feature

Лига шампиони со 36 клубови и без групна фаза?!

Наредниот месец на седница на Извршниот одбор на УЕФА би требало да се одобри новиот состав на натпреварувањето во Лигата на шампионите. Од сезоната 2024/25 ќе се игра Лига шампиони без групна фаза, објави француски Екип. Во сегашниот состав настапуваат вкупно 32 екипи поделени во осум групи, а според новиот план ќе се игра една лига со 36 клубови. Клубовите воочи натпреварувањето ќе бидат поделени во четири шешири. Секој клуб ќе одигра по 10 натпревари. Противниците ќе се добиваат од различен шешир, ќе се игра со 10 различни противници, односно ќе се одиграат по пет натпревари на свој и пет на гостински терен. Првата фаза од Лига шампиони ќе се игра од септември до јануари, а промената ќе биде од 2024. година и во тоа што освен во вторник и среда, натпревари ќе се играат и во четврток. Во првата фаза, ќе се играат по 18 натпревари дневно наместо досегашните 16, а вкупно ќе се одиграат 180 натпревари, наместо 96 колку што се играат сега. Во сегашниот формат на Лига шампиони има 125 натпревари, а во новиот 225 (180 во првата фаза, 16 во плеј-оф и 29 во нокаут фаза). За да се освои Лигата на шампионите, ќе мора да се одиграат барем 17 натпревари, а можеби и 19. Досега, тоа беа максимум 13 натпревари.


Со БМВ влетал на фудбалски терен! (видео)

Српскиот фудбалски клуб Џердап објави видео од уништениот тревник на својот стадион. „Некој веќе денови, месеци и години се труди за нашиот терен да остане да биде најдобар во Источна Србија, а тогаш се појавува некој паметен и ни го прави ова. Случајот е пријавен во полиција. Се гледа снимка од камерите и веруваме дека набрзо виновникот ќе биде откриен и казнет.“ – стои во соопштението на клубот. Кратко потоа, полицијата го пронајде осомничениот 24-годишен граѓанин, кој се верува дека со својот автомобил БМВ влета на стадионот во Кладово и направи штета од околу 15 илјади евра. Сведоците тврдат дека возел по атлетската стаза, а потоа дивеел по тревникот каде возел во круг и така направил голема штета на клубот.


Мелбурн во „локдаун“, на сред турнир укината публиката на АО

Австралиската сојузна држава Викторија оди во целосен локдаун. Од вечерва (петок) на полноќ се воведува карантин кој ќе трае до среда, како би се спречило ширењето на британскиот сој на коронавирусот. И покрај тие мерки, тенисот на првиот гренд слем сезонава во Мелбурн продолжува, но без публика на трибините.
Организаторите на турнирот во соопштението потврдија дека на гледачите до среда ќе им биде забранет пристапот на стадионите. Досега, по 30 илјади навивачи дневно можеа да присуствуваат на натпреварите.
Австралија Опен трае до 21. февруари, а публиката веќе беше ограничена на 50 отсто од вообичаениот капацитет.
Премиерот на сојузната држава Викторија, Даниел Ендрус изјави дека британскиот сој на коронавирусот не потекна од хотел во кој се сместени тенисерите.
„Краток, но строг локдаун ќе биде ефикасен. Се работи за најзаразната варијанта на коронавирусот.“ – изјави премиерот.


„Генијалецот“ Флик има бројки од кои застанува здивот!

Тренерот на Баерн Минхен, Ханси Флик стигна до шестиот трофеј на клупата на германскиот великан за само 15 месеци откако беше поставен на оваа позиција.
Некогашниот помошник на Нико Ковач, по освојувањето на Бундеслигата, Лигата на шампионите, германскиот Куп и Суперкуп, како и Суперкупот на Европа, стигна и до шестиот трофеј, титулата светски првак.
Сам по себе е фасцинирачки податокот ако се знае деак од ноември 2019. година, Баерн со Флик има само пет порази во сите натпреварувања.
Само за пример, минатата сезона ја завршија со вкупно четири порази во Бундеслигата, додека оваа веќе имаат два, но на „Алијанц“ се уште има простор за гордост.
По овој трофеј, се потешко е да се најде причина за Флик на крајот од сезоната да го напушти Баерн, како што се најавуваше на почетокот од годината.


