feature

Конте ги планира засилувањата, Мусо од Удинезе пред потпис со Интер

„Газета дело спорт“ пишува дека тренерот на фудбалерите на Интер, Антонио Конте, добил дозвола од извршниот директор, Џузепе Марота, да направи список за засилувања кои треба да се купат во текот на летото. Меѓу приоритетите е купувањето на нов голман а во преден план се имињата на Хуан Мусо од Удинезе и чуварот на мрежата на Верона, Матијас Силвестри. „Нероаѕурите“ кои се новите шампиони на Италија ќе се обидат да најдат и ново левото крило како и замена за напаѓачот, Ромелу Лукаку, кој најверојатно ќе си замине од Милано.


Владата одреди координативно тело за поддршка на фудбалската репрезентација

Координативно тело формирано од Владата ќе биде поддршка за македонската фудбалска репрезентација, која летово за прв пат ќе биде дел од континенталниот собир. Владата одлуката за координативно тело ја донесе на вчерашната 68-ма седница.
„Координативното тело има за цел да ја помогне организацијата, комуникацијата и промоцијата на настапот на фудбалската репрезентација на Северна Македонија на ова европско натпреварување“, информираат од македонската Влада.
Европското првенство во фудбал ќе се одржи во 12 земји, а ќе трае од 11 јуни до 11 јули. „Црвено жолтите“ во групата на ЕП се наоѓаат со Австрија, Украина и Холандија.


Азар ги разбесни навивачите на Реал по елиминацијата од Челзи (фото)

Еден Азар ги разбесни навивачите на Реал Мадрид со своето однесување по поразот од 2:0 од Челзи и испаѓањето од Лигата на шампионите.
Крилниот напаѓач на Реал отиде да им честита на играчите на својот поранешен клуб на победата, потоа се шегуваше со Курт Зума, а камерите го забележаа во доста добро расположение.
Азар на синоќешниот натпревар одигра 89. минути и не се покажа во најдобро светло. Неговиот трансфер, барем засега, се чини како целосно промашување, откако во 2019. година од Челзи се пресели во Мадрид, а сега уште повеќе ги налути навивачите.
„Дресот на Реал Мадрид е бел. Може да се извалка со пот, кал, па и крв, но никако со срам. Азар тоа никогаш не го сфати.“ – напиша еден навивач на Твитер.

https://twitter.com/RMAOzil10/status/1390085290048565248

Пандев со честитка до Интер по освоената титула (фото)

После долг „пост“, Интер успеа да ја освои Серија А, а со тоа и да го симне Јувентус од долгогодишниот трон.
Во изјава за „Газета дело спорт“, македонскиот репрезентативец Горан Пандев на својот поранешен клуб му го честиташе остварениот успех.
„Честитки до Интер, време беше да ја освојат титулата. Тие го заслужија тоа и ги израдуваа навивачите“, посочи Пандев.
За потсетување, капитенот на македонската репрезентација, беше член на Интер во периодот од 2009. до 2012. година, и тогаш го освои со нив Скудетото, Купот, како и Лигата на шампионите.


Фановите се враќаат на терените во Премиер лигата во последните две кола

Oд англиската Премиер лига денес официјално објавија дека ќе има навивачи на трибините.
Премиер лигата одлучи да даде дозвола во 37. и 38. коло да има навивачи. На овој начин ниту еден клуб нема да има предност, затоа што секој клуб по еднаш на домашен терен ќе игра пред публика. Секако, стадионите нема да бидат исполнети до последното место и бројот ќе биде ограничен. Засега не е објавено во колкава бројка ќе бидат навивачите, меѓутоа сигурно дека од идната сезона бројот ќе биде поголем.


Барса го сака Фелипе Луис од Лацио

Италијанските медиуми пренесуваат дека Барселона е силно заинтресирана за дефанзивецот на Лацио, Фeлипе Луис.
Каталонците внимателно ги гледале настапите на 22-годишниот дефанзивец во Серија А. Скаутите на Барселона се задоволни од неговите партии и клубот спрема понуда ова лето.
Договорот на Фелипе Луис истекува 2022 година, но Лацио сака да го задржи и сигурно ќе му понуди нов договор.
Сепак, играчот тешко дека би можел да ја одбие понудата на Барселона, која е спремна да плати 25 милиони евра за неговиот потпис.

775207690mr058_borussia_dor.jpg

Депај се сели во Серија А, Барса ќе го доведе Агуеро

Според последните информации во трката за Мемфис Депај се вклучиле италијански клубови Јувентус и Милан. Капитенот на Лион им е прималива опција затоа што неговиот договор со францускиот прволигаш истекува на лето. Барселона минатото лето со сите сили се обидуваше да го доведе Холанѓанецот, но Лион не попушташе и бараше сума од 30 милиони евра. Медиумите тврдат дека Каталонците сега се повлекле од трката за неговиот потпис, бидејќи имаат поинакви планови. Милан и Јувентус се во потрага по квалитетен напаѓач и веќе стапиле во контакт со неговиот агент.


Поранешна победничка на Вимблдон се повлекува од тенисот

Чешката тенисерка, 35-годишната Барбора Стрицова, најави дека си заминува во спортска пензија, додавајќи дека се надева последниот натпревар да го одигра пред публика, но по нејзиното породување во 2022. година.
„Би сакала тоа да биде на Вимблдон, но доколку тоа не е можно, тогаш тоа ќе биде во мојата татковина Чешка.“ – вели Стрицова, која во 2019. година на Вимблдон ја освои титулата во женски парови, а во сингл стигна до полуфинале.
Во кариерата има две титули во сингл конкуренција и 31 титула во парови, додека во 2016. година ја освои бронзата во парови на Олимписките игри во Рио.
Во моментот се наоѓа на 52. место на ВТА листата, а најдобар ранкинг имаше во 2017. година, кога беше 16.


Глејзери имаат рецепт за навивачите!

„Омразените“ сопственици на Манчестер Јунајтед, семејството Глејзер, се обидуваат на секој начин да ги смират страстите, а според последните информации тоа би можеле да го направат со доведување на вонсериско засилување.
Според пишувањата на англиските медиуми, Глејзери ќе се обидат ова лето да го доведат напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн, кој веројатно го напушта Лондон на крајот од сезоната.
Информациите велат дека Јунајтед нема да штеди, па за доведување на најдобриот англиски напаѓач ќе понудат 90 милиони фунти.
Тотенхем е далеку од местата кои водат во Лигата на шампионите, по заминувањето на Мурињо од клубот од северен Лондон владее вистинска неизвесност кој ќе го наследи, а сето тоа оди во прилог за Кејн да ја промени средината.
Но, дали тоа ќе биде доволно за да се смират навивачите на „црвените ѓаволи“?


Гвидо Родригез на „радарот“ на Арсенал

Арсенал е многу блиску до потписот на фудбалерот за врска на шпанскиот Бетис, Гвидо Родригез. „Топџиите“ подолго време ги следат настапите на Аргентинецот и сега имаат големи шанси да го донесат на „Емирати“, пишува „Естадио Депортиво“. Шпанскиот клуб планира да продаде неколку играчи меѓу кои влегува и Родригез. Тренерот на англичаните, Микел Артета, сака да ја засили конкуренцијата во средниот ред и воедно да пронајде замена за Дани Себаљос, кој на крајот на сезоната ќе се врати во матичниот клуб, Реал Мадрид.