feature

Кавани го продолжи договорот со „ѓаволите“ од Манчестер

Манчестер Јунајтед официјално ја потврди веста дека Единсон Кавани потпишал договор со „црвените ѓаволи“ на уште една сезона. Информацијата кој беше потврдена од клубот е дека новиот договор на Кавани е до јуни 2022 година. „Во текот на сезоната, развив голема приврзаност кон клубот и сè што тој претставува за мене и навивачите. Одлично соработувам со соиграчи и целиот персонал што работат во клубот. Тие ми даваат дополнителна мотивација секој ден. Знам дека заедно можеме да постигнеме многу големи нешта. Од моментот кога дојдов, ја почувствував довербата на менаџерот. Како играч, тоа ви дава совршена можност да го покажете најдобриот фудбал за кој сте способни. Сакам да му се заблагодарам за тоа. Сè уште не сум играл пред публиката на „Олд Трафорд“ и тоа е нешто што го чекам со нетрпение”, изјави Кавани кој досега има 15 голови за Манчестер Јунајтед.


Тухел: Вернер е фантастичен, секогаш сака да даде повеќе

Фудбалерите на Челзи успеаа да поминат триумфално на теренот на Манчестер Сити откако направија комплетен пресврт и победија со 2- 1. Победничкиот гол го постигна Алонсо по асистенција на Тимо Вернер кој во последно време добива серија на критики поради слабите партии. Сепак, во негова одбрана застана тренерот, Томас Тухел. „Сите го критикуваа Тимо, но, неделава одлично се покажа во одредени ситуации. Начинот на кој работи на теренот е фантастичен. Тој секогаш сака да даде повеќе со неговите спринтови“, потенцираше Тухел.


Колеџ дресот на Џордан продаден за рекордна сума (фото)

Дресот на најдобриот кошаркар на сите времиња, Мајкл Џордан кој го носел на колеџ е продаден на аукција за неверојатни 1,38 милиони долари.
Станува збор за дресот во кој Џордан одиграл натпревари на колеџ во Северна Каролина, па не е чудно што достигнал рекорден износ, поголем од било кој негов дрес во НБА лигата.
Покрај ова, дресот е дел од гарнитурата во која Северна Каролина играла во сезоната 1982/83, кога Џордан е прогласен за играч на годината во НЦАА лигата и во кој се појави на насловната страна на магазинот Спортинг њуз по тој повод.
„Како што сама по себе кажува и финалната понуда која е прифатена, овој дрес е се она што еден сериозен колекционер сака да го има.“ – изјавил Крис Ајв од аукциската куќа Херитеџ.


Милан сака да го врати трофејниот Анчелоти на тренерското место

Карло Анчелоти би можел да се врати во Милан. Анчелоти е вистинска легенда на Милан и најголемите успеси во тренерската кариера ги постигна на „Сан Сиро“, а потоа освојуваше трофеи ширум Европа. Италијанските медиуми тврдат дека доколку „росонерите“ не изборат пласман во Лигата на шампиони Стефано Пиоли ќе добие отказ. Прв избор на Малдини ќе биде токму неговиот голем пријател Карло Анчелоти, кој моментално седи на клупата на Евертон.


Шахтјор доведе тренер од италијанската Серија А

Еден од најистакнатите тренери во Серија А, Роберто Де Зерби кој веќе неполни три години го води Сасуоло, договори соработка со славниот Шахтјор и од наредната сезона ќе го преземе украинскиот великан.
Оваа информација ексклузивно ја пренесе новинарот Фабрицио Романо, наведувајќи дека 42- годишниот стручњак ќе потпише договор со Шахтјор до летото 2023. година.
Де Зерби целата тренерска кариера ја помина во Италија, а вниманието на јавноста го привлече во сезоната 2017/18, водејќи го Беневенто во Серија А.
И покрај тоа што испадна по само една сезона, Де Зерби доби бројни пофалби за стилот на игра и напаѓачкиот фудбал кој го негуваше.
Веќе тоа лето го презеде Сасуоло, кој е осми во Серија А, баш на местото кое го зазеде минатата сезона и три позиции повисоко од дебитантската сезона.


