feature

Аксел Витсел е првото засилување за Атлетико Мадрид

Искусниот фудбалер за врска Аксел Витсел официјално е претставен како нов играч на Атлетико Мадрид.

33-годишниот репрезентативец на Белгија е првото засилување за шпанскиот клуб во овај преоден рок. Тој во Мадрид доаѓа како слободен играч од Борусија Дортмунд и потпиша договор до јуни 2023 година.

Својата кариера Витсел ја започна во Стандард, а потоа го носеше дресот на Бенфика, Зенит, кинескиот Тјанџин, и Борусија Дортмунд. За репрезентацијата на Белгија има одиграно 124 натпревари и постигнато два гола.


Пакета ќе ги одбие сите понуди и ќе остане во Лион

Играчот од средниот ред на Олимпик Лион, Лукас Пакета го привлече вниманието на врвните европски клубови.

Според „ESPN“, претставници на Пари Сен Жермен, Манчестер Сити, Арсенал и Тотенхем биле во контакт со играчот од средниот ред во последните недели, но не успеале да постигнат напредок во преговорите.

Бразилецот е задоволен од својата позиција во тимот и нема да бара да биде продаден. Се очекува тој да продолжи со Олимпик Лион и следната сезона.

Лукас Пакета минатата сезона имаше 35 настапи и 15 постигнати гола во дресот на својата екипа.


Шалке го ангажира капитенот на Јапонија

Повратникот во Бундеслигата екипата на Шалке соопшти денес дека нов играч во тимот е Јапонецот Маја Јошида.

Доскорешниот фудбалер на Сампдорија со Шалке потпиша едногодишен договор, со можност за продолжување на уште една сезона.

33-годишниот Јошида поголемиот дел од кариерата го мина во екипата на Саутемптон каде одигра вкупно 194 натпревари.


Монца сака нова ѕвезда, Галијани преговара со Џеко

Трансфер пазарот е на големо отворен, така е и во Италија, а еден од оние кои би можеле да ја променат средината во наредниот период е Един Џеко, барем според медиумите во Италија.

Џеко моментално е играч на Интер и има статус на „сигурен“ кај Нероаѕурите, но без разлика на тоа, италијанските медиуми продолжуваат да шпекулираат за иднината на капитенот на Босна и Херцеговина.

Денес пристигнува по малку изненадувачка вест за евентуалниот трансфер на Џеко.


Бодирога ќе биде нов претседател на Евролигата

Прославениот српски кошаркар Дејан Бодирога ќе биде назначен за нов претседател на Евролигата, додека Маршал Гликман ќе ја преземе функцијата на привремен извршен директор.

Се очекува Бодирога да биде предложен за претседател на состанокот на акционерите од Евролигата кој ќе се одржи во Петок.

Според информациите, сопствениците на Евролигата веќе подолг период размислуваа и донесоа одлука да му ја доверат функцијата на Бодирога од кого се очекува во потполност да го трансформира и унапреди ова натпреварување.


Баерн Минхен подготви 100 милиони евра за купување на Осимен

Шампионот на Германија Баерн од Минхен е подготвен да издвои 100 милиони евра за ангажман на напаѓачот од Наполи, Виктор Осимен.

Баварскиот тим се спрема за заминувањето на најдобриот стрелец на екипата, Роберт Левандовски кој посакува трансфер во Барселона, па така на Осимен се гледа како на ново решение за нападот.

Нигерискиот напаѓач минатата сезона постигна 18 гола за Наполи, на 32 натпревари, но пропушти голем број на мечеви поради повреда. За својата репрезентација Осимен има одиграно 22 натпревари и успеа да постигне 15 погодоци.


Умтити заврши со Барса, се наоѓа пред потпис со Рен

Самуел Умтити конечно ќе се раздели со Барселона и кариерата ќе ја продолжи во Рен, пренесуваат каталонските медиуми

Клубот веќе две години се обидува да го продаде Французинот, кој пак категорично ги одбиваше сите понудите. Умтити се согласи да ја намали својата плата во јануари, кога потпиша нов договор со Барса.

Сепак, за целата сезона тој забележа само еден натпревар во Ла Лига, а сега е спремен да ја промени средината.

На „Камп Ноу“ се подготвени да го пуштат Умтити без обештетување само да се ослободат од неговата плата, бидејќи има договор до 2026 година. Според последните информации Французинот ќе ја продолжи кариерата во Рен.


Њукасл не застанува со трансфери

Сопствениците на Њукасл Јунајтед не запираат со доведување на нови играчи во летниот преоден рок. После ангажманот на Свен Ботман, на мета на клубот се најде и фудбалерот на Бајер Леверкузен, Муса Диаби.

Според достапните информации, од Њукасл за 22-годишниот крилен напаѓач се подготвени да достават понуда од 40 милиони фунти.

Дококу се реализира трансферот на францускиот репрезентативец, тогаш тој ќе биде најскап играч во историјата на клубот.


Манданда го замени Олимпиј Марсеј со Рен

Стив Манданда е пред трансфер во Рен. После помалку од една недела откако замина Хорхе Сампаоли, навивачите на Марсеј ќе мораат да се помират со заминувањето на еден од нивните миленици. Манданда кој има 37 години ќе го напушти „Велодром“ по вторпат во кариерата.

За разлика од претходниот пат сега нема да ја менува земјата. Тогаш во 2016 година потпиша за Кристал Палас каде што не се снајде и брзо се врати дома. Манданда е една од легендите на овој клуб каде што играше дури 14 години. Дојде од Авр во 2007 година на позајмица.


Ивановски се пласира во четвртфиналето на јуниорскиот Вимблдон

Младиот македонски тенисер Калин Ивановски успеа да се пласира во четвртфиналето на овогодинешниот Вимблдон во јуниорска конкуренција.

Ивановски со одлична игра славеше во дуелот со Едас Бутвилас од Литванија, со резултат од 2:1 во сетови(6:4, 5:7, 6:0).