feature

Никола Влашиќ позајмен на Торино

Фудбалерот на Вест Хем и хрватски репрезентативец Никола Влашиќ, следната сезона ќе настапува за екипата на Торино како позајмен играч.

Никола Влашиќ во Вест Хем пристигна минатата сезона од ЦСКА Москва за сума од 30 милиони евра, но тој не се снајде баш најдобро во најсилната фудбалска лига.  

Со неговото заминување во Торино, Влашиќ се надева дека ќе ја подобри својата форма и ќе го задржи местото во репрезентацијата на Хрватска за претстојниот Мундијал во Катар.


Трабзоспор се пофали со трансферот на Енис Барди

Енис Барди и официјално е нов член на Трабзонспор. Турскиот тим го промовираше македонскиот репрезентативец, кој го одбра дресот со број 29 во редовите на турскиот првак.

Трабзон за него на Леванте му плати 3 милиони евра, плус бонуси, а барди за 3 сезони ќе заработува по 1,3 милиони евра годишно.

Барди доаѓа во Трабзон од тимот на Леванте, каде мина пет години и имаше успешни настапи.


Вилијан преговара со Фулам за враќање во Премиер лигата

Поранешниот бразилски фудбалски репрезентативец е во преговори со тимот на Фулам, и е блиску до враќање во Премиер лигата каде веќе има настапувано за Челзи и Арсенал, пренесуваат медиумите во Англија.

Вилијан е подготвен да се откаже од преостанатите плати во бразилскиот клуб Коринтијанс каде настапуваше претходната сезона, само за да се врати во Англија.

Искусниот 34-годишен фудбалер за репрезентацијата на Бразил одигра 70 натпревари и постигна девет гола.


Стерлинг: Не сакав повеќе да седам на клупа во Сити

Напаѓачот на Челзи, Рахим Стерлинг објасни зошто решил да го напушти Манчестер Сити на лето и да потпише за тимот предводен од менаџерот Томас Тухел. Стерлинг призна дека чувствувал дека го троши своето време поминувајќи значителен дел од натпреварите на клупата на „граѓаните“ и дека трансферот бил неговата единствена опција. Фудбалерот веќе дебитираше за Челзи во победата од 1-0 над Евертон во првото коло од Премиер лигата.

„Трансферот се случи бидејќи мојата минутажа стануваше доста ограничена и не можев да си го дозволам тоа. Затоа ја искористив шансата да се префрлам во друг тим. Се обидов да се борам и да ја сменам ситуацијата, но не успеав“, објасни Рахим Стерлинг.


Рабиот бара голема плата, неизвесен трансферот во Јунајтед

Трансферот на Адриен Рабио од Јувентус во Манчестер Јунајтед може да пропадне, пренесуваат медиумите во двете земји.

Двата тима ја договорија сумата за трансферот веќе на почетокот на неделата, но потоа преговорите влегоа во круг кога беа во прашање разговорите меѓу шефовите на тимот и неговата мајка Вероник, која е и негов агент.

Таа побара значително зголемување на платата на играчот од средниот ред, што не му се допадна на раководството.

Рабио моментално заработува 7 милиони евра во Јувентус, но таа побарала неговата нова плата да биде 10 милиони плус бонуси. Токму овие барања во оваа фаза го одложуваат комплетирањето на зделката, а од „Олд Трафорд“ не мислат дека ќе попуштат на уцените и може да се повлечат доколку барањата на Рабио не бидат намалени неговата мајка.


Симеоне ќе игра за Наполи

Џовани Симеоне својата кариера ја продолжува во Наполи откако клубот се договори со неговиот актуелен тим Верона.

Џовани Симеоне следната сезона ќе настапува за Наполи како позајмен играч на Верона, а за самата позајмица Наполитанците ќе платат три милиони евра, со право на откуп од 12 милиони евра. Тој се очекува да биде одлична алтернатива за првиот голгетер на Наполи, Виктор Осимен.


Познати финалистите на УЕФА за најдобар фудбалер на годината

Европската фудбалска федерација ги објави номинациите на играчите за наградата „Фудбалер на годината“, за сезоната 2021/22, која ќе се доделува на 25 август за време на извлекувањето на групите во Лигата на шампионите .

Во најтесниот избор се најдоа клупските колеги од Реал Мадрид, Карим Бензема и Тибо Куртоа, како и играчот на Манчестер Сити, Кевин де Брујне.


Барнли со зголемена понуда за Чурлинов

Англискиот клуб Барнли испрати нова повисока понуда за македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов.

Клубот кој се натпреварува во англискиот Чемпионшип и тренерот Компани се видно заинтересирани за македонскиот напаѓач од Штутгарт, па испратија понуда вредна околу 4,5 милиони евра.

Во игра за Чурлинов се споменува и Андерлехт од Белгија, но во овој момент понудата на Барнли е највисока и се очекува истата да биде прифатена од Штутгарт.


Елиот потпиша долгорочен договор со Ливерпул

Харви Елиот го продолжи договорот со Ливерпул до летото 2027 година, потврдија од клубот.

Елиот пристигна во Ливерпул во 2019 година од Фулам, а во сезоната 2020/21 играше како позајмен играч на „Црвените“ во Блекбурн.

Младиот 19-годишен фудбалер во дресот на Ливерпул забележа девет настапи во сите натпреварувања.

Елиот ги помина сите помлади категории на англиската репрезентација.


Бразилците не сакаат да го доиграат натпреварот против Аргентина

Бразил не сака да го одигра прекинатиот меч од квалификациите за Светското првенство со Аргентина бидејќи не сака да ризикува пред Мундијалот во Катар.

Конечната одлука треба ја донесе Судот за спортска арбитража кон крајот на август.Бразил и Аргентина се квалификуваа на шампионатот иако мечот во изминатиот септември во Сао Паоло беше ненадејно прекинат од бразилските здравствени власти.

Тие влегоа на теренот и приведоа четворица аргентински играчи кои не ги почитувале задолжителните правила за карантин.