feature

Надал му се враќа на тенисот по Божиќните празници

Шпанските медиуми објавија дека Рафаел Надал ќе се врати на тениските терени и ќе настапи на Австралијан опен.

Надал пред неколку недели доби дозвола од докторите да почне со тренинзи, а шпанското радио „Кадена Сер“ објави дека тој ќе замине во Австралија по Божиќ на 25 декември.

Постои можност да одигра и уште еден подготвителен турнир, иако за такво нешто засега нема потврда од самиот тенисер. Надал во меѓувреме доживеа голем пад на АТП-листата и во моментов е на 663. место, но секако ќе настапи на Австралијан опен.


Се воведува портокалов картон во фудбалскиот свет

Меѓународнот тим за фудбалски правила потврди дека во фудбалот покрај жолт и црвен ќе се воведе и портокалов картон.

Портокаловиот картон ќе значи привремено исклучување и ќе се добива за недолично однесување.

Фудбалерот кој ќе добие портокалов картон ќе мора да оди на „ладење“ десет минути, а потоа ќе се врати на теренот. Интересно е што овој карто нема да го покажува главниот, туку четвртиот судија на теренот.

Овој новитет прво ќе почне да се користи во вториот ранг на англиски фудбал, Чемпионшип и тоа од сезоната 2024/25.


Алисон и Жота ќе паузираат во декември заради повредата во дербито со Сити

Јирген Клоп потврди дека Алисон Бекер и Диого Жота ги очекува пауза, поради повредите со кои се здобија во дербито против Манчестер сити.

„Двајцата се надвор од тимот. Повредата на Алисон е поблага, нема да можеме да сметаме на него оваа и следната недела. Жота ќе мора да паузира малку подолго”, изјави Клоп.

Прогнозите се дека голманот Алисон ќе отсутвува три, а Жота пет недели.Покрај споменатиот тандем, повреден е и Енди Робертсон, кој ќе се врати по Нова година.

Се очекува Алисон да биде подготвен за дербито со Манчестер јунајтед на 17 декември, а ќе ги пропушти ЛАСК и Ројал Унион во Лига Европа, како и првенствените натпревари против Фулам, Шефилд и Кристал Палас.


Белингем сруши два нови рекорди во ЛШ

Фантастичниот Џуд Белингем продолжува да испишува историја, неговиот гол против Наполи му донесе два нови рекорди.

Тој е првиот фудбалер на Реал Мадрид кој постигнал гол на секој од своите први четири натпревари во Лигата на шампионите.

Белингем стана и првиот Англичанец во историјата кој постигнал десет голови во Лигата на шампионите пред да наполни 21 година.


Познати сите осум учесници во првиот Куп на НБА лигата

Осум екипи се пласираа во четвртфиналето на новото натпреварување на најсилната кошаркарска лига во светот, т.н. НБА куп. По натпреварите од изминатата ноќ формиран е костурот на нокаут фазата на турнирот кој започнува на 4 и 5 декември.

Потоа ќе се играат четвртфиналните дуели во двете конференции, полуфиналето е закажано за 7 декември, а големото финале за два дена подоцна.

Од групата А запад, во четвртфиналето се пласираа Лос Анџелес Лејкерс (4-0) и Феникс (3-1). Од Б групата со скор 3-1 натпреварувањето го продолжува Њу Орлеанс.

Од групата Ц Запад, Сакраменто се пласираше во четвртфиналето со победата од 124:123 над Голден Стејт. Сакраменто ги забележа сите четири победи.

Од Во А групата на во Источната конференција, патот го продолжува Индијана со скор 3-1, со четири победи Б групата ја мина Милвоки, а со скор 3-1, Бостон беа најдобри во Ц групата.

Како тимови со најдобри +/-, Феникс Санс на Запад и Њујорк Никс на Исток ги добија вајлд-картите.

Во четвртфиналето на Истокот ќе играат Њујорк – Милвоки и Бостон – Индијана, а на Западот Феникс – Лос Анџелес Лејкерс и Њу Орлеанс – Сакраменто.


Јуве се распрашува за Бразилецот Касемиро

Касемиро не е задоволен од тоа како се одвиваат работите во Манчестер Јунајтед и сака да си замине од „Олд Трафорд“.

Тој не е во добри односи со тренерот Тен Хаг и жали што го напушти Реал Мадрид за да се пресели во Манчестер Јунајтед, кој и оваа сезона има слаби резултати. 31-годишниот играч за врска пристигна во Манчестер во летото 2022 година за сума од 70 милиони евра, но никогаш не пружи игри како тие во Мадрид.

Бразилецот има богата понуда од Саудиска Арабија, но сака да остане во Европа, па во овој момент најреална опција е Серија А.

Имено, Јувентус покажува силен интерес за Бразилецот бидејќи во него гледа идеална замена за Погба и сака да го доведе во јануари.


Ако Пиоли добие отказ негов наследник ќе биде Шевченко?

Милан се наоѓа во резултатска криза како во Серија А, така и во Лигата на шампиони.

После синоќешниот пораз од Борусија Дортмунд има само теоретски шанси за пласман во осминафиналето, па почнаа гласините за смена на тренерот Пиоли. Италијанските медиуми пренесуваат дека легендата Шевченко се понудил да седне на тренеското столче на местото на Пиоли.

Во меѓувреме, газдата Гери Кардинале го одложил враќањето во САД и попладнево се сретнал со Стефано Пиоли, заедно со генералниот извршен директор Џорџо Фурлани.

Раководството му дало доверба на тренерот Пиоли и засега не размислува за тренерска смена.


Арсенал го сака Словенецот Шешко од РБ Лајпциг

Микел Артета во зимскиот проден рок сака да ангажира талентиран фудбалер во нападот, а изборот паднал на фантастичниот Бенџамин Шешко од Лајпциг.

Овој 20-годишен напаѓач привлече големо внимание на неколку гиганти, а на Островот го нарекуваат „новиот Халанд“. Шешко би бил решение за нападот на Арсенал во следните години, а Лајпциг за неговите услуги бара 50 милиони евра.

Напаѓачот оваа сезона одигра 16 натпревари за „биковите“ и постигна седум голови.


Топиќ втор пик на следниот НБА-драфт

Американските медиуми велат дека младиот српски репрезентативец Никола Топиќ би можел да бидат втор пик на претстојниот драфт во кошаркарската НБА лига.

Доколку тоа навистина се случи, Топиќ би го облекол дресот на екипата на Вашингтон Визардс.

Бекот кој има само 18 години, во тековнава сезона во АБА лигата има просек од 19,2 поени и 6,6 асистенции.


Пиоли ризикува отказ ако Милан остане без Европа

Тренерот на фудбалерите на Милан, Стефано Пиоли, може да добие отказ доколку клубот испадне од Лигата на шампионите.

„Росонерите“ по пет кола од групната фаза се наоѓаат  на последното место на табелата со само пет бодови. Пред нив се а ПСЖ, Борусија Дортмунд и Њукасл.

Миланезите во последното коло ќе гостуваат кај Њукасл. Доколку екипата од Милано не влезе во елиминациите, ќе загуби најмалку 160 милиони евра.