feature

Одложен натпреварот меѓу Гранада и Валенсија

Натпреварот од 26. коло во шпанската Примера помеѓу Гранада и Валенсија кој требаше да се игра денес е одложен поради големиот пожар во Валенсија во кој животот го загубија најмалку четири лица.

Валенсија потврди дека Ла Лига го прифатила нивното барање за одложување на средбата.

„Барањето за одложување на натпреварот против Гранада беше прифатено“, објави Валенсија и додаде дека терминот за одигрување на натпреварот дополнително ќе биде утврден.

Натпреварот требаше да се игра во терминот од 14:00 часот. Во пожарот кој во четвртокот зафати станбена зграда од 14 катови животот го загубија четири лица, но тој број може да биде и поголем бидејќи уште 14 се вода за исчезнати.


Милвоки го ангажира Данило Галинари

Милвоки Бакс го засили ростерот со искусно и квалитетно име. Станува збор за Данило Галинари кој бргу најде нов ангажман по заминувањето од редовите на Детроит Пистонс.

Италијанецот кој има 35 години зад себе има завидно НБА искуство, па се очекува да биде добро засилување за ротацијата на Милвоки.

Галинари со Бакси се договори до крајот на сезоната, а според информациите тој ќе заработи околу еден милион евра.


Гвардиола: Би сакал да водам репрезентација на големо натпреварување

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, изјави дека кон крајот на кариерата би сакал да води репрезентација на Европско или Светско првенство.

Шпанецот има договор со „граѓаните“ до јуни 2025 година, а во неколку наврати изразил подготвеност и понатаму да остане во клубот.

„Би сакал да го доживеам чувството како селектор на Светско, Европско првенство или Копа Америка. Сакам да го имам тоа искуство. Не знам кога – за 5, 10 или 15 години, но би сакал да бидам на Светското првенство како селектор“, одговори Каталонецот на прашање од „ЕСПН Бразил“ дали по заминувањето од Сити би сакал да преземе некоја репрезентација.

Пред извесно време Гвардиола беше поврзуван токму со репрезентацијата на Бразил, а во Англија тврдат дека е можно во одреден момент да стане селектор на „трите лава“.


Николо Барела пак интересен за „кралевите“ од Мадрид

Шпанските медиуми пренесуваат дека Реал Мадрид е заинтересиран за ѕвездата на Интер, Николо Барела.

Барела веќе неколку сезони е еден од најдобрите играчи за врска во Серија А и го привлече вниманието на многу европски клубови. Реал е во потрага по играч за врска кој ќе биде наследик на Лука Модриќ, а Анчелоти го сака својот сонародник.

Претседателот на „кралевите“, Флорентино Перез е на потег и наскоро треба да тргне по потписот на Барела, но проблем е тоа што Интер не сака да ја продаде својата ѕвезда.

Реал спрема понуда од 80 милиони евра и е спремен да му понуди двојно повисока плата на Барела.


Тухел сака да се врати да работи во Премиер лигата

Веќе е познато дека Томас Тухел по завршувањето на сезоната повеќе нема да биде тренер на Баерн Минхен, а сега медиумите пишуваат и која е желбата на германскиот стратег за нов ангажман.

Тухел се поврзува со неколку европски клубови, а наводно тој сака да го води Манчестер Јунајтед. Во Премиер лигата, Тухел беше на клупата на Челзи, па ако би се реализирала таа негова желба би се вратил во Премиер лигата.

Но, засега Тен Хаг се уште е тренер на „црвените ѓаволи“, а и прашање е дури ако си замине дали Тухел е по мерка на раководството на клубот од „Олд Трафорд“.


Томори прва опција во одбраната за минхенски Баерн

Баерн Минхен е силно заинтересиран за дефанзивецот на Милан, Факијо Томори, пренесуваат германските медиуми.

