Едерсон поради повреда ги пропушта натпреварите на Бразил
Бразилскиот голман и член на Манчестер Сити, Едерсон, поради повреда ќе ги пропушти претстојните натпревари на репрезентацијата против Колумбија и Аргентина во квалификациите за пласман на Светското првенство.
Едерсон настапите ги откажал поради повредата на стапалото која ја добил на неделниот натпревар од Премиер лигата против Челзи.
Популарните „кариоки“ во четврток гостуваат во Колумбија а потоа на домашен терен го играат јужноамериканското дерби против Аргентина.
Суспензија за седум белгиски тенисери заради местење мечеви
Седум тенисери од Белгија биле суспендирани поради местени натпревари од страна на Меѓународната агенција за интегритет на тенисот (ИТИА).
Според информациите тие местеле натпревари во својата земја, а потврдено е дека тенисерите ги признале прекршоците, па така полесно биле санкционирани.
Откриени се и имињата на тенисерите, станува збор за: Арзур Де Граф, Џилиен Дубаи, Ромен Барбоса, Максим Аутом, Омар Салман и Алек Витмер.
Тенисерите во зависност од вмешаноста добиле различни суспензии, најмалата е две години и седум месеци, додека најдолгата четири години и десет месеци.
„Бисер“ на Шалке интересен за сите европски гиганти
Гризман пред нов договор со Атлетико Мадрид
Најдобриот фудбалер на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман е подготвен да го продолжи договорот со мадридскиот клуб. Откако стана јасно дека Диего Симеоне ќе остане на клупата на Атлетико со нов договор кој го потпиша минатата недела, сега и Французинот се подготвува да стави потпис на продолжена соработка со „јорганџиите“.
Минатата недела, тренерот на Атлетико Мадрид потпиша нов договор со клубот до 2027 година.
„Тој е многу добар тренер, идеален за клубот. Мигел Анхел Гилдобро го знае ова. Сега е мој ред“, изјави напаѓачот на Атлетико, потврдувајќи ги гласините дека преговара за нова соработка со клубот.
Вртоглав приход на Баерн во фискалната сезона
Баерн Минхен оствари рекордни 854,2 милиони евра приход во фискалната 2022/23 година. Баварскиот гигант објави дека го надминал највисокиот приход од 750 милиони евра остварен во претпандемиската 2018/19 година. година.
„Баерн може уште еднаш да погледне наназад на исклучително успешната финансиска година. Во тешко економско опкружување обележано со инфлација и рецесија во Германија, постигнавме рекорден промет и значително зголемување на профитабилноста во однос на претходната сезона. Овие резултати ја покажуваат нашата сила“, рече потпретседателот на клубот Михаел Дидрих.
Добивката на клубот пред оданочување е 54,5 милиони евра, додека добивката по оданочување е 35,7 милиони евра што е зголемување за 23 милиони евра во однос на претходната сезона.
Барса го сака Ндиди од Лестер Сити
Барселона е силно заинтересирана за дефанзивниот играч за врска на Лестер, Вилфред Ндиди, пренесуваат медиумите на Островот.
Чави сака еден играч од средниот ред со дефанзивни карактеристики, но клубот нема голем буџет на располагање. Ндиди игра одлична сезона со Лестер во Чемпионшип и на 13 меча постигна 1 гол и запиша три асистенции.
Договорот на Ндиди со Лестер истекува на крајот на сезоната, па Барселона сака да го доведе во јануари за симболична сума.
Нигериецот своевремено беше доведен како наследник на Канте, а и минатата сезоната беше една од ретките светли точки во тимот.
Салах „раситна“ 200 гола за Ливерпул
Фудбалерите на Ливерпул денеска славеа очекувана победа против Брентфорд на „Енфилд “ со 3-0 во меч од 12. коло на Премиер лигата.
Египетскиот репрезентативец, Мохамед Салах, погоди во 39 и во 62 минута и прослави јубилеј.
Тој дојде до 200 погодоци во англиската елита. Од нив 198 ги постигна како играч на Ливепул а два во дресот на Челзи.
Ако Пиоли заработи отказ, прв пик на Милан е Англичанецот Потер
Милан влезе во серија од разочарувачки резултати, иако очекувањата на „росонерите“ оваа сезона беа многу големи.
Милан вчера повторно испушти два гола предност на гостувањето кај Лече и на крајот се спасуваше од пораз.
Во изминатите четири меча во Серија А Милан освои само еден бода и се оддалечи од врвот, па практично испадна од трката за скудетото. Клубот се уште не размислува за отказ на Пиоли, но тренерот повеќе не ужива голема доверба кај раководството.
„Скај Италија“ пренесува дека Милан сака да има спремна замена за Пиоли во случај да продолжат лошите резултати, а прва желба е екс тренерот на Челзи, Грем Потер, кој моментално е без ангажман.
Два гиганти на европскиот фудбал го сакаат Нико Вилијамс
Арсенал и Барселона се силно заинтересирани за бисерот на Атлетик Билбао, Нико Вилијамс.
Нико е брат на Инаки Вилијамс, важи за еден од најголемите шпански таленти во моментов и веќе има 10 настапи за шпанската репрезентација. Тој е дете на Атлетик Билбао и има договор со клубот до 2024 година, а баскискиот клуб прави се за да го задржи во своите редови.
Многу клубови се заинтересирани за неговиот потпис, но според информациите главната битка ќе ја водат Барселона и Арсенал.
Вилијамс уште во јануари може да потпише преддоговор со новиот клуб бидејќи на лето ќе биде слободен агент.
Ивановски почна со победа во квалификациите на Челинџерот во Кобе
Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски (4.носител во квалификациите) со победа го почна настапот на Челинџер 75 турнирот во јапонскиот град Кобе што се игра за награден фонд од 80.000 долари. Тој во првото квалификациско коло со 2-1 во сетови (6-7(3), 6-2, 6-2) го победи домашниот тенисер Риуки Мацуда (23 години, 570.место) кој во квалификациите играше со вајлд карта. За влез на главниот турнир Ивановски во понеделник во 2 часот и 30 минути по полноќ ќе игра против уште еден домашен тенисер Џејмс Кент Тротер, кој забележа победа од 2-0 во сетови (6-4, 7-5) против Колин Синклер.
Во мечот со Мацуда македонскиот тенсер стартуваше со загубен гем на свој сервис, но потоа во шестиот гем успеа да направи брејк и да изедначи на 3-3. Во 10. гем Ивановски не реализираше три сет топки, па така сетот се решаваше во тај брејк, кој го освои Мацуда откако поведе со 4-1 со два „мини брејка“. Во вториот сет на почетокот имаше по два брејка за секој од тенисерите, а Ивановски поведе со 4-2 и сетот го заврши со уште еден брејк за 6-2. Во решавачкиот сет македонскиот тенисер ја потврди фаворитската улога и поведе со 3-0 и 5-1 во гемови за сетот да го заврши со 6-2.
Ивановски имаше 14 ас сервиси во мечот, а и двојно повеќе „брејкови“ осум наспроти четири на ривалот. Притоа македонскиот тенисер имаше и подобар процент на ретрн од противникот: на прв сервис (41% наспроти 28%) и на втор сервис (62% наспроти 38). Скоорот на освоени поени беше 105:79 за Ивановски.