feature

Парична казна за Далас Маверикс за намерниот пораз и неучество во плеј-ин

Наместо да се бори за последното плеј-ин место, Далас реши намерно да загуби од Чикаго и го одигра мечот без своите најдобри играчи, што резултираше со отворена истрага од страна на раководните структури на НБА лигата.

„Маверикси ги прекриша правилата за одморање на играчи во НБА лигата, а тоа го покажаа и со изјавите кои ги дадоа во јавноста и кои покажаа желба тимот да загуби со цел да биде во што подобра позиција на драфтот во 2023-та година. Лигата не утврди дека во ова учествувале и играчите кои беа на теренот. Одлуката на Далас да ги одмора клучните играчи во одлучувачкиот меч со Чикаго го загрози интегритетот на нашиот спорт. Постапката на Далас ги изневери навивачите и лигата„, се вели во соопштението во кое се нагласува дека казната изнесува 750.000 долари.


Мурињо: Го немам Халанд да постигнувам голови на секој натпревар

Рома беше поразена од Феенорд во првиот натпревар од четвртфиналето во Лигата на Европа.

Фудбалерите на римскиот клуб имаа проблеми со реализацијата затоа што упатија дури 17 удари кон противничкиот гол, но само два од нив беа прецизни. Исто така, Лоренцо Пелегрини промаши и пенал.

Новинарите по натпреварот го запрашаа Португалецот за слабата реализација.

„Го немам јас Халанд во нападот. Тажни сме и секогаш се трудиме да дадеме се од себе, момците играа одлично. Можевме да постигнеме и подобар резултат, но не успеавме во тоа“.

Рома го победи Феенорд минатата сезона во финалето од Конференциската лига.

„Домаќините беа мотивирани да се одмаздат за поразот во Конференциската лига. Сепак, не можете да промените резултат на натпревар кој сте го изгубиле. Феенорд дури и да победеше со 10:0, таа победа на Рома во финалето ќе останеше“, изјави Мурињо.


Ливерпул се откажува од трката по Џуд Белингем

Јирген Клоп ги потврди последните информации дека Ливерпул се откажал од битката за ангажман на Џуд Белингем.

Менаџерот јасно стави до знаење дека клубот нема финансиски потенцијал да реализира договор со Борусија Дортмунд. Цената на англискиот интернационалец  ќе биде повеќе од 100 милиони евра.

„Морате да процените што можете да направите. Мора да видите колку пари имате. На пример, нема шанси да земеме шест фудбалери и секој од нив да чини 100 милиони фунти“, вели Клоп.


Анчелоти сака да го замени Карвахал со Рис Џејмс

Реал Мадрид планира да си купи нов десен бек, иако Дани Карвахал беше одличен на теренот против Челси во Лигата на шампиони.

Медиумите шпекулираат дека „кралевите“ планираат да испратат понуда за Рис Џејмс од Челзи, кој се измачи против Винисиус Жуниор во средата.

„Марка“ пишува дека цената на Џејмс е 50 милиони евра, а Челси може да има проблеми со финансискиот фер-плеј и да мора да продава фудбалери.

Џејмс би бил одлично засилување за шпанскиот шампион затоа што е добар и во напад и во одбрана.


Македонските ракометарки дел од вториот шешир пред квалификациите за ЕП

Македонската женска ракометна репрезентација ќе биде во вториот шешир кога ќе се формираат квалификациските групи за место на Европското првенство кое ќе се одржи во 2024 година.

Заедно со нас се: Романија, Словенија, Србија, Полска, Чешка, Словачка и Исланд. Тие не може да ни бидат противници.

Шешир 1: Франција, Данска, Германија, Холандија, Шведска, Шпанија, Црна Гора и Хрватска

Шешир 3: Португалија, Украина, Турција, Италија, Фарски Острови, Литванија, Грција и Косово.

Шешир 4: Израел, Финска, Луксембург, Босна и Херцеговина, Летонија, Азербејџан и Бугарија.


Два калчолигаши преговараат со агентот на Марсијал

Јувентус и Милан покажуваат сериозен интерес за напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Антони Марсијал.

Французинот ова лето се врати на „Олд Трафорд“ после позајмицата во Севиља, но не добива голема минутажа. „Црвените ѓаволи“ се спремни да го продадат на лето, а најсилен интерес за Французинот покажуваат италијанските гиганти Јувентус и Милан.

Манчестер Јунајтед сака со неговата продажба да финансира дел од трансферот на нов напаѓач, а најголема желба е најголема желба е Хари Кејн.

Марсијал на лето влегува во последната година од договорот, па „црвените ѓаволи“ за неговата слобода бараат 20 милиони евра.


Пети откри што му треба на Арсенал за да биде компетитивен и во ЛШ

Арсенал има одлична сезона која може да биде крунисана со лигашка титула, но дури и тоа да не се случи клубот од Лондон дефинитивно ќе ја оствари главната цел, пласман во Лигата на шампионите за натпреварувачката 2023/2024.

„Топчиите“ паметно ја градеа екипата во изминатите преодни рокови и дефинитивно ќе повлечат уште некој потег на лето, а еден пред.лог за нив стигна од поранешниот француски репрезентативец, Емануел Пети. Пети е екс играч на Арсенал и како таков се радува на успесите на клубот, па според него Микел Артета и директорот Еду треба да донесат најмалку две нови имиња од кои едниот да биде Луис Данк од Брајтон.

„Според мене на Арсенал му е потребен уште најмалку еден централен дефанзивец и најмалку еден страничен фудбалери кој идеално некој што може да игра на двете страни. Бидејќи Арсенал ќе игра ЛШ наредната година потребна им е длабочина во одбраната“, рече Пети.


Сесар ја презема хрватската репрезентација

Јосип Сесар е назначен за нов селектор на хрватската машка кошаркарска репрезентација.

Во најтесниот круг кандидати за нов хрватски селектор беше и актуелниот предводник на белгиската репрезентација и Остенде, Дарио Ѓерѓа.

Новиот хрватски селектор, кој како играч има настапи со репрезентацијата на три европски првенства (1997, 1999, 2001), тренерската кариера ја почна во 2020 година.

Претходно оваа година Сесар со Цибона го освои првиот тренерски трофеј – Купот Крешимир Ќосиќ.


Нагелсман патува во Лондон на преговори со Челзи

Јулијан Нагелсман, наскоро ќе патува во Лондон на состанок со раководството на Челзи.

Нагелсман, кој беше отпуштен од германскиот шампион на крајот на март, е меѓу главните кандидати да го преземе кормилото на Челзи на лето.

„Билд“ пишува дека Боели е подготвен да му ги исполни сите желби на поранешниот стратег на Баерн Минхен и да му го доведе на Германецот новиот проект на клубот.

Нагелсман наскоро ќе има средба со раководството на „сините“ каде ќе ги претстави својот проект и визии за тимот.


Ди Марија преговара за останување во Јуве уште една сезона

Анхел ди Марија потврди дека преговара со Јувентус за продолжување на договорот. Аргентинецот пристигна минатото лето и потпиша договор само на една година бидејќи планираше да се врати во татковината.

Меѓутоа, после одличната сезона во дресот на „старата дама“, Јувентус му понуди нов договор, а тој потврди дека е среќен во Торино.

„Преговараме за нов договор. Среќен сум тука. Ја чувствувам љубовта на фановите после тешкиот почеток“, изјави Ди Марија.