Кристијан Хорнер го опиша како „многу тажно“.

Рикардо му се приклучи на тимот од Вокинг на почетокот на 2021 година, но освен неговата победа во Монца, тој се претстави драстично под очекувањата. Токму поради тоа тие побараа од Мекларен да се разделат со Рикардо и да го заменат со неговиот помлад колега Оскар Пјастри, кој ќе застане до Ландо Норис во тимот.

Нормално, оваа тема беше една од водечките по враќањето во Формула 1 викендов, а ја коментираше и првиот човек на Ред Бул – Хорнер. Рикардо се тркаше за „биковите“ од 2014 до 2018 година, откако претходно помина две години во Торо Росо.


Нагелсман: Не победивме, но ова беше нашиот најдобар натпревар сезонава

Тренерот на Баерн, Јулијан Нагелсман ја критикуваше арбитражата на натпреварот против Борусија Менхенгладбах, кој заврши 1-1. Баварците создадоа огромен број на шанси, но не можеа да ги освојат сите три бода на оваа средба, а Нагелсман не беше задоволен од некои одлуки на судијата Даниел Шлагер.

„Имавме 35 удари, што не е лошо. Лут сум затоа што одигравме добро и судијата ги решаваше сите контроверзни ситуации во корист на нашиот противник. Единственото нешто за што можам да ги обвинам играчите е што не ги искористивме нашите многубројни можности за гол. Ужасна работа на судиите. Имаше околу 20 прекршоци кои можеа да поминат во секој случај, но секогаш беа досудени за Борусија. Сега веројатно ќе ме казнат“, изјави Нагелсман и додаде дека без разлика на резултатот ова е најдобриот натпревар на Баерн од почетокот на сезоната.


Ливерпул и Селтик преговараат за Мет О’Рајли

Ливерпул до крајот на овој преоден рок би можела да реагира и да доведе играч за врска, неколку играчи се на мета на „црврните“, а еден од нив е посебно интересен.

Според последните информации скаутите на Ливерпул биле импресионирани од 21-годишниот Мет О’Рајли. Иако Селтик не сака да го продаде Ливерпул ќе се обиде со понуда од околу 20 милиони фунти да ги натера да го променат мислењето.

Ливерпул не е единствениот кој е заинтересиран, со неговото име се поврзуваа уште Арсенал, Манчестер Јунајтед и Борусија Дортмунд. Но, досега најконкретен беше Лестер кој испрати понуда, меѓутоа истата Селтик ја одби.


„Ѓаволите“ се вклучија во трката по Обамејанг

Манчестер Јунајтед испратил понуда за напаѓачот на Барселона, Пјер-Емерик Обамејанг. „Црвените ѓаволи“ бараат да го засилат нападот пред да се затвори летниот преоден рок и се смета дека 32-годишниот Габонец е одлична опција.

Тој во последните денови беше блиску до договор со Челси, но клубовите допрва треба да се договорат за трансфер.

Обамејанг оваа сезона забележа еден настап во Ла Лига за Каталонците без постигнат гол.

Неговиот договор со тимот е до 30 јуни 2025 година.