Милан и Јувентус се заинтересирани за португалскиот репрезентативец, Ренато Санчез, објавија дел од медиумите на „чизмата“.
Тој втора сезона игра фантастично во Лил со што го привлече вниманието на многу европски гиганти. Санчез е еден од најдобрите на неговата позиција и на Европското првенство.
Според наводите, францускиот состав за потписот на Португалецот бара 30 милиони евра.
Финска и Данска пријавија ковид-позитивни фанови по враќањето од шампионатот
Данска пријави 16 позитивни тестови за корона-вирус на нејзините навивачи кои присуствуваа на последниот натпревар во рамките на групната фаза на Евро 2020 против Русија во Копенхаген, вклучувајќи четири со варијантата Делта.
Вчера беше потврдено дека и неколку фински навивачи имале позитивен тест по враќањето од Русија по последниот натпревар од групната фаза на Евро 2020 против Белгија. Медиумите во Финска објавија дека досега кај 86 лица е дијагностициран ковид-19.
Илјадници фински навивачи отпатуваа за Санкт Петерсбург за да го бодрат нивниот состав против Белгија. Од нив најмалку 800 на враќањето дома ја преминаа границата без да бидат тестирани за ковид-19. Затоа финските власти очекуваат да има повеќе позитивни случаи.
Обрадовиќ по 28 години се врати на клупата на Партизан
Кошаркарскиот состав на Партизан, по 28 години го врати на кормилото најтрофејниот европски тренер, Жељко Обрадовиќ.
„Црно-белите“ токму под диригентската палка на темпераментниот стратег ја освоија единствената титула во Евро-лигата во сезоната 1991/92. Обрадовиќ со 9 шампионски пехари во Евро-лигата освоени со различни клубови, стана и апсолутен рекордер.
61-годишниот тренер потпиша соработка со белгардскиот клуб за три сезони. Тој играше за Партизан од 1984 до 1991 а потоа две години седеше на тренерското место. Обрадовиќ во неговата тренерска кариера ги водели екипите на: Борац Чачак, Хувентуд, Реал Мадрид, Бенетон Тревизо, Панатинаикос и Фенербахче.
Реал Мадрид „полуде“ по шведската сензација
Реал Мадрид има висок интерес за потписот на Александар Исак, пишува шпански АС.
Иако не постигна ниту еден погодок, шведскиот напаѓач воодушеви со своите игри на Европското прнвество и за него пројавуваат интерес се повеќе големи европски клубови. Покрај Реал, заинтересиран е и Арсенал, кој веќе воспостави контакт со Сосиедад и со агентот на играчот, па се наоѓа во најдобра позиција да го доведе.
АС тврди дека 21-годишниот Исак има желба да заигра за Реал, кој е во потрага по нов напаѓач. Желбата на Флорентино Перез е Килијан Мбапе и(ли) Ерлинг Халанд, но Реал во моментот не може да си дозволи такви трансфери. ПСЖ наводно за Французинот бара 200 милиони евра, а Борусија нема да го ослободи Халанд ова лето за помалку од 130 милиони евра.
Исак е многу поприфатлива опција, иако Реал Сосиедад не сака да спушти на помалку од 70 милиони евра, колку што изнесува клаузулата во неговиот договор.
Симеоне добива нов договор со Атлетико Мадрид
Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне е многу близу до потпишување нов договор со клубот.
Двете страни преговараа веќе некое време и се блиску до постигнување договор, со само некои ситни детали што треба да се прецизираат пред официјално да се објави договорот.
Новиот договор на Симеоне ќе биде до 2024 година, а се очекува да има и зголемување на платата на тренерот.
На „Ванда Метрополитано“ не може да не бидат задоволни од работата на 51-годишниот Аргентинец, кој минатата сезона го водеше клубот до титулата во Ла Лига. Тој е на кормилото на оваа екипа веќе десет години, носејќи му на клубот две титули на домашен терен, еден Куп на Шпанија, еден Суперкуп на Шпанија, двапати ја освои Лигата на Европа и двапати го крена Суперкупот на Европа.
Познат календарот на новата сезона во Бундеслигата
Екипите на Баерн Минхен и Борусија Дортмунд на гостински односно на домашен терен ќе ја започнат новата натпреварувачка сезона во германската Бундес лига.
