feature

Спалети: Некогаш се разделувате од премногу љубов!

Тренерот на Наполи, Лучијано Спалети ја потврди веста дека го напушта клубот по крајот на сезоната. На наполи му остана уште еден натпревар во сезоната, веќе го подигнаа Скудетото во Серија А, откако одиграа навистина импресивна сезона и во однос на играта и на резултатите.

Сепак, шпекулациите за иднината на Спалети се актуелни со недели и покрај одличните перформанси на тимот, а конечното заминување на тренерот вчера го потврди и претседателот Аурелио Де Лаурентис.

„Понекогаш се разделувате поради премногу љубов. Нема да останам, си одам. Нема шанси да се предомислам. Веќе пред неколку недели им кажав на луѓето во клубот дека ми треба една година одмор. Нема да преземам друг тим. Сега ќе одморам една година“, изјави Спалети.

Според последните шпекулации во печатот, Џанпјеро Гасперини и Луис Енрике се главни фаворити за да седнат на клупата во Наполи.


Уличната трка во Монте Карло ќе добие нов договор

Принцот Алберт Втори е уверен дека Големата награда на Монако има иднина во Формула 1 и дека треба да се направат одредени промени во преговорите за новиот договор.

 „Стефано Доменикали и Грег Мафи ми кажаа како ја гледаат иднината на Формула 1. Тие сакаат да ги направат трките подинамични и поатрактивни. Трката во Монако има договори кои не можеме да ги откажеме. Во 2025 година  ќе разговараме за прашањата околу спонзорите, ТВ преносите и други комерцијални прашања“, вели Принцот Алберт.


Челзи спрема астрономска понуда за Винициус

Челзи размислува да го ангажира напаѓачот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор. За трансферот на 22-годишниот Бразилец, „сините“ се подготвени да издвојат 150 милиони евра, пренесува „Ел Национал“.

Доколку се случи овој трансфер, тоа ќе биде рекордна продажба во историјата на Реал Мадрид. 100 милиони евра беа собрани од заминувањето на Кристијано Роналдо во Јувентус во 2018 година. Околу 70 милиони евра Реал Мадрид доби за трансферот на Рафаел Варан во Манчестер Јунајтед во летото 2021 година.

Винисиус е соочен со расизам во шампионатот на Шпанија, па можеби размислува да замине во друга лига, каде ситуацијата со ова прашање е воспоставена на најдобро ниво. Познато е дека работата во англиската Премиер лига за искоренување на расизмот беше забележана од многу фудбалски фигури, вклучувајќи го и тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола.


Манчестер Јунајтед се вклучува во трката за Жоао Феликс

Жоао Феликс игра на позајмица во Челзи до крајот на сезоната, а потоа ќе се врати во Атлетико Мадрид.

Феликс сакаше да ја промени средината, па Атлетико се согласи да го пушти на позајмица, но без дефинирана опција за откуп на крајот на сезоната. Челзи сака да го откупи и ќе има предност во преговорите, но самиот фудбалер се предомислува да остане на „Стенфорд Бриџ“ бидејќи сака да игра во Лигата на шампиони.

Сега во трката за неговиот потпис се вклучи и Манчестер Јунајтед, кој сака да го „украде“ пред носот на „сините“ и е спремен да плати 80 милиони фунти за неговиот потпис.


Алварез размислува за промена на клубот за да игра во континуитет

Напаѓачот на Манчестер Сити, Хулијан Алварез, кој потпиша долгорочен договор (до 2028 година) со англискиот тим, размислува за преселба во друг клуб поради конкуренцијата со Ерлинг Халанд. Ова го објави новинарот Флоријан Платенберг на „Твитер“. Баерн Минхен е подготвен да го ангажира 23-годишниот Аргентинец.

Алварез знае дека ќе му биде тешко да го исфрли Норвежанецот од стартниот состав на Манчестер Сити, според изворот, па може да размисли за преселба во друг тим. 

