feature

Дајер не се снајде во Минхен, стигнуваат и првите критики

Eрик Дајер оваа година пристигна на позајмица од Тотенхем во Баерн. На германскиот шампион му беше потребен квалитетен дефанзивец кој знае да ја исконтролира играта и кој би ги проширил одбранбените позиции.

Досега Дајер собра пет настапи во Бундеслигата и одигра 319 минути, меѓутоа како што стојат работите германскиот гигант нема да го откупи неговиот договор на крајот од сезоната.

Имено, Баерн во низата тестирање утврдил дека Дајер не поседува доволна брзина за играње во Бундеслигата. Во Минхен сега е „отпишан“, па на лето ќе биде слободен играч бидејќи му истекува договорот со Тотенхем.

Дајер наводно потфрлил и на физичките тестови во Баерн, „Билд“ најавува дека до крајот на сезоната нема да добие прилика да се докаже покрај Дајот Упамекано, Де Лихт и Ким.


Реал загреан за Камбиасо од Јувентус

Шпанскиот гигант Реал Мадрид сака да ја засили и одбраната следното лето, а веќе покажале интерес за фудбалерот на Јувентус, Андреа Камбиасо.

„Калчо Меркато“ пишува дека 24-годишниот дефанзивец е желба на „кралевите“, кои нудат 40 милиони евра за неговиот трансфер.

Минатата сезона тој играше на позајмица во Болоња, а оваа е важен играч на „бјанконерите“ и запиша 24 настапи во сите натпреварувања.


Одложен натпреварот меѓу Гранада и Валенсија

Натпреварот од 26. коло во шпанската Примера помеѓу Гранада и Валенсија кој требаше да се игра денес е одложен поради големиот пожар во Валенсија во кој животот го загубија најмалку четири лица.

Валенсија потврди дека Ла Лига го прифатила нивното барање за одложување на средбата.

„Барањето за одложување на натпреварот против Гранада беше прифатено“, објави Валенсија и додаде дека терминот за одигрување на натпреварот дополнително ќе биде утврден.

Натпреварот требаше да се игра во терминот од 14:00 часот. Во пожарот кој во четвртокот зафати станбена зграда од 14 катови животот го загубија четири лица, но тој број може да биде и поголем бидејќи уште 14 се вода за исчезнати.


Милвоки го ангажира Данило Галинари

Милвоки Бакс го засили ростерот со искусно и квалитетно име. Станува збор за Данило Галинари кој бргу најде нов ангажман по заминувањето од редовите на Детроит Пистонс.

Италијанецот кој има 35 години зад себе има завидно НБА искуство, па се очекува да биде добро засилување за ротацијата на Милвоки.

Галинари со Бакси се договори до крајот на сезоната, а според информациите тој ќе заработи околу еден милион евра.


Гвардиола: Би сакал да водам репрезентација на големо натпреварување

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, изјави дека кон крајот на кариерата би сакал да води репрезентација на Европско или Светско првенство.

Шпанецот има договор со „граѓаните“ до јуни 2025 година, а во неколку наврати изразил подготвеност и понатаму да остане во клубот.

„Би сакал да го доживеам чувството како селектор на Светско, Европско првенство или Копа Америка. Сакам да го имам тоа искуство. Не знам кога – за 5, 10 или 15 години, но би сакал да бидам на Светското првенство како селектор“, одговори Каталонецот на прашање од „ЕСПН Бразил“ дали по заминувањето од Сити би сакал да преземе некоја репрезентација.

Пред извесно време Гвардиола беше поврзуван токму со репрезентацијата на Бразил, а во Англија тврдат дека е можно во одреден момент да стане селектор на „трите лава“.


Николо Барела пак интересен за „кралевите“ од Мадрид

Шпанските медиуми пренесуваат дека Реал Мадрид е заинтересиран за ѕвездата на Интер, Николо Барела.

Барела веќе неколку сезони е еден од најдобрите играчи за врска во Серија А и го привлече вниманието на многу европски клубови. Реал е во потрага по играч за врска кој ќе биде наследик на Лука Модриќ, а Анчелоти го сака својот сонародник.

Претседателот на „кралевите“, Флорентино Перез е на потег и наскоро треба да тргне по потписот на Барела, но проблем е тоа што Интер не сака да ја продаде својата ѕвезда.

Реал спрема понуда од 80 милиони евра и е спремен да му понуди двојно повисока плата на Барела.


Тухел сака да се врати да работи во Премиер лигата

Веќе е познато дека Томас Тухел по завршувањето на сезоната повеќе нема да биде тренер на Баерн Минхен, а сега медиумите пишуваат и која е желбата на германскиот стратег за нов ангажман.

Тухел се поврзува со неколку европски клубови, а наводно тој сака да го води Манчестер Јунајтед. Во Премиер лигата, Тухел беше на клупата на Челзи, па ако би се реализирала таа негова желба би се вратил во Премиер лигата.

Но, засега Тен Хаг се уште е тренер на „црвените ѓаволи“, а и прашање е дури ако си замине дали Тухел е по мерка на раководството на клубот од „Олд Трафорд“.


Томори прва опција во одбраната за минхенски Баерн

Баерн Минхен е силно заинтересиран за дефанзивецот на Милан, Факијо Томори, пренесуваат германските медиуми.

Баварците се во потрага по засилување на одбраната бидејќи Де Лихт најави заминување на крајот на сезоната. Томори се етаблираше во еден од најдобрите дефанзивци во Серија А, па го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Баерн е спремен да испрати богата понуда и го посочил Англичанецот како примарна трасфер цел.

Меѓутоа, италијанските медиуми тврдат дека Милан не сака да слушне за продажба и ќе ги одбие сите понуди.


Официјално доделени паричните награди од наградната игра „ЕДНА КО НИЕДНА“

После 30 денови колку што траеше наградната игра „ЕДНА КО НИЕДНА“, ги објавуваме официјалните добитници на трите главни парични награди!

Тикет со највисок коефициент и еден промашен натпревар уплатен во Евротип обложувалниците имаше Сашко М. од Струмица. Како награда за направениот коефициент од 21 718.62, Сашко доби паричен износ од 300 000 денари.

Втората награда и паричен износ од 200 000 денари замина во Босилово кај Драган М., додека износот од 100 000 денари му припадна на Динчо К. од Струмица.

Честитки за добитниците на наградите, а на останатите играчи им посакуваме повеќе среќа во идните игри на Евротип, обложувалница со која добивате Секогаш Повеќе.



Џо Харт најави заминување во пензија

Англискиот голмански ветеран Џо Харт кој е и поранешен репрезентативец на Англија на крајот од сезоната ќе замине во фудбалска пензија. Информацијата ја потврди Селтик преку својот официјален веб сајт.

Шкотскиотгигант му се заблогадари на 36 чувар на мрежата, но изјава даде и тренерот Брендан Роџерс.

„Харт имаше феноменална кариера и знам дека ќе ни недостасува кога ќе се повлече. Заслужува огромни пофалби за се што направи во фудбалот. Беше навистина голема предност на Селтик“, изјави Роџерс.

Најдобрите денови од кариерата Харт ги помина како голман на Манчестер Сити и со овој клуб успеа да освои две титули во Премиер лигата, една во ФА Купот и два во Лига Купот. Со Селтик двапати беше шампион на Шкотска и освои три купа.

Покрај Селтик и Манчестер Сити го чуваше уште голот на Барнли, Тотенхем, Торино и Вест Хем. Репрезентативец на Англија беше од 2008 до 2017 година и собра вкупно 75 натпревари.