feature

Карагер верува дека Кејн е најдобриот напаѓач во историјата на Англија

Џејми Карагер го нарече Хари Кејн „најдобриот напаѓач што Англија некогаш го имала“, во светло на неодамнешните перформанси на напаѓачот за Баерн Минхен и за националниот тим. Ваквата проценка следи по натпреварот од Лигата на Шампионите каде Кејн постигна два гола, што го зацврсти неговиот веќе импресивен рекорд. 

 Оваа сезона Кејн настапува со голема ефикасност. За Баерн има постигнато 11 гола во 11 натпревари, додека во својата сениорска кариера, вклучувајќи настапи за клубови и за националниот тим, има блиску до 400 голови во преку 600 меча.  

 Карагер го подвлекува Кејновиот континуитет преку многу сезони и способноста да донесе резултати во различни околности: домашни лиги, меѓународни натпревари, големи турнири. Тој нагласува дека Кејн играл за клубови со различни очекувања, дека отишол во странство и продолжил да постигнува голем број голови, и покажал прилагодливост во својот стил. 

 Реакциите од експерти и поранешни играчи се во голема мерка согласни со мислењето на Карагер. Дебатата за најгдобриот напаѓач на Англија долго време ги вклучуваше имињата на Алан Ширер, Гери Линекер и Вејн Руни, но многу луѓе сега сметаат дека Кејн ги надминува во комбинација на статистика и севкупен придонес. Ако продолжи по сегашниот пат, можат да се очекуваат уште значајни рекорди и потенцијално освојувања на трофеи, што дополнително би го зголемило неговото име. 


Донарума: Сити беше мојата единствена желба

Џанлуиџи Донарума истакна дека единствената желба му била да ја продолжи својата кариера во Манчестер Сити, и се чувствува многу горд што тренер како Пеп Гвардиола го побара него во својот тим.

Италијанецот зборуваше пред утрешниот натпревар дома против Наполи, со кој “граѓаните” го започнуваат своето учество во Лигата на шампионите. Откако минатата сезона го освои одличието со ПСЖ, сега Донарума не крие дека една од целите е да го стори тоа и со Сити.

„Благодарам на менаџерот! За мене е чест и гордост да бидам тука и да го имам за свој тренер. Ова е историја, фудбалска историја, затоа сум навистина возбуден што сум тука и го имам за свој тренер. Сигурно сè уште имам многу што да подобрувам, можам да дадам многу повеќе, тоа е мојата цел – да продолжам да се усовршувам и да давам сè од себе за тимот. Бев сосема јасен дека желба ми беше да дојдам тука. Тоа беше првата и единствената ми опција – единственото нешто што сакав. Среќен сум што сум во Сити, дел од овој фантастичен тим, оваа фантастична фамилија“.


Јуве го сака бесплатно Бернардо Силва

Медиумите во Италија објавија дека челниците на фудбалскиот состав Јувентус сакаат да го ангажираат Бернардо Силва.

„Тутоспорт“ објави дека менаџерите на „старата дама“ од Торино размислуваат да го потпишат играчот од средниот ред на Манчестер Сити во летото во 2026 година.

Тие наводно, стапиле во контакт со претставниците на Португалецот за да ги дознаат неговите услови.


Издаден налог за апсење на Даглас Коста

Даглас Коста се соочува со сериозни правни проблеми, откако судот во Порто Алегре издал налог за негово апсење поради неплаќање алиментација во висина од половина милион реали (околу 78 илјади евра), пренесува Газета дело Спорт.

Слични непријатности го следеа и пред две години, во времето кога играше за Лос Анџелес Галакси во МЛС, кога беше осуден на 30 дена затвор.

Се чини дека потеклото на тековната наредба за апсење датира од тоа време и останува во сила до крајот на 2025 година, што и дозволува на полицијата и судските органи да го приведат во секое време.

Притоа, неговите неволји не завршуваат тука. Австралискиот клуб Сиднеј ФК, со кој потпиша договор минатата година, објави дека биле принудени да го раскинат договорот со него.


Работнички убедливо поразен на дебито во младинската ЛШ

Младинците на Работнички доживеаја тежок пораз на гостувањето кај Шелбурн во рамките на УЕФА Лигата на млади. Македонскиот шампион во генерацијата до 19 години загуби со убедливи 5-0 и направи голем чекор кон елиминација уште во првото коло.

Скопјани започнаа цврсто и во првото полувреме парираа на нападите на Ирците. Сепак, во 35. минута Семи го отвори резултатот и донесе водство за домаќините. Во продолжението Работнички падна физички, па во последните дваесетина минути прими уште четири гола.

Маре беше двоен стрелец во 69. и 71. минута, потоа Рајан зголеми на 4-0, а конечните 5-0 ги постави Кеог.

За Работнички од првата минута настапија: Трајковски, Кренер, Трајановски, Димовски, Росиќ, Манојлов, Стаматовски, Жаку, Стефановски, Хоџа и Бошнаков.

Реваншот во Скопје е закажан за 1 октомври, но младите „романтичари“ речиси и да немаат шанси за пресврт.


Бојан Димовски потпиша за ТСЦ Бачка Топола!

Бојан Димовски ќе продолжи да игра во најдобрата српска лига откако стави потпис на договор со ТСЦ Бачка Топола.

