feature

Нејмар нема да стигне навреме за дуелот против Реал во ЛШ

Бразилскиот фудбалер Нејмар кој настапува за Пари Сен-Жермен ќе го пропушти осминафиналето на Лигата на шампионите против Реал Мадрид. Нејмар продолжува да закрепнува од повредата.

Оваа информација на Твитер ја објави новинарот Адриен Грение повикувајќи се на „Л’Екип“. ПСЖ ќе се соочи со Реал Мадрид на 15 февруари во Париз. Реваншот ќе се игра на 9 март во Мадрид. Нејмар оваа сезона за ПСЖ на 14 натпревари постигна три гола и имаше три асистенции. Договорот на напаѓачот со парискиот клуб е до 30 јуни 2025 година.


УЕФА постигна договор за ТВ права вреден 15 милијарди евра

Европската фудбалска федерација(УЕФА) ги продаде телевизиските права за натпреварите на своите клупски натпреварувања од 2024 до 2027 година за рекордни 15 милијарди евра.

Од УЕФА веќе подолго време работат на тоа да обезбедат поголеми финансиски средства со кои би ги зголемиле приходите на фудбалските клубови кои поради незадоволство од досега добиените средства пробаа да основаат Европска Суперлига.

Вкупниот приход од новиот договор ќе биде повисок за 40 % од актуелниот договор кој УЕФА го има со телевизиските куќи.

„Мило ни е што постои толку голем интерес. Воодушевени сме што новиот договор ќе овозможи поголема распределба на парите на клубовите од Европа со што ќе биде обезбедена подобра финансиска стабилност“, истакна претседателот на УЕФА, Александар Чеферин.


Рома со нов обид за доведување на Гранит Џака

Англиските медиуми пренесуваат дека се очекува играчот за врска на Арсенал, Гранит Џака, претстојното лето да биде трансфер мета на Рома.

Екипата преводена од Жозе Мурињо и порано покажуваше голем интерес за ангажан на швајцарскиот репрезентативец, но тогаш не успеа во своите намери.

Сега, според информациите, тимот од Серија А претстојното лето ќе направи нов обид за трансфер на Џака и големи се шансите 29-годишниот фудбалер да се пресели во Италија.


ПСЖ го издвои Ерлинг Халанд како приоритетен трансфер за замена на Мбапе

Екипата на Париз Сен Жермен веќе работи на план Б за замена на Килијан Мбапе доколку се реализира неговото заминување во Реал Мадрид.

Според францускиот весник Екипа, спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо, веќе им предложил на клубските челници да го доведат напаѓачот на Борусија Дортмунд,Ерлинг Халанд.

Оваа трансфер операција нема да биде лесна за ПСЖ, бидејќи како конкуренти за ангажман на норвешкиот голгетер се споменуваат Манчестер Сити, Барселона и Манчестер Јунајтед. Но според францускиот весник сопственикот на тимот Насер ал-Калаифи и Леонардо се во постојан контакт со менаџерот на играчот, Мино Раиола.


Левандовски се предомисли и сака да ја заврши кариерата во Баерн

Напаѓачот на Баерн, Роберт Левандовски би можел да му се приклучи на Реал Мадрид. Фудбалерот се изјаснил дека би сакал кариерата да ја продолжи во мадридскиот клуб.

Левандовски би можел да го напушти Баерн претстојното лето. Се истакнува дека Реал Мадрид би можел да го реализира овој трансфер во случај на неуспех при купувањето на играчот на Борусија Дортмунд, Ерлин Халанд.

Договорот на Левандовски со Баерн е до летото 2023 година.


Извршниот директор на Барса си поднесе оставка

Извршниот директор на фудбалскиот клуб Барселона, Феран Ревертер, го извести денеска претседателот на каталонскиот клуб Жоан Лапорта за својата намера да поднесе оставка на должноста од семејни причини.