УЕФА потврди: ЕП ќе се игра во 12 града ширум континентот

По извршената инспекција на објектите односно стадионите кои треба да бидат место за одигрување на натпреварите на ЕП 2021 година, од страна на УЕФА е потврдено дека сите 12 градови се подготвени да бидат домаќини на натпреварите на Европското првенство.
„Сакам да потврдам дека турнирот ќе се одржи, бидејќи јас и мојот тим сме овде во Санкт Петербург денес. Со висок степен на самодоверба можам да кажам дека сите 12 градови ќе бидат домаќини на натпреварите. Постојано ја следиме моменталната состојба, ќе гледаме како се развива. Но, во моментот, сите оние кои треба да бидат организатоти – 12 градови – се наоѓаат токму во онаа фаза која беше зацртана од наша страна“, објавија од УЕФА.
Еуро 2020 беше одложено за 2021 година поради пандемијата на коронавирусот. Во исто време, УЕФА одлучи да не го менува името на натпреварувањето.


Евертон – Манчестер Сити е дербито од четвртфиналето на ФА Купот

Синоќа се одржа ждребот за четвртфиналето во англискиот ФА Куп и донесе интересни дуели.
Евертон кој на спектакуларен начин го елиминира Тотенхем сега за противник го доби Манчестер Сити.
Интересен ќе биде и дуелот помеѓу Манчестер Јунајтед и Лестер, додека Челзи во четвртфиналето ќе се сретне со Шефилд Јунајтед.
Саутемптон кој го елиминираше Вулвехемптон ќе ги одмери силите со Борнмут.


Клоп го сака Закарија од Борусија Менхенгладбах

Ливерпул размислува да го ангажирт фудбалерот на Борусија Менхенгладбах, Денис Закарија, кој најави дека нема намера да го продолжи договорот кој му истекува по 18 месеци.
24-годишниот играч од средниот ред кој имаше неколку повреди во тековнава сезона, сепак, останува значаен дел од германскиот клуб.
Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, кој има големи проблеми во дефанзивата сигурно во текот на летниот трансфер период ќе се обиде да дојде до неговиот потпис.


Тотенхем спреми нов договор за Хјун-Мин Сон

Хјун-Мин Сон, најверојатно ќе потпише нов договор со Тотенхем во текот на летото. 28-годишниот Кореец во континуитет покажува блескави партии во дресот на „петлите“, а клубот сака да го ангажира на подолг период. Тој во досегашниот дел од сезоната има постигнато 17 голови и направено 12 асистенции во сите натпреварувања или неговиот вкупен ефект е 102 гола и 59 асистенции на 262 меча.Тековниот договор Мин Сон е валиден до јуни во 2023 година.


Швајцарката Гут-Бехмари прва освои злато на алпскиот Мундијал

Лара Гут-Бехрами од Швајцарија победи во денешната трка во Супер- Џи на Светското првенство во алпско скијање што се одржува во италијанското зимско одморалиште – Кортина Д’Ампецо. Таа оствари време од 1:25.51 минута или за 34 стотинки побрзо од сонародничката, Корин Зутер, која го обезбеди сребрениот медал. Бронзата и припадна на Американката Микаела Шифрин. Трумфот на Гут-Бехрами и го донесе првиот медал на Швајцарија на Светските првенства по пауза од цели 20 години или конкретно по успехот на Соња Неф во 2001 година кога победи во Ст. Морис во трката во велеслалом.


Јуве и Атлетико преговараат за откуп на Алваро Мората

Јувентус започна преговори со Атлетико Мадрид за откуп на Алваро Мората, пренесуваат италијанските медиуми. Во моментов Мората игра како позајмен фудбалер во Јувентус кој има опција да го откупи договорот за 45 милиони евра. Во клубот се задоволни од напаѓачот кој оваа сезона постигна 13 гола на 20 натпревари. Поради тоа „старата дама“ сака да го задржи Мората во своите редови, но ќе се обиде да формулира нов договор со Атлетико. Јувентус сака да ја продолжи позајмицата за уште една година, за што ќе му платат 10 милиони на Атлетико, а потоа во 2022 година задолжително да го откупат за 35 милиони евра.