Баварците се во потрага по засилување на одбраната бидејќи Де Лихт најави заминување на крајот на сезоната. Томори се етаблираше во еден од најдобрите дефанзивци во Серија А, па го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Баерн е спремен да испрати богата понуда и го посочил Англичанецот како примарна трасфер цел.

Меѓутоа, италијанските медиуми тврдат дека Милан не сака да слушне за продажба и ќе ги одбие сите понуди.


Официјално доделени паричните награди од наградната игра „ЕДНА КО НИЕДНА“

После 30 денови колку што траеше наградната игра „ЕДНА КО НИЕДНА“, ги објавуваме официјалните добитници на трите главни парични награди!

Тикет со највисок коефициент и еден промашен натпревар уплатен во Евротип обложувалниците имаше Сашко М. од Струмица. Како награда за направениот коефициент од 21 718.62, Сашко доби паричен износ од 300 000 денари.

Втората награда и паричен износ од 200 000 денари замина во Босилово кај Драган М., додека износот од 100 000 денари му припадна на Динчо К. од Струмица.

Честитки за добитниците на наградите, а на останатите играчи им посакуваме повеќе среќа во идните игри на Евротип, обложувалница со која добивате Секогаш Повеќе.



Џо Харт најави заминување во пензија

Англискиот голмански ветеран Џо Харт кој е и поранешен репрезентативец на Англија на крајот од сезоната ќе замине во фудбалска пензија. Информацијата ја потврди Селтик преку својот официјален веб сајт.

Шкотскиотгигант му се заблогадари на 36 чувар на мрежата, но изјава даде и тренерот Брендан Роџерс.

„Харт имаше феноменална кариера и знам дека ќе ни недостасува кога ќе се повлече. Заслужува огромни пофалби за се што направи во фудбалот. Беше навистина голема предност на Селтик“, изјави Роџерс.

Најдобрите денови од кариерата Харт ги помина како голман на Манчестер Сити и со овој клуб успеа да освои две титули во Премиер лигата, една во ФА Купот и два во Лига Купот. Со Селтик двапати беше шампион на Шкотска и освои три купа.

Покрај Селтик и Манчестер Сити го чуваше уште голот на Барнли, Тотенхем, Торино и Вест Хем. Репрезентативец на Англија беше од 2008 до 2017 година и собра вкупно 75 натпревари.


Хамшик не е подготвен за враќање во Неапол

Наполи одлучи да го смени тренерот и на местото на Валтер Мацари беше назначен Франческо Калцона кој дебитираше вчера на дуелот против Барселона во Лигата на шампионите.

Кога се говореше за назначувањето на Калцона се говореше за враќање и на Марек Хамшик во Неапол и тоа како дел од стручниот штаб на тренерот. На крајот не се оствари тоа сценарио од проста причина што Словакот засега не е подготвен за некоја улога, функција во тимот во кој мина 12 години.

„Можам само да му се заблагодарам на Калзона што ме сака во неговиот штаб во Словачка. Можеби во мојот ум се уште не сум подготвен да се вратам во Наполи, но има многу време и се надевам дека вратите секогаш ќе бидат отворени за мене. Имам одличен однос со тренерот и му посакувам се најдобро. За него е остварување на сонот да биде тренер на Наполи и се заблагодари на Словачката федерација што му ја овозможи оваа можност“, обелодени Хамшик.


Црвена Звезда сака да го врати Калиниќ ова лето

Небојша Човиќ, ги истакна приоритетите за засилувања на Црвена Звезда во текот на летото.

„Треба да го засилиме составот. Можам да кажам дека сме многу заинтересирани за Никола Калиниќ. Работиме на неговото враќање. Имаше договор по шемата „1+1“ а ние му доцнивме 4 од 5 плати“ – вели Човиќ.

„Човекот чекаше, му ветивме но, не го одржавме ветувањето. И тој се пресели во Барселона. Работиме на неговиот трансфер“, рече Човиќ.