feature

Шести пат Сон е азиски фудбалер на годината

Напаѓачот на Тотенхем, Хјун-Мин Сон, ја доби наградата за најдобар азиски фудбалер за 2022 година. Јужнокорејецот зад себе ги остави напаѓачот на Порто, Мехди Тареми и играчот на Ал Хилал, Салем Ал-Даусари.

Сон не ја има својата најдобра сезона, но минатата година стана најдобар стрелец во Премиер лигата заедно со Мохамед Салах.

Напаѓачот се повреди, но успеа да се опорави за да учествува на Светското првенство во Катар, каде Јужна Кореја ја помина групната фаза и испадна во осминафиналето по поразот од Бразил.


Маркињос: Овој пораз боли, да замолкнеме и да продолжиме да работиме

По поразот од Олимпик Марсеј и елиминацијата во Купот на Франција, дефанзивецот на парижани, Маркињос изјави дека сега е време да замолчат и да се фатат за работа.

„Знаевме дека сакаат да не притиснат високо, но не успеавме да се разиграме преку нивните слободни простори. Направивме многу грешки, што скапо не чинеше. Ова е пораз кој навистина боли, бидејќи е Куп натпревар и против еден од нашите големи ривали. Има некои работи кои јасно треба да ги исправиме. Време е да замолчиме и да се собереме ако сакаме да ги постигнеме нашите цели оваа сезона“, вели Маркињос.


Дрес на Коби Брајант продаден за огромни 5.8 милиони долари

Дрес кој му припаѓаше на кошаркарската суперѕвезда Коби Брајант, со потпис од починатиот играч, на аукција е продаден за огромни 5.8 милиони американски долари.

Аукциската куќа која ја организираше продажбата, нагласува дека Брајант дресот со број 24 го носел во сезоната 2007/08, кога тој беше МВП на НБА лигата.

Ова е рекордна продажба на аукциски меморабилии кои му припаѓале на поранешниот играч на ЛА Лејкерс. Претходно, во 2021 година негов дрес со потпис кој кошаркарот го носел во сезоната 1996/97, беше продаден за 3.7 милиони долари.


ФИФА го продолжи преодниот рок во Турција заради земјотресот

ФИФА го прифати барањето на Фудбалскиот сојуз на Турција за продолжување на преодниот рок во земјата поради катастрофата од земјотресот. Вчера требаше да се затвори преодниот рок на Турција, но Фудбалскиот сојуз на земјата во понеделникот поднесе барање до ФИФА за продолжување на истиот поради катастрофата од земјотресот која ги зафати Турција и Сирија.

ФИФА го прифати барањето, откако Фудбалскиот сојуз на Турција истакна дека земјата е во национална жалост и дека во 10 провинции има вонредна состојба.

Сега преодниот рок во Турција ќе се затвори дури на 18 февруари.


Соборен рекордот на зимскиот трансфер период со потрошени 1,57 милијарди долари

ФИФА објави информација дека фудбалските клубови ширум светот во зимскиот преоден рок потрошиле 1,57 милијарди долари, и реализирани се 4.387 трансфери.

Овај потрошен износ е за 230 милиони долари повисок од досегашниот рекорд од јануари 2018.година. Бројот на трансфери во машкиот фудбал порасна за 14,4 одсто во однос на истиот период од 2022.година.

Најмногу пари потрошиле англиските клубови, 898,6 милиони долари, што претставува 57,3 одсто од вкупната потрошувачка.


Скалони, Анчелоти и Гвардиола кандидати за тренер на 2022.година

Меѓународната фудбалска федерација – ФИФА, објави дека Аргентинецот Лионел Скалони, Италијанецот Карло Анчелоти и Шпанецот Пеп Гвардиола се финални кандидати за најдобар тренер во 2022.година.

Скалони со репрезентацијата на Аргентина е освојувач на титулата од Светското првенство во Катар, Анчелоти со Реал Мадрид  стигна до трофејот во Лигата на шампионите, а Гвардиола со Манчестер Сити триумфираше во англиската Премиер лига.

Наградите за најдобар тренер, ФИФА ќе ги додели на 27.февруари на свечена церемонија во Париз.


Официјално: Данецот Кисум претставен во Еурофарм Пелистер

Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер официјално го претстави најновото засилување во екипата, данскиот ракометар, Каспер Кисум.

30-годишниот Кисум, во тимот од Битола пристигна од составот на Сондерјиске, и настапува на позицијата лев бек. Тој се очекува да биде замена за повредените Руди Сери и Емилијан Ѓорговски, кои се опоравуваат од повреди.

Данецот Кисум веднаш ќе му се стави на располагање на тренерот Ларс Валтер, кој добро ги познава квалитети на својот сонародник.


Два италијански клуба преговараат со Наби Кеита

Наби Кеита готово сигурно ќе го напушти „Енфилд“ на крајот на сезоната.

Кеита влезе во последната година од договорот и нема најави за продолжување на соработката со Ливерпул. Кеита не е задоволен од својот статус во тимот и минутажата која ја добива, па сака да ја промени средината на крајот на сезоната.

Многу европски клубови се заинтересирани за неговиот потпис, па веќе започна битката за неговиот потпис.

Медиумите на Островот тврдат дека најсилен интерес покажуваат италијанските гиганти Милан и Јувентус, кои веќе стапиле во контакт со неговиот агент.


Ајнтрахт бара сто милиони евра за Коло Муани

Манчестер Јунајтед и Баерн Минхен се силно заинтересиран за напаѓачот на Ајнтрахт и француски репрезентативец, Коло Муани.

Сезонава 23-годишниот напаѓач на Ајнтрахт постигна 14 гола и забележа 14 асистенции, а и на Мундијалот остави одличен впечаток.

Баерн е во потрага по напаѓач и Муани е на врвот на листата желби, бидејќи има искуство во Бундеслигата. Приоритет на Тен Хаг исто така е доведување на напаѓач, а верува дека Французинот идеално ќе се вклопи во неговиот стил на игра.

Сега двата европски гиганти ќе се борат за неговиот потпис, а Ајнтрахт ја постави цената и за неговата слобода бара 100 милиони евра.


Каварацхелија интересен за Сити, Пеп спремен да понуди сто милиони евра

Пеп Гвардиола ја посочил ѕвездата на Наполи, Квича Кварацхелија како примарна трансфер цел за следното лето.

Кварацхелија со своите партии во дресот на Наполи го воодушеви фудбалскиот свет и покажа дека може да биде нова голема фудбалска ѕвезда. Наполи за неговиот потпис плати 10 милиони евра, а Грузицот до сега постигна 10 гола и 14 асистенции на 22 меча во сите натпреварувања.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Гвардиола нема да жали пари за да го довесе на „Етихад“ и го одредил Кварцхелија како примарна трансфер цел на лето.

Сити е спремен да понуди 100 милиони евра за неговиот потпис, што е десет пати повеќе од сумата која за него ја плати Наполи.