feature

Банкеро прв пик на драфот, го избраа „магичните“ од Орландо

Орландо Меџик го избра Паоло Банкеро за број 1 на годинешниот драфт на Националната кошаркарска асоцијација (НБА). Церемонијата се одржа во Центарот Баркли, домот на Бруклин Нетс.

Орландо последен пат доби можност да го избере најдобриот млад играч кој ќе дојде во НБА во 2004 година. Тогаш магичните го зедоа центарот Двајт Хауард. Минатата сезона тимот од Флорида го имаше вториот најлош учинок од сите 30 екипи во НБА – 22 победи и 60 порази.

Под број 2, Оклахома Сити го избра 20-годишниот центар Чет Холмгрен, а трет на драфтот беше Џабари Смит (19) кој ќе игра за Хјустон.

19-годишниот Банкеро минатата сезона одигра 39 натпревари за Универзитетот Дјук во колеџот и имаше просек од 17,2 поени и 7,8 скока по натпревар. Има и 41 украдена топка и 36 блока.


Салернитана му нуди на Кавани 200 илјади евра по даден гол

Италијанскиот калчолигаш Салернитана сака по секоја цена да го ангажира уругвајскиот голгетер Едисон Кавани. 

За таа цел клубот подготви понуда за договор од два милиони евра по сезона, во која е вклучена и клаузула по која Кавани може да го напушти клубот кога и да посака. Во понудата до Уругваецот Салернитана нуди и 200 илјади евра бонус за секој постигнат гол на напаѓачот.

Останува да се види дали Кавани ќе ја прифати оваа интересна понуда и ќе се врати повторно да заигра во Серија А, каде претходно ги носеше дресовите на Палермо и Наполи.

Минатата сезона Кавани ја помина во Манчестер Јунајтед но сега е слободен играч без актуелен договор.


Французинот Рабио интересен за Челзи и Тухел

Германскиот стратег на клупата на Челзи, Томас Тухел, сака да го ангажира фудбалерот од средниот ред на Јувентус, Адриен Рабио.

Двајцата соработува одлично во Пари Сен Жермен и тренерот добро ги познава квалитетите на Французинот. Згора на тоа, Јуве е подготвен да го пушти за скромни 20 милиони евра.

Рабио за екипата од Торино одигра 129 натпревари со ефект од 6 голови и исто толку асистенции.


Хинтерегер ја заврши кариерата на 29 години

29-годишниот репрезентативец на Австрија, Мартин Хинтерегер, изненадувачки се определи да ја заврши фудбалската кариера.

„Се радував на успехот во Лига Европа, тоа беше мојот прв голем резултат со Ајнтрахт. Мислев да ја завршам кариерата уште изминатата година“ – вели  Хинтерегер.

Тој има настапувано и за Аугсбург, Борусија Менхенгладбах и Салцбург.


Надал: Подготвен сум за Вимблдон

Рафаел Надал во средата после три години го одигра својот прв натпревар на трева. Тенисерот од Шпанија изјави дека овие дуели се одлична подготовка за Вимблдон, каде ќе се обиде да стигне до својот трет Гренд Слем турнир оваа сезона.

Надал годинава ги освои Австралија Опен и Ролан Гарос, а евентуалниот триумф на Вимблдон би го довел чекор поблиску до историски успех, односно освојување на сите четири Гренд Слем турнири во иста сезона, што досега му успеало само на тенисерот Род Лејвер во 1969 година.

Рафаел Надал нема одиграно натпреварувачки дуел на тревна подлога од 2019 година кога во полуфиналето на Вимблдон загуби од Роџер Федерер.


Челзи сака да го ангажира Де Лихт

Англискиот „Скај Спортс“ објавува дека Челзи е заинтересиран за доведување на дефанзивецот од Јувентус, Матијс де Лихт.

Холандскиот фудбалер има клаузула според која може да го напушти клубот од Торино за 120 милиони евра.

