feature

Ангелина Топиќ најдобар млад спортист во Европа за 2022 година

Српската атлетичарка Ангелина Топиќ ја освои наградата за најдобар млад спортист „Пјотр Нуровски“, која ја доделува Европскиот олимписки комитет.     

Топиќ годинава го освои бронзениот медал во скок во височина на Европското сениорско првенство, а го освои златниот медал на Европското јуниорско првенство. За наградата најдобар млад спортист во Европа за 2022 година конкурираа и Дарија Атманов (гимнастика – Израел), Софија Далиду (веслање – Грција), Андреа Спендолини Сириекс (скокови во вода – Велика Британија) и Филипо Бертони (пливање – Италија). 

Најдобриот млад спортист го избираат претставници на сите национални олимписки комитети од Европа. Наградата за најдобар млад спортист во Европа, „Пјотр Нуровски“ се доделува од 2010 година, кога беше востановена и именувана по трагично загинатиот претседател на Олимпискиот комитет на Полска, кој го загуби животот во авионска несреќа.


Тим: Алкараз, Синер и Тијафо го променија тенисот

Австрискиот тенисер Доминик Тим во интервју за медиумите тврди дека Карлос Алкараз, Јаник Синер и Френсис Тијафо го променија денешниот тенис, бидејќи го забрзаа и го подигнаа на повисоко ниво, во споредба со „големата тројка“ која според Австриецот е подефанзивна и повнимателна во играта.

Тим полека се враќа на тениската сцена после многубројните отсуства и проблеми со повредите. Тој новата генерација на тенисери ја спореди со Федерер, Џоковиќ и Надал кои доминираа во тенисот повеќе од една деценија.


Баерн го капариса големиот талент на Баер Леверкузен

Баерн Минхен е спремен да го сруши трансферниот рекорд за да го доведе младиот талент на Леверкузен, Флоријан Виртц.

19-годишниот Виртц важи за еден од најперспективните фудбалери во Германија и сите експерти му предвидуваат голема кариера. Поради тоа Баерн е спремен да ја победи конкуренцијата и да го доведе на „Алијанц Арена“.

Леверкузен нема лесно да го пушти својот „бисер“, особено поради фактот што Виртц има договор до 2027 година.


Де Брујне го мина Давид Силва по бројот на асистенции во Премиер лигата

Фудбалерот од средниот ред на Манчестер Сити, Кевин Де Брујне, го надмина рекордот на поранешниот клупски играч Давид Силва по бројот на асистенции.

На вчерашниот натпревар против Манчестер Јунајтед (6-3) Белгиецот имаше две асистенции, сега има 94 асистенции на 218 премиерлигашки натпревари. Така, играчот од средниот ред го собори рекордот по бројот на асистенции за клубот, кој претходно му припаѓаше на Давид Силва. Шпанецот додека настапуваше за Манчестер Сити имаше 93 асистенции. За одбележување е тоа што Белгиецот одигра 91 натпревар помалку од Силва.

По осум кола од актуелната сезона во Премиер лигата, Де Брујне има еден гол и осум асистенции за клубот.


Рубен Невеш од Вулверхемптон е замена за Бускетс во Барса

Барселона е во потрага по квалитетен играч за врска кој ќе може да го замени Серхио Бускетс, пренесуваат каталонските медиуми.

Прв избор е португалскиот репрезентативец и член на Вулверхемптон, Рубен Невеш со кого преговорите се во напредна фаза.

Вулверхемптон е спремен да го пушти Невеш, но за неговата слобода бара 35 милиони фунти, а Барселона веќе ги започна преговорите.

Интерес за Невеш покажуваат уште Арсенал и Манчестер Сити, но тој преферира трансфер во Барселона.


Инзаги: Разочарани сме од овој незаслужен пораз

Тренерот на фудбалерите на Интер, Симоне Инзаги, тврди дека неговата екипа го одиграла најдобриот сезонски меч и дека не заслужила пораз од Рома во вчерашното дерби на Серија „А“.

„Знаеме дека во вторник нè очекува важен натпревар во Лигата на шампионите (против Барселона), но нормално е да бидеме разочарани по денешниот сосема незаслужен пораз.

За жал, не стигнавме да славиме со навивачите кои нон стоп не поддржуваат. Сите треба да направиме повеќе започнувајќи од мене“, изјави Инзаги.


Сампдорија одлучи да го смени тренерот Џампаоло

Италијанскиот калчолигаш Сампдорија го отпушти тренерот Марко Џампаоли после лошите резултати на почетокот од сезоната. Џампаоло отказот го доби после поразот од екипата на Монца со 0:3.

Популарната Сампа после осум одиграни натпревари е последна на табелата во Серија А со само два освоени бода.

Екипата на Сампдорија во наредното коло од италијанското првенство ќе му гостува на Болоња.


Лукас Моура замива се сели во Севиља

Фудбалерот на Тотенхем, Лукас Моура призна дека постои можност за негова преселба во Севиља. Во последните денови се појавија информации за интересот на шпанскиот клуб за Бразилецот, кој е подготвен да се пресели на „Рамон Санчез Писхуан“ доколку дојде до вистинска понуда.

„Не знаев за интересот од Севиља. Но, тоа е голем клуб, слушнав добри работи за градот, а исто така и тимот игра во Ла Лига, што е лига што многу ја сакам бидејќи таму играат технички фудбал и тоа ќе одговара на мојот стил. Ајде да видиме што ќе се случи. Имам договор со Тотенхем уште една година. Смирен сум и живеам од ден на ден. Концентриран сум на мојата игра оваа сезона“, изјави Лукас.


Милитао ќе добие нов договор во Мадрид

Одбранбениот фудбалер на Реал Мадрид, Едер Милитао, ќе добие понуда да остане подолг период на стадионот –  „Сантијаго Бернебе“ .

24-годишниот Бразилец по заминувањето на Серхио Рамос и Рафаел Варан е главниот столб во одбраната. Затоа клубот планира да ја продолжи соработка до 2028 година.

Милитао беше купен од Порто во 2019 година за 50 милиони евра. Досега има 97 натпревари, 4 гола и 5 асистенции.


Серхио Перез е победник на трката во Сингапур

Возачот на Ред Бул Серхио Перез стигна прв на целта на трката за Големата награда на Сингапур во Формула 1.

Перез со победата на патеката во Сингапур ја прекина низата од пет последователни победи на својот клупски колега и актуелен Ф1 шампион Макс Верстапен, кој трката ја заврши на седмата позиција.

За мексиканскиот возач ова е втора победа во сезоната после онаа во Монако, а вкупно четврта во кариерата.

Шампионатот во Формула 1 продолжува наредната недела со трката за Големата награда на Јапонија на патеката Сузука.