Ревертер беше назначен за извршен директор во мај лани и беше вклучен во реструктурирањето на клупскиот долг и намалување на трошоците за плати на фудбалерите.

Мина речиси една година откако ја напуштив Германија и се вратив во Барселона од семејни причини. Набрзо по враќањето ја прифатив понудата од претседателот на клубот да бидам извршен директор. Во текот на овие месеци вложив многу труд, но сега сакам да се фокусирам на причината поради која се вратив во Барселона, односно да посветам повеќе време на личните и семејни проекти, соопшти Ревентер.

Барселона објави дека неговата оставка ќе стапи на сила на денот на именување нов извршен директор.


Нов пораз на Лејкерс, Јута славеше со победа против Голден Стејт

Продолжува очајната сезона на Лос Анџелес Лејкерс. По пчерашната катастрофа против Милвоки Бакс, тимот од ЛА вечерва загуби и на гостувањето кај Портланд Трејлблејзерс со 105-107. Анферни Симонс со 29 поени беше убедливо најдобар поединец во таборот на победникот, додека кај поразените не беа доволни ниту 30 поени на Леброн Џејмс, надополнети со по седум скокови и асистенции.

Голден Стејт беа поразени од Јута со 111:85 и така заврши нивната серија од девет победи по ред. Бојан Богдановиќ постигна 23 поени. Во редовите на Вориорси најефикасен беше Џордан Пул со 18 поени. Треба да се спомене дека Голден Стејт беа без Грин и Томпсон. Кари не беше на своето препознатливо ниво и постигна само 16 поени.


Перишиќ не е задоволен од понудата на Интер за нов договор

Крилниот напаѓач на Интер, Иван Перишиќ не е задоволен од понудата на сопствениците на клубот за продолжување на договорот. Актуелниот договор на Хрватот истекува на лето и „нероаѕурите“ прават се за да го обврзат на долг рок. Сепак, според „Спортмедиасет“, преговорите меѓу двете страни не се одвиваат според планот.

Перишиќ (33) моментално добива 5 милиони евра годишно, но бара зголемување на 6 милиони за повторно потпишување. Сепак, Интер се обидува да го убеди да ја намали платата на 4 милиони евра годишно, со што Хрватот изгледа не се согласува. Така што нема да биде изненадување ако Перишиќ го напушти „Џузепе Меаца“ на лето, освен ако Интер не реши да ја зголеми својата понуда.
Хрватот игра уште една одлчна сезона за Интер, со 29 одиграни натпревари и постигнати 5 гола и 2 асистенции. За него постои интерес од Челзи и Баерн.


Хабиб се разликува од другите sвезди : никогаш не бил во ноќен клуб, не слуша музика, а во гаража има само еден автомобил

Поранешниот шампион на УФЦ во лесна категорија Хабиб Нурмагомедов привлекува големо внимание каде и да се појави.

Рускиот борец моментално се наоѓа во САД каде го промовира својот тим, а потоа заминува од Мајами во Феникс каде како тренер ќе го води својот ученик  Ислам Мамадов на Bellator.

Американските медиуми се интересираа за приватниот живот на познатиот руски борец, бидејќи за него се знае многу помалку отколку за неговата кариера.

Нурмагомедов се присети на најнеобичните и највпечатливите подароци од обожавателите, а зборуваше и за единствениот автомобил што некогаш си го купил.

„Не сум љубител на автомобили. Во целиот мој живот купив само еден автомобил, Range Rover. Многу добар автомобил и го имам во Дагестан“.


Ландо Норис продолжува во Мекларен

Екипата на Мекларен обезбеди продолжување на договорот со еден од најдобрите млади возачи во Формула 1, Ландо Норис.

22-годишниот Британец, ќе остане во Мекларен до крајот на 2025 година. Норис имаше доста успешна сезона во 2021 година, успевајќи четири пати да застане на подиумот и забележа еден старт од пол-позицијата.

Негов тимски колега за наредната сезона останува возачот од Австралија, Даниел Рикардо.