Димовски кој лани играше на позајмица во Паризан од Акрон Тољати, продолжи во Србија, но не во црно-белиот дрес, тој потпиша за ТСЦ Бачка Топола.

Левиот бек веќе има 20 настапи за македонската репрезентација. Тој три години помина во академијата на Вардар за кој дебитираше и во сениорска конкуренција. Потоа замина за Академија Пандев од каде направи трансфер во Акрон Тољати, па преку Партизан стигна до Бачка Топола.


Одлука на Комората на ФИФА за статус на играчи: Делумно прифатена тужбата на Ердем Алпарслан против ФК Шкупи 192

Комората на ФИФА за статус на играчи донесе одлука со која тужбата на турскиот тренер Ердем Алпарслан против ФК Шкупи 1927 АД е делумно прифатена.

Со оваа одлука, клубот од Чаир е задолжен да му исплати на играчот:

10.136,49 евра како заостаната плата, заедно со камата од 5% годишно, пресметана за секој поединечен износ и период на доцнење:

– 1.136,49 евра од 16 април 2025 година,

– 3.000 евра од 16 мај 2025 година,

– 3.000 евра од 16 јуни 2025 година,

– 3.000 евра од 6 јули 2025 година, сè до денот на целосна исплата.

Дополнително, клубот е должен да исплати 33.000 евра како обесштетување за раскин на договорот, заедно со законска камата од 5% годишно, почнувајќи од 6 (месецот ќе се наведе во целосната одлука) 2025 година, до денот на целосна исплата.

Согласно член 8 од Анекс 2 од Правилникот за статус и трансфер на играчи, доколку целосната уплата (вклучително и сите законски камати) не биде извршена во рок од 45 дена од приемот на оваа одлука, ќе се применат следните последици:

Тужениот ќе биде суспендиран од регистрација на нови играчи, било на национално, било на меѓународно ниво, сè додека долгот не биде целосно подмирен. Максималното времетраење на забраната е три цели последователни регистрациски периоди.
Доколку и по истекот на трите цели последователни регистрациски периоди не биде извршена целосната уплата (вклучително и сите законски камати), предметот, по барање, ќе биде доставен до Дисциплинската комисија на ФИФА.Последиците ќе се применат само на барање на тужителот, во согласност со член 8, став 7 и 8 од Анекс 2 и член 25 од Правилникот за статус и трансфер на играчи.


Мурињо и Бенфика си подадоа рака за соработка

Жозе Мурињо ќе стане новиот тренер на Бенфика.

Мурињо ќе го наследи Бруно Лаж, кој беше отпуштен по изненадувачкиот пораз на Бенфика од Карабаг на отворањето на Лигата на шампионите.

Искусниот Португалец ја започна својата независна тренерска кариера на „Луж“ стадионот, но во својата татковина имаше најголем успех со Порто. Ја освои Лигата на шампионите и Купот на УЕФА, а потоа се пресели во Челзи.

Интересно е што Мурињо, доби отказ во Фенербахче поради елиминацијата од Бенфика во плеј-офот за пласман во главната фаза во Лигата на шампионите со Фенербахче. Иронијата да биде поголема, во целата ситуација, Керем Актуркоглу со чии гол Бенфика го елиминира Фенербахче, се пресели во турскиот тим за 22 милиони евра.

Како што е наведено, Мурињо ќе потпише двегодишен договор, а се очекува дека ќе потпише во текот на денот. Ова значи дека Мурињо по 21 година се враќа во Португалија.


Меси и Интер Мајами се договорија за продолжување на соработката

Лионел Меси ќе ја продолжи кариерата во Мајами, објавува ESPN.

Нов повеќегодишен договор е подготвен за еден од најдобрите играчи на сите времиња. За клубот клубот од Флорида, Меси игра од 2023 година, кога помина „преку барата“ по брилијантната европска кариера.

„Останува двете страни да се договорат за уште некои детали пред да го потпишат новиот договор“, тврди ESPN.

По оваа вест, шпекулациите дека славниот Аргентинец ќе се пресели во друга земја, во друг клуб, паднаа „во вода“, а повеќе од плодната соработка што носи огромни придобивки за двете страни, на и надвор од теренот, продолжува.

Да се потсетиме дека Меси потпиша за Мајами во јули 2023 година, а потоа отвори нова страница од својата неверојатна кариера. Тогаш потпиша договор на две и пол години, до крајот на 2025 година.

Во претходната сезона, Аргентинецот одигра 36 натпревари и постигна 28 гола, и имаше 14 асистенции во сите натпреварувања.


Пад од едно место за македонската репрезентација на ФИФА листата

На најновата рејтинг-листа на Светската фудбалска федерација (ФИФА) објавена денес, македонската репрезентација назадуваше едно место и сега е 63-та.

Од квалификациската група за Мундијалот 2026 во која настапуваат македонските фудбалери, најдобро котира Белгија (8. место), Велс е на 30. позиција, Казахстан се наоѓа на 118. место додека Лихтенштајн е 204-ти.

Нов лидер е Шпанија, втора е Франција додека Аргентина падна две места и сега е трета.

Во Топ 10 се и: Англија, Португалија, Бразил, Холандија, Белгија, Хрватска и Италија.