„Баварците“ во првата рунда гостуваат кај Борусија Менхенгладбах, додека „милионерите“ на домашен терен го пречекуваат Антрахт Франкфурт.
Сезоната стартува на 14 август, а бранител на трофејот е Баерн Минхен.
Прво коло:
Борусија Менхенгладбах – Баерн Минхен
Арминија Билифилд – Фрајбург
Аугсбург – Хофенхајм
Борусија Дортмунд – Ајнтрахт Франкфурт
Келн – Херта
Мајнц – Лајпциг
Штутгарт – Гројтер Фурт
Унион Берлин – Баер Леверкузен
Волфсбург – Бохум
Легендата Болд го напушти Арсенал по 33 години
Aрсенал ја отпушти легендата на клубот Стив Болд после 33 години.
Како фудбалер Болд беше член на Арсенал, а по завршувањето на кариерата се врати во Арсенал. Започна како тренер во младите категории за потоа да биде помошник на Арсен Венгер. Претходно долго време работеше како тренер на дефанзивците во стручниот штаб на Венгер.
Кога Венгер замина во 2019 година тој го презема резервниот тим. На крајот на оваа сезона управата на клубот реши да не ја продолжат соработката.
Менаџерот на академијата на Арсенал, Пер Мертезакер изјави дека Болуд секогаш ќе биде важна фигура во историјата на клубот.
Пандев дел од идеалниот тим на групната фаза на Европското првенство
Холандскиот веб портал „НОС Спортс“ направи избор на играчи кои дадоа белег на групната фаза од ЕП во фудбал.
На 36 одиграни натпревари во првата фаза свој добар настап според „НОС Спортс“ имале играчи од врвот на Европскиот фудбал, а меѓу нив се најде и нашиот Горан Пандев. Пандев е во иделаниот состав на групната фаза, не само поради својот фудбалски квалитет на теренот, туку и поради односот надвор од теренот.
Македонската фудбалска легенда на најдобар можен начин се прости од репрезентативниот дрес, а со своите одлични игри на Европското првенство не остана незабележан и од страна на странските медиуми.
Во најдобриот состав на „НОС Спортс“, Пандев е во друштво на Роналдо, Бејл, Де Бруин, Вајналдум, кои исто така ги предводат своите репрезентации.
Вчера елитниот „Би-Би-Си“ во својот избор го смести нашиот Езџан Алиоски во идеалниот тим од првата фаза на Европското првенство.
Пандев доби понуда да игра уште една сезона во Џенова
Горан Пандев на Европското првенство ги одигра последните натпревари во дресот на македонската репрезентација, но Пандев не објави крај на кариерата и остави простор дека можеби ќе одигра уште една сезона на клупско ниво.
Пандев како што е познато најголемиот дел од кариерата го помина во Италија и со Интер во 2010 година стигна до триплета и Лигата на шампионите, а е и најдобар стрелец во македонската репрезентација со 38 гола на 122 натпревари.
Актуелниот договор со Џенова му истекува на 30. јуни, а вечерва италијанските медиуми објавија дека Џенова веќе ја доставила понудата до Пандев за продолжување на соработката, сега на Гоче е да одлучи дали ќе продолжи или не.
Според информациите на медиумите во Италија понудата за нов договор на Пандев е до 2022 година.
ФФМ го назначи Милевски за нов селектор на сениорската репрезентација
Позицијата селектор нема да биде новите, бидејќи Милевски кормилото во А селекцијата ќе го преземе од У21 репрезентацијата.
Визијата за нашата фудбалска иднина со Благоја Милевски на местото селектор на македонската А репрезентација е кристално јасна. Тој е човекот кој го регенерираше македонскиот фудбалски крвоток, создаде неверојатна група на фудбалери кои зад себе веќе имаат настап на две Европски првенства, младинско и сениорско и уверени сме дека тој пат мора да продолжи. Му даваме доверба на Благоја Милевски да ја предводи македонската А репрезентација поради неговиот карактер, работната етика и човечките квалитети. Тој е тренер кој става личен печат на тимовите кои ги предводи и човек со дисциплина и исклучителна ментална сила“, изјави првиот човек на ФФМ, Муамед Сејдини.
Сејдини му се заблагодари на Игор Ангеловски за успехот и пласманот на Европското првенство. Местото на Милевски во У21 селекцијата ќе го заземе Драган Канатлароски-Цапар.