Баерн е во потрага по нов напаѓач и е подготвен да го повика овој играч во својот тим. Алварез оваа сезона на 48 натпревари постигна 17 голови и имаше пет асистенции.


Махичух и Ел Бакали со рекорди се вратија од митингот во Рабат

Украинската атлетичарка Јарослава Махучих со скок од 201 сантиметар победи на натпреварот во скок во височина на митингот од престижната Дијамантската лига во Рабат синоќа. Таа постави нов рекорд во ова натпреварување, а воедно и најдобар резултат сезонава во оваа дисциплина.

Најдобриот резултат досега во Рабат го имаше познатата хрватска рекордерка Бланка Влашиќ, која победи во 2011 година со скок од 197 см.

Најдобриот резултат на митингот во Рабат го постигна актуелниот светски шампион, олимписки победник и минатогодишен освојувач на Дијамантската лига на 3000 метри стиплчез, Мароканецот Суфиане Ел Бакали, кој делницата ја истрча за 7:56,68 минути. Со ова тој го подобри рекордот на митингот за 1,60 секунди, а воедно е и најубедливо најдобар резултат во оваа дисциплина во 2023 година.


Одржан третиот по ред хуманитарен турнир во бељот “Битолски Бељотџија”

Во неделата на 28.05.2023 во Голд Фелициа се одржа третиот по ред хуманитарен турнир во бељот “Битолски Бељотџија” организиран од Ротаракт клубот од Битола.

Меѓу 32-те екипи учесници Евротип како подджувач на настанот зеде учество со свој тим на турнирот, а тука беа и Голд Слот и Голд Фелиција како и многу други учесници од битолските компании.

Наградени беа најдобрите 3 тимови, а како победници на крајот беше тимот на СН Сервис.

Турнирот станува традиционален и интересот од година во година е се поголем, со што хуманитарниот карактер на бељотџиите е видно изразит.

Собраните средства ќе бидат донирани во зоолошката градина во Битола истакнаа од Ротаракт клубот.

Погледнете дел од турнирскиот амбиент и убавата атмосфера во Голд Фелициа на следната фотогалерија:


Граѓаните ќе добијат рекордна премија за освојувањето на Премиер лигата

Манчестер Сити ќе добие рекордна парична награда за освојувањето на шампионската титула во Премиер лигата. „Граѓаните“ оваа сезона ќе ја завршат со премија од 165,7 милиони фунти.

Во сумата се вклучени пари од договорите за тв-преноси во Англија и странство, паричната награда за титулата, дел од профитот и настапи на британската телевизија во живо. Вкупниот награден фонд за сезоната за 20 клубови беше 2,6 милијарди фунти.

Минатата сезона Сити за титулата заработи 153 милиони фунти.


Белингам е фудбалер на сезоната во Бундеслигата

Најголемата ѕвезда на Борусија Дортмунд, Џуд Белингем, е прогласен за „Играч на сезоната“ во германското првенство.

19-годишниот плејмејкер и Борусија ја испуштија титулата во последното коло, но играчот од средниот ред со одличната сезона покажа дека ја заслужува наградата. Тој постигна вкупно 14 гола и имаше 7 асистенции во тековната сезона во германската елита.

Англискиот интернационалец, кој е младински играч на Бирмингем, веќе го одигра последниот натпревар за Борусија и на лето ќе се пресели во Реал Мадрид.


Турам се сели во Италија, двата милански клуба во борба за неговиот потпис

Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан и Интер ќе водат битка за потписот на францускиот напаѓач, Маркус Турам. 24-годишниот Французин игра одлично во дресот на Борусија Мехенгладбах и го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Неговиот договор истекува на крајот на сезоната, а Турам потврди дека нема намера да го продолжува и сака да направи чекор напред во кариерата.

Миланските клубови имале средба со неговиот агент и ќе се обидат да ја победат конкуренцијата бидејќи сакаат да го доведат напаѓачот без обештетување.

Турам е отворен за преселба во Италија, па останува да видиме каков ќе биде неговиот избор.