Челзи и тренерот Тухел, се во потрага на централни одбранбени играчи после заминувањето на Антонио Рудигер и Андреас Кристенсен, а Де Лихт би бил одлично решение за таа позиција.

22-годишниот фудбалер е поранешен капитен на Ајакс, кој направи трансфер во Јуве во 2019 година за 75 милиони евра.


Нејмар автоматски го продолжи договорот со ПСЖ

За една недела договорот на Нејмар со ПСЖ автоматски ќе биде продолжен на уште една година, тврди „Л‘Екип“.

Ова се должи на вклучувањето на посебна клаузула во договорот со него. Во мај 2021 година, Бразилецот потпиша договор со парижаните до 2025 година. На 1 јули 2021 година договорот автоматски беше продолжен за една година, а на 1 јули 2022 година ќе биде продолжен за уште една година – до 2027 година. Оваа информација доаѓа во време на гласините дека Бразилецот може да се пресели во Јувентус на позајмица за време на летниот преоден рок, откако раководството на ПСЖ не беше задоволно од раното испаѓање во Лигата на шампионите.

30-годишниот Бразилец се пресели во ПСЖ од шпанскиот гигант Барселона во 2017 година за рекордни 222 милиони евра во светскиот фудбал. Како дел од парискиот клуб, фудбалерот одигра 144 натпревари, постигнувајќи 100 гола и 60 асистенции. Напаѓачот стана четири пати шампион на Франција, три пати победник на Купот на Франција, двапати Суперкуп и еднаш Француски Лига Куп.


Алиоски пред напуштање на Ал Ахли

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Езгијан Алиоски, е пред заминување од неговиот сегашен клуб Ал Ахли.

Тимот во кој Алиоски се приклучи минатото лето наместо да се бори за титула во првенството на Саудијска Арабија, во моментот е на чекор до испаѓање од лигата и се наоѓа на претпоследното место на табелата.

Доколку тимот испадне од лигата, најверојатно Алиоски ќе го напушти клубот и ќе побара ангажман во Европа. Според информациите најсериозен кандидат за ангажман на македонскиот интернационалец е турскиот првак Трабзон кој веќе започнал разговори со претставниците на Алиоски. Конечната одлука околу иднината на Езгијан ќе биде позната за десеттина дена по завршувањето на сезоната во Саудијска Арабија.


ФИФА одобри по 26 играчи и пет измени на Светското првенство во Катар 2022

Светската фудбалска федерација им одобри на учесниците на претстојното Светско фудбалско првенство во Катар да имаат на располагање по 26 играчи, што е за три повеќе во однос на претходното Светско првенство во Русија 2018 година.

 Исто така селекторите за време на натпреварите ќе можат да користат до пет измени, две повеќе од претходно.

Зголемувањето на бројот на измените стана пракса за време на ковид протоколите, додека главна причина за зголемениот број на играчи е фактот што Мундијалот за прв пат ќе се одржува во ноември и декември, кога ќе мора да се прават паузи во националните првенства и играчите да ги напуштат своите клубови, да учествуваат на СП во Катар и потоа повторно да се вратат на клубските обврски.

Светското првенство во Катар ќе се игра од 21.ноември до 18. декември


Симеоне го побара Пабло Сарабија на позајмица

Атлетико Мадрид е заинтересиран да го позајми играчот од средниот ред на ПСЖ, Пабло Сарабија.

Двете страни преговараат за едногодишен договор со опција за откуп на шпанскиот клуб. Според информациите, парижаните ќе исплатат дел од платата на играчот од средниот ред за време на позајмицата.

Сарабија (30) му се приклучи на ПСЖ во 2019 година. За францускиот тим Пабло Сарабија постигна 22 гола на 79 натпревари и даде 12 асистенции. Договорот меѓу играчот и клубот истекува во 2024 година. Сарабија ја одигра сезоната 2021/2022 како позајмен во Спортинг.