feature

Порази на сите македонски борачи на ЕП во Полска

Македонските борачи ги завршија своите настапи на Европското првенство во Варшава. Последната надеж на Макеоднија беше Владимир Егоров, кој доби шанса во репасажо, но загуби од репрезентативецот на Азербејџан, Ахмеднаби Гварзатилов со со 2-6. Во шест борби на Европското првенство, нашите борачи не издвојуваа ниту една победа и освоија само седум бода, од кои четири се дело на Фати Вејсели. Ова е големо разочарување за нашите борачи кои се надеваат на многу подобри резултати на ова Европско првенство. Резултати на македонските борачи: -61 кг: Владимир Егоров – Андрил Џелеп (Украина) 0-7 Репасаж Владимир Егоров –Ахмеднаби Гварзатилов (Азербејџан) 2-6 -70 кг: Фати Вејсели – Даниел Антал (Унгарија) 4-7 -79 кг: Дејан Митров – Акшарбек Гуалев (Русија) 0-10 (ТТ) Репасаж – Дејан Митров – Арман Авагјан (Ерменија) 1-12 (ТТ) -97 кг: Могамедгаџи Нуров – Елизбар Одикадѕе (Грузија) 0-5.


Јаневски го одведе кипарски Олимпијакос во финалето на Купот по три децении

Чедомир Јаневски се избори за финале со Олимпијакос во Купот на Кипар. Колку е голем овој успех на Јаневски најдобро зборува податокот дека клубот на едно финале во купот чекаше цели 30 години. Олимпијакос славеше против АЕЛ Лимасол на гости со 1-0, претходно имаа победа од 4-2 во првиот натпревар и така со вкупни 5- 2 дојдоа до шанса да се борат за пехарот. Јаневски работи одлично и Олимпијакос е во една победничка серија. Овој клуб купот го освои само еднаш и тоа во 1977 година, има и уште три порази во финалињата.


ПСЖ и Интер подготвуваат трампа Ериксен-Паредес

Италијанските медиуми пренесуваат дека примарна трансфер цел на Интер во летниот преоден рок ќе биде Леандро Паредес од ПСЖ. Приоритет за Конте ќе биде доведување на играч за врска, кој ќе биде алтернатива за Брозовиќ, а Паредес е прв на листата желби. Паредес е голема желба на Антонио Конте кој смета дека идеално ќе се вклопи во неговиот стил на игра, притоа има големо искуство во Серија А. Италијанските медиуми не исклучуваат како дел од трансферот да биде вклучен Кристиан Ериксен, кој е голема желба на тренерот на ПСЖ, Покетино. Паредес е отворен за преселба во Милано, па се очекува наскоро да започнат преговорите за трампа.


ФФМ ќе ги плати тестовите за ковид-19 за да се доиграат шампионатите

Фудбалската Федерација на Македонија објави дека ќе ги покрие трошоците за сите ПЦР тестови за ковид-19 откако Владата донесе одлука истите да се прават задолжително пред секој натпревар. Тоа значи дека ФФМ одлучи за сите мечеви од првата и втората лига кои ќе бидат одиграни во текот на викендот да ги плати трошоците за тестирање. Секој клуб мора да пријави по 25 лица за секој натпревар, покрај играчите и тренерите тука се вбројуваат и службените лица од клубот. Тестирањето ќе биде направено утре и в петок. Воедно, ФФМ ќе ги покрие трошоците и за тестовите на судиите, делегатите и контролорите.


Рома одлучи да го откупи Шпанецот Борха Мајорал

Раководството на Рома сака да ја искористи опцијата за откуп на напаѓачот Борха Мајорал. 23-годишниот Мајорал игра во Рома како позајмен фудбалер од Реал Мадрид. Позајмицата истекува во јуни 2022, а „волчицата“ за откуп ова лето треба да плати 15 милиони евра. Ако опцијата за откуп не биде активирана ова лето, следната година сумата ќе биде 20 милиони евра. Италијанските медиуми тврдат дека Рома веќе работи на перманентен трансфер на шпанскиот напаѓач. Мајорал веднаш се наметна како добра опција во нападот на „волчицата“ и оваа сезона има постигнато 13 гола и 7 асистенции.


Тухел: Играчите играат под стрес по вестите за Суперлигата

Фудбалерите на Челзи доцна синоќа одиграа нерешено на домашен терен со Брајтон 0-0 а нивниот тренер, Томас Тухел, вели дека за тоа голема вина има и целата приказна околу новата Суперлига. По натпреварот на „Стемфорд Бриџ“, стратегот на „сините“ призна дека сите информации за создавањето на Европската Суперлига имале негативно влијание врз перформансите на играчите. „Вестите за Суперлигата влијаеја на психата на играчите. Пред натпреварот разговаравме само за тоа и за ништо друго. Разочарани сме. Сакавме да победиме“, искоментира стратегот на Челзи.


Милан го сака Нуњез од Бенфика како замена за Ибрахимовиќ

Напаѓачот на Бенфика, Дарвин Нуњес ја воодушеви фудбалската јавност и е на мета на многу европски гиганти. Скаутите на Милан го следат веќе подолго време, а италијанските медиуми тврдат дека „росонерите“ сакаат да го донесат на лето. 21-годишниот уругвајски репрезентативец игра одлично, но во договорот има откупна клаузула од 150 милиони евра, а Бенфика сигурно нема да сака лесно да се откаже од него. Бенфика во септември за потписот на Нуњес плати 24 милиони евра, па Милан сигурно ќе треба да понуди 50 милиони евра за неговиот потпис.


УЕФА планира Лига на шампиони со огромен буџет како одговор за Суперлигата

УЕФА преговара за зголемување на буџетот за Лигата на шампионите со британски инвестициски фонд. Според изворот, УЕФА сака да го зголеми почетниот буџет на натореварувањето од 4,5 милијарди евра на 7 милијарди евра. Проектот се дискутираше веќе неколку недели и наводно насочен кон зајакнување на позицијата на споредни приходи на ЛШ за клубовите.


Барса преговара со капитенот на Милан

Барселона е во потрага по квалитетен дефанзивец, а италијанските медиуми пренесуваат дека е силно заинтересирана за капитенот на Милан, Алесио Ромањоли. Преговорите помеѓу Милан и Ромањоли за продолжување на договорот не одат во добра насока, па дефанзивецот на лето ќе влезе во последната година од договорот. Таквата ситуација сака да ја искористи Барселона, која веќе стапила во конаткт со неговиот манеџер, Мино Раиола. Со оглед на фактот дека Ромњоли влегува во последната година од договорот неговата цена во моментов изнесува 30 милиони евра, сума која Барселона е спремна да ја плати.


Кантона: Послушајте ги навивачите, тие ретко грешат

Ерик Кантона една од најмаркантините личностги што го носела дресот на Манчестер Јунајтед, остро ја критикуваше одлуката на „црвените ѓаволи“ да се вклучат во новото натпреварување наречено фудбалска Суперлига. Составот од „Олд Трафорд“ е во групата од 12 гиганти кои се определија да формираат посебна лига со што го навлекоа бесот на ФИФА, УЕФА, навивачите и многу познати фудбалски имињата од минатото и сегашноста. Поранешниот капитен на „црвените ѓаволи. Навивачите треба да бидат почитувани. Дали големите клубови ги прашаа е што мислат? Не, и тоа е срамот“, потенцираше Французинот во видеото објавено на социјалните мрежи.