feature

МекКени ќе биде жртва по потписот на Локатели

Јувентус размислува да го продаде својот играч за врска, младиот Американец Вестон МекКени. Според неколку извори, составот од Торино добил неколку понуди за 22-годишниот американски репрезентативец од клубови од други шампионати.

Мекени реално би требало да си замине поради трансферот на Мануел Локатели, кого Јувентус го изнајми од Сасуоло во период од две години.

Закупот на Мекени од Шалке го чинеше Јувентус 4,5 милиони евра, а целосна транзиција – 18,5 милиони евра. Покрај тоа, Шалке може да смета на 6,5 милиони евра во бонуси. Договорот на Американецот со „Старата Дама“ важи до 30 јуни 2025 година.


Арсенал има нов чувар на мрежата

Англискиот голман Арон Рамсдејл е нов голман на Арсенал.

Арсенал и Шефилд Јунајтед се договорија околу се  и Ремсдејл ќе се пресели во лондонскиот клуб, пренесува добро информираниот Фабрицио Романо.

Шефилд ќе добие 30.000.000 евра за трансферот на Рамсдејл.

Исто така, Рамсдејл договори се околу личните услови со Арсенал за договорот и платата.

Рамсдејл има 23 години и кариерата ја започна во 2016 година во Шефилд, а во својата кариера бранеше и за Борнмут, Честерфилд и Вимблдон.


Емерсон Палмеири позајмен од Челзи во Лион

Дефанзивецот на Челзи, Емерсон Палмиери, наскоро ќе се пресели во Лион. Новинарот Фабрицио Романо објави дека двете страни ја договориле позајмицата.

27-годишниот италијански дефанзивец минатата сезона одигра само два натпревари за Челзи и тоа од клупата. Емерсон беше на мета и на неколку италијански клуба ова лето, но по се изгледа Челзи не доби добра понуда за да го врати во Серија А.


Јунајтед му нуди на Погба вистинско богатство!

Манчестер Јунајтед му нуди петгодишнот продолжување на договорот на Пол Погба, а доколку францускиот играч за врска го прифати, ќе стане најплатен фудбалер во клубот. Попрецизно, Јунајтед на Погба му нуди нов договор според кој би бил платен 400 илјади фунти неделно.

Тоа претставува значајно зголемување на примањата на францускиот репрезентативец, кој во моментот има плата од 290 илјади фунти неделно. Во моментот, само Давид де Геа има „поскап“ договор од Погба.

Погба за Јунајтед е „врзан“ уште сезонава, а веќе подолго време се пишува за негово заминување. Доколку не потпише нов договор, веќе наредното лето би можел бесплатно да го напушти клубот, кој тогаш го доведе во рекорден трансфер вреден 105 милиони евра.


Тотенхем блиску до Хусем Ауар

Тотенхем спремил понуда за ѕвездата на Лион. Станува збор за 22-годишниот Хусем Оуар, талентиран играч за врска со огромен потенцијал, кој го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Оуар е поливалентен офанзивен фудбалер кој може да игра на повеќе позиции, а особено е ценет поради своите технички способности.

Арсенал минатото лето се обидуваше да го донесе Французинот на „Емирати“, но Лион не попушти и бара 60 милиони евра за неговиот потпис.

Сега Тотенхем е клубот кој покажува најсилен интерес, а медиумите тврдат дека трансферот може да се реализира за 45 милиони евра плус бонуси.


Милевски го одржа првиот работен состанок како селектор

Фудбалската федерација на Македонија, како и досега, активно продолжува да работи со цел да ја унапреди состојбата на фудбалот во нашата земја.

Новиот предводник на А селекцијата на Македонија, Благоја Милевски заедно со техничкиот директор на федерацијата, Зоран Стратев, како и раководителот на сите селекции, Никола Зердески одржаа работен состанок во просториите на „Куќата на фудбалот”. На средбата се разговараше за неколку актуелни теми, со цел поуспешни резултати на сите наши национални тимови. Најголем акцент беше ставен на меѓусебната координација на сите селекциите, односно тоа дека сите наши репрезентации ќе почнат со имплементација на играње со иста формација, се со цел полесно вклопување на играчите во секоја наредна фаза во селекцијата, за крај и успешна афирмација на самите фудбалери во А селекцијата. Очекувањата се оптимистични, а сето тоа е добра најава за нови, поголеми успеси на сите наши национални тимови.

„Разговаравме околу принципите на селектирање, системите на игра со кој ќе се обучуваат фудбалерите, како и самиот профил на репрезентативците, односно кои индивидуални карактеристики треба да ги поседуваат за да бидат членови на репрезентацијата, без оглед на тоа за која возрасна група имаат право да настапуваат.”, изјави новиот предводник на нашата најсилна селекција, Благоја Милевски.


Пандев потврди дека ќе игра уште една сезона за Џенова заради фановите

Нашиот фудбалски интернационалец, Горан Пандев, во последното интервју наведе кој бил клучниот фактор за продолжување на соработката со италијанскиот состав Џенова.

„Сакам да му заблагодарам на претседателот на клубот, тренерот и стручниот штаб, моите тимски колеги и сите навивачи на клубот. Поради вашата поддршка, ме убедивте да останам уште една сезона. Со нетрпение ја чекам новата сезона на „Луиџи Ферарис“, напред Џенова“, порача Горан Пандев.

Ќе потсетиме дека популарниот, Гоче, по настапот на Европското првенство најави дека ќе се прости со репрезентативниот дрес.


Лапорт најави заминување од Манчестер Сити

Емерик Лапорт дефинитивно сака да си замине од редовите на Манчестер Сити. 27-годишниот дефанзивец кој има договор за уште четири сезони, главно седи на клупата за резерви откако Џон Стоунс и Рубен Диас се зациментираа во првата постава.

Емерик сака да се врати во Шпанија бидејќи за неговите услуги се заинтересирани: Барселона, Реал и Атлетико Мадрид.

Наводно, Лапорт влегува и во радарот на Јувентус, но, неговата висока плата од 160.000 фунти, претставува голем проблем за „старата дама“.


Керер се враќа во Бундеслигата, Баерн го договори дефанзивецот на ПСЖ

Дефанзивецот на ПСЖ, Тило Керер е блиску до преселба во Баерн, пишува „Л’Екип“.

Според изворот, претставници на 24-годишниот германски фудбалер се состанале со раководството на Баерн Минхен минатата недела. Керер очекува да добие поголема минутажа во германскиот шампион. Наводно, страните се договориле за тригодишен договор. Претходно, Керер одби да се пресели во Баер Леверкузен, бидејќи сака да игра во Лигата на шампионите на УЕФА.


Агуеро одбра дрес со број 19 во Барселона сезонава

Напаѓачот на Барселона, Серхио Агуеро, не сакал да го земе дресот со број 10 во Барселона, со кој до оваа сезона настапуваше Лионел Меси. Според извори од Барселона, Агуеро одлучил да настапува со дресот со број 19.

Агуеро се пресели во Барселона во јули оваа година како слободен фудбалер. Претходно стана јасно дека Агуеро ќе го пропушти почетокот на новата сезона поради повреда. За време на медицинскиот преглед на аргентинскиот интернационалец, лекарите открија сериозна повреда на лигаментите на глуждот.