Вујовиќ се враќа на кормилото на Вардар 1961

Веселин Вујовиќ ќе го предводи РК Вардар 1961 во претстојната сезона 2021/22, пишува денеска специјализираниот портал – „Хендбaл Планет“ повикувајќи се на сопствени извори.
Искусниот тренер кој сега седи на клупата на Борац Бања Лука во БИХ, ќе го замени Стевче Алушовски кој најави дека ќе ги напушти „црвено-црните“ на крајот сезоната.
Ќе потсетиме дека Вујовиќ претходно беше тренер на вардарци во период од 2006 до 2009 и од 2011 до 2013 година.


Клоп уште верува во пласман на Ливерпул во ЛШ

Јирген Клоп по победата од 2-0 против Саутемптон истакна дека неговиот клуб е се уште во игра за пласман во Лигата на шампионите за наредната сезона. „Црвените“ до крајот на првенството ќе имаат натпревари со Манчестер Јунајтед, Барнли, ВБА и Кристал Палас.
„Ако освоиме 12 бодови мислам дека тоа ќе биде доволно да се пласираме во Лигата на шампионите. В четврток ќе играме со Манчестер Јунајтед а нивниот распоред е пренатрупан. Верувам дека ќе мора да направат ротации. На другите мечеви ќе видиме какви амбиции ќе имаат тимовите или дали некој од нив ќе се бори за опстанок. Ние во секој случај мора да одиме на победа“, потенцираше Клоп.


Има 24 години, а веќе освоил десет трофеи!

Францускиот фудбалер Кингсли Коман има освоено дури 10 титули национален шампион од три различни клуба во само девет сезони.
Баерн ја продолжи доминацијата во Германија, Баварците ја освоија деветтата титула по ред, па Коман ја продолжи својата импресивна серија.
За одличниот фудбалер ова е десетти трофеј во националните шампионати во неговата кариера, а сите тие трофеи се во најсилните европски лиги.
Во 2013. година, Коман стигна до првата шампионска титула со Париз Сен Жермен, а следната сезона со францускиот клуб подигна уште еден трофеј. Следуваше трансфер во Јувентус, каде веднаш освои нова титула со клубот од Торино. Во сезоната 2015/16 ги освои Серија А и Бундеслигата. Имено, тој играше во Јувентус половина сезона, а потоа се пресели во Баерн со кого досега има пет врзани титули во германскиот шампионат.
Коман го освои и Купот наменет за освојувачот на Лигата на шампионите минатата сезона и беше стрелец на решавачкиот гол во финалето против неговиот поранешен клуб Париз Сен Жермен.


Пирло: Нема да дадам отказ

Јувентус беше поразен со 0:3 од Милан во Торино во Серија А и падна на петтото место на табелата. Лига шампиони е се подалеку за поранешниот италијански првак, а отказот на Андреа Пирло е прашање на време.
Пирло по лошата претстава на неговата екипа ги отфрли шпекулациите за негово заминување.
„Екипата изгледаше добро во текот на неделата. Имавме правилен пристап и бевме концентрирани. Бевме сигурни дека ќе одиграме сјаен натпревар. Нема да дадам оставка. Дојдов овде со голем ентузијазам и покрја бројните потешкотии. Стојам на располагање на клубот, имаме уште три натпревар и ќе останам се додека можам.“ – вели тренерот на Јувентус, па додава:
„Ако нешто не е добро, преземам целосна одговорност. Оваа екипа има одлични играчи и очигледно нешто не е добро. Имав различен проект во мислите и верував дека ќе имам нешто поразлична екипа. Работев на некои концепти, но морам да направам одредени промени како би се прилагодил на нивните карактеристики.“
Јувентус до крајот на Серија А игра против Сасуоло, Интер и Болоња, а во финалето на Купот против Аталанта.


Мурињо сака Рома да го откупи договорот на Борха Мајорал

Рома сака да ја искористи опцијата за откуп на напаѓачот Борха Мајорал. 23-годишниот Мајорал игра во Рома како позајмен фудбалер од Реал Мадрид. Позајмицата истекува во јуни 2022, а „волчицата“ за откуп ова лето треба да плати 15 милиони евра. Новиот тренер Жозе Мурињо му порачал на раководството дека сака да го заджи Мајорал во тимот за следната сезона. Италијанските медиуми тврдат дека Рома веќе работи на перманентен трансфер на шпанскиот напаѓач.