feature

Каваи Ленард се врати во Торонто

Каваи Ленард ќе се раздели со Лос Анџелес Клиперс и се враќа во редовите на Торонто, како дел од размената која ја договориле двата тима.

Клиперс ќе ги добијат Брендон Инграм, Кејси Дик и повеќе пикови од првата и втората рунда на драфтот во текот на наредните години, додека Ленард ќе стане дел од екипата на Торонто.

Овој трејд беше договорен пред неколку месеци, но беше блокиран поради истрагата на НБА за прекршување на правилата на селари капот, за што Клиперс и Ленард веќе заработија соодветни казни.


Раздор во француската репрезентација заради „Златната топка“

Напаѓачот на ПСЖ, Дембеле, е разочаран од изјавите на неговиот репрезентативен колега, Килијан Мбапе, кој истакна дека дури по неговото заминување од Париз, Дембеле се наметнал во тимот.

„Дембеле и неговиот најблизок круг многу тешко ги примија зборовите на Килијан, тие се бесни. Тоа го доживуваат како еден вид предавство“, откри поранешниот француски репрезентативец и актуелен новинар Жером Ротен.

Изјавата на Мбапе предизвика остри критики и од новинарите и од поранешните француски репрезентативци.


Гасперини задоволен од стартот на сезоната на Рома

Стратегот на клупата на Рома, Џан Пјеро Гасперини, имаше само пофални зборови за фудбалерите по вчерашната победа на тешкото гостување кај Торино.

„Прекрасно е за навивачите и за сите што го сакаат фудбалот да гледаат шампиони како Мален и Дибала како соработуваат и создаваат шанси.

Имаме неколку денови да се подготвиме за натпреварот против Интер. Минатата сезона, разликата меѓу двата тима беше значителна“, рече Гасперини.


Четири НБА лигаши го сакаат Џон Кончар

Кошаркарот, Џон Кончар, влегува на радарот на Мајами, Њујорк, Орландо и Торонто, објави Марк Штајн кој одлично ги познава работите во најсилната светска конкуренција – НБА лигата.

„Кончар е еден од најдобрите слободни агенти на располагање а клубовите од лигата се заинтересирани за него“ – рече Штајн.

30-годишниот играч во претходната сезона настапуваше за Јута со просек од 5,9 поени, 5,7 скока, 3 асистенции, 2 украдени топки и 1 блокада.


Казна и привремено повлекување од ВАР-листата за судиите на дербито на Манчестер

Мет Донахју и неговиот помошник Блејк Антробус, кои беа задолжени за „VAR“ на градското дерби во Манчестер меѓу Јунајтед и Сити, се суспендирани најмалку до репрезентативната пауза.

Тоа значи дека ќе ги пропуштат натпреварите од петтото коло во претстојниот викенд. Tие би можеле да се соочат I со дополнителни дисциплински мерки. Покрај тоа, двајцата нема да биде делегирано за натпреварите на Манчестер Јунајтед во подолг временски период.

Причина за суспензијата е признатиот гол на Халанд кој им донесе победа на „граѓаните“ иако во спорниот момент имаше недозволена офсајд систуација.


Интер пак се врати од 0-2 и извојува убедлива победа на „Џузепе Меаца“

Интер со пресврт дојде до победа од 5-3 над Удинезе кој имаше фантастичен старт не мечот, но доживеа тежок пораз.

Натпреварот на Џузепе Меаца почна шокантно. Во 9. минута Абанква донесе водство на Удинезе од 1-0, а седум минути подоцна Екеленкамб зголеми на 2-0 за гостите.

Но, не помина долго, Интер почна да се враќа. Карлос Аугусто во 26. минута даде прекрасен гол за 1-2, а десет минути подоцна Барела израмни на 2-2. Тоа беше резултатот од првиот дел.

Во 57. минута Турам реализираше за комплетен пресврт и водство на Интер од 3-2.

Еспозито во 67. минута донесе предност за нероазурите од 4-2, а Бони на десет минути пред крајот постигна гол за 5-2.

Конечните 5-3 беа поставени во првата минута од судиското продолжение кога Геј даде гол за Удинезе.

Интер заедно со Рома се единствените две екипи со максимални 12 бодови. Нероазурите поради полоша гол разлика се на второто место.


Реми на Мојсов на дебито на клупата на Земун

Македонскиот фудбалски тренер, Ѓорѓи Мојсов, го имаше своето деби на клупата на Земун кој пред денешниот меч беше во серија од седум порази по ред.

Денеска Земун одигра подобро од претходните дуели, имаше и водство од 1-0 по првото полувреме, но во вториот дел примија гол и мечот заврши 1-1.

Мисијата за опстанок ќе биде тешка, по девет одиграни кола во најдобрата српска лига, Земун е последен со само два освоени бода.


Лина Ѓорческа елиминирана на турнирот во Љубљана

Најуспешната македонска тенисерка Лина Ѓорческа претрпе пораз во мечот од првото коло на ВТА 125 турнирот во Љубљана што се игра за 100.000 евра.

Таа загуби од Мариам Булгару од Романија со 2-1 во сетови (6-4, 1-6, 6-2) за 2 часа и 15 минути игра.

Првиот сет и припадна романската тенисерка со 6-4 во гемови,додека во вториот сет Ѓорческа поведе со 5-0 во гемови и на тој начин стигна до изедначување од 1-1 од сетови откако сетот го заврши со 6-1 во гемови.

Во решавачкиот сет Булгару поведе со 3-0, но Ѓорческа намали на 3-2. Во продолжението на мечот романската тенисерка освои уште три гема и го доби мечот.


Тадија Тадиќ најново засилување на МЗТ Скопје

Екипата на МЗТ Скопје продолжува со комплетирање на ростерот за претстојната сезона каде нов член на македонскиот првак е српскиот плејмејкер Тадија Тадиќ.

Станува збор за исклучително квалитетен и искусен бек-организатор, кој зад себе има богато регионално и меѓународно искуство.

Со својата висина, прегледност во играта и искуство, се очекува Тадиќ да донесе сигурност и креативност во надворешната линија на скопскиот тим во битките на домашен терен, АБА2 и ФИБА Европа.


Елези јунак, Шкендија Арачиново скокна до третото место

Со погодокот на Дашмир Елези во последните моменти од мечот, тимот на Шкендија Арачиново на стадионот Чаир успеа да слави со минимални 1-0 над екипата на Скопје и со тоа да го комплетира најновото коло во ПМФЛ.

Конечно, по четири реми мечеви овој викенд, ова беше прва победа во ПМФЛ шампионатот ова коло.

Тимот на Шкендија Арачиново има три победи по ред во домашниот шампионат, односно четири вкупно.

Со 13 бодови во моментов арачиновци се трети на табелата.