feature

Дурант побара трејд, Мајами фаворит за неговиот потпис

Кевин Дурент предизвика тектонски потрес во НБА лигата, бидејќи еден од најдобрите играчи на ова натпреварување побара да си замине од Бруклин Нетс.

Како што пренесуваат и двајцата „инсајдери“, Шемс Чаранија од „Атлетик“ и Адријан Војнаровски од „ЕСПН“, Дурант официјално побарал и доставил барање за трејд од тимот од Њујорк. Уште не е познато каде ќе игра следната сезона, но двајца фаворити излегоа во преден план.

Првата „идеална дестинација“ за Дурент е Мајами Хит. Тимот од Флорида сака да ги спои него и Џими Батлер, што треба да биде доволно за чекор напред и борба за титулата.


Ричарлисон е нов играч на Тотенхем

Тотенхем објави дека бразилскиот напаѓач Ричарлисон и официјално е нов играч на лондонскиот клуб.

Ричарлисон потпиша петгодишен договор, и се пресели во екипата на Тотенхем после четири години поминати во Евертон.

Англиските медиуми пренесуваат дека целиот трансфер е вреден 60 милиони фунти. Бразилскиот напаѓач во Премиер лигата на вкупно 173 настапи за Евертон и Ватфорд постигна 48 гола.

Ричарлисон е четврт нов играч во Тотенхем во овај преоден рок после голманот Форстер, Иван Перишиќ и Ив Бисума.


Педри ја грабна осумката на Иниеста во Барса

Талентираниот играч за врска на Барселона, Педри избра нов број за следната сезона.

Талентираниот играч за врска на Барселона, Педри избра нов број за следната сезона.

19-годишниот плејмејкер го избра „осумката“ која има легендарен статус на „Камп Ноу“.

Во првите две сезони на „Камп Ноу“ тој го носеше дресот со број 16, но после заминувањето на Дани Алвеш одлучи да ја земе „осумката“.

Дресот со овој број беше носен од многу легенди на Барселона како Христо Стоичков и Андрес Иниеста, а сега таа чест ќе ја има Педри.

19-годишниот плејмејкер го избра „осумката“ која има легендарен статус на „Камп Ноу“.
Во првите две сезони на „Камп Ноу“ тој го носеше дресот со број 16, но после заминувањето на Дани Алвеш одлучи да ја земе „осумката“.
Дресот со овој број беше носен од многу легенди на Барселона како Христо Стоичков и Андрес Иниеста, а сега таа чест ќе ја има Педри.


Нов светски рекорд на Арманд Дуплантис

Шведскиот атлетичар Арманд Дуплантис постави нов светски рекорд во скок со стап на отворено.

Најдобриот скокач со стап на денешницата, успеа да го собори сопствениот рекорд кој сега изнесува 6.16 метри. Дуплантис новиот рекорд го забележа пред домашната публика на атлетскиот митинг од Дијамантската лига во Стокхолм.

Претходниот најдобар резултат на Дуплантис изнесуваше 6.15 и беше остварен во март 2020 година.


Јуве го сака Кимпембе како замена за Де Лихт

Јувентус би можел да го ангажира дефанзивецот на Пари Сен Жермен, Преснел Кимпембе. Според новинарот Џанлука Ди Марцио, 26-годишниот централен дефанзивец ќе го напушти ПСЖ. 

Јувентус би можел да го ангажира доколку Матијс де Лихт го напушти клубот. Претходно беше објавено дека Челзи покажува сериозен интерес за 22-годишниот дефанзивец на Јувентус. 

Лондонскиот клуб понуди 40 милиони евра за него, како и еден од двајцата играчи од кои може да си изберат: напаѓачот Тимо Вернер или играчот од средниот ред Кристијан Пулишиќ. Минатата сезона францускиот интернационалец забележа 41 настап за ПСЖ во сите натпреварувања и постигна два гола.


Барселона продаде дел од ТВ правата за 207,5 милиони евра

Фудбалскиот клуб Барселона продаде 10 % од клупските телевизиски права за натпреварите во Примера за наредните 25 години. 

Барселона ТВ правата ги продаде на американскиот фонд „Сикст Стрит“ за износ од 207,5 милиони евра.

Во соопштение од клубот се наведува дека со оваа трансакција Барса оствари капитална добивка од 267 милиони евра за наредната сезона.

Продажбата на телевизиските права е дел од финансиска одлука преку која ќе се зголемат приходите на клубот и ќе се овозможи купување на нови играчи.


Јокиќ го потпиша најголемиот договор во историјата на НБА

Рекордите на кошаркарот Никола Јокиќ досега се споменуваа само на теренот и според играчката статистика, но сега српскиот центар ги помести границите и кога се работи за паричната заработувачка.

Двократниот МВП на НБА лигата потпиша супервисок договор за продолжување на соработката со Денвер Нагетс. Тој во следните пет години ќе добие 264 милиони долари, што е најголем договор во историјата на НБА лигата.


Ренато Санчез се договори, доаѓа во ПСЖ за плата од шест милиони евра годишно

Играчот од средниот ред на Лил и Португалија, Ренато Санчес е блиску до договор за личните услови со Пари Сен Жермен.

Според изворот, францускиот клуб му понудил на 24-годишниот играч тригодишен договор со плата од 6 милиони евра по сезона. Претходно беше објавено дека Милан е главен кандидат за Санчес, но подоцна се дозна за намерата на ПСЖ да го купи португалскиот играч за врска.

Да потсетиме, Санчес се пресели во Лил од Баерн Минхен во 2019 година. Португалскиот фудбалер минатата сезона имаше 25 настапи во Лига 1, постигнувајќи два гола и пет асистенции. Санчес е дел од португалската репрезентација од 2016 година.


Американска компанија купува 10% од акциите на Барселона

Инвестициска компанија – „Sixth Street“ ќе купи 10% од телевизиските права на Барселона. Договорот ќе донесе 205 милиони евра во касата на каталонскиот гигант.

Неодамна раководството на Барселона одлучи да понуди на продажба 49,9 отсто од делот од клубот, кој работи со лиценцирање и продажба, како и 25 отсто од телевизиските права за наредните 25 години.

Се проценува дека на тој начин „Камп Ноу“ ќе се обезбедат меѓу 500 и 700 милиони евра за стабилизирање на финансиската состојба.


Кјелини: Неста и Пирло ме советуваа да дојдам во МЛС

Италијанскиот дефанзивец Џорџо Кјелини после 17 години поминати во Јувентус, реши да се пресели во Соединетите Американски Држави и да заигра за тимот на Лос Анџелес.

Кјелини пред новинарите откри дека за таков чекор го советувале легендарните Пирло и Неста.

„Потполно сум убеден дека во овој момент го избрав совршениот клуб за мене. Пред одлуката за преселба во редовите на Лос Анџелес, разговарав со Андреа Пирло и Алесандро Неста, кои уште во минатото ми велеа дека треба да заиграм во МЛС лигата“, изјави Кјелини.