feature

Нагелсман и Алегри во трка за клупата на Баерн

Ханси Флик после натпреварот против Волфсбург соопшти дека на крајот на сезоната ќе го напушти Баерн Минхен. Флик не ја откри причината за неговото заминување, но потврди дека спогодбено ќе го раскине договорот со Баварците на крајот на сезоната. Баерн Минхен веќе ја започна потргата по негов наследник, а германските медиуми пренесуваат дека изборот ќе биде меѓу двајца тренери. Прв кандидат за нов тренер е Макс Алегри. Италијанските медиуми пренесуваат дека челните луѓе на Баерн веќе оствариле контакт со Алегри, кој е слободен после заминувањето од Јувентус. Румениге верува дека трофејниот Италијанец би бил идеално решение за клупата на Баварците. Другиот кандидат е Јулијан Нагелсман, кој подолго време се поврзува со клупата на Баварците. 33-годишниот стратег со успех го води Лајпциг и смета дека е вистински момент да направи чекор напред во кариерата.


Баерн му понуди нов договор на Чупо-Митинг

Германскиот шампион Баерн Минхен планира да му го продолжи договорот нанапаѓачот Ерик Максим Чупо-Мотинг. 32-годишниот Камерунец излезе како добра резерва за Левандовски особено на последните неколку средби за баварците. Баерн сака да има искусен играч за резерва на Полјакот и следната сезона, па затоа планира да го продолжи неговиот договор. Ситуацијата со неговиот договор, кој истекува ова лето, се очекува да се реши пред крајот на сезоната.


Нојер: Нашиот однос со Флик е перфектен

Ханс Дитер Флик одлучи да стави крај на неизвесноста и на сите шпекулации поврзани за неговата иднина во Баерн Минхен, соопштувајќи и на јавноста дека лично побарал раскинување на договорот со европскиот и светски шампион откако тимот доживеа елиминација од ПСЖ во Лигата на шампионите. Флик веќе извесно време има интерна „војна“ со Хасан Салихамиџиќ и по се изгледа истата ја доби популарниот Брацо, но од друга страна, се верува дека Ханси има навистина добра причина за заминување. „Ова беше емотивна приказна за нас во соблекувалната. Како тим, имавме незаборавно време заедно и истото беше навистина успешно. За нас играчите беше навистина важно оваа вест да ја дознаеме од тренерот, тој ни го кажа тоа лично пред да излезе со изјава во јавноста, тоа е за почит. Тоа е знак дека нашиот однос со тренерот е извонреден“, изјави капитенот Мануел Нојер.


Мендиета: Меси ќе остане ако Лапорта му состави конкурентен тим

Иднината на Лионел Меси е тема која понатаму е актуелна во Барселона од едноставна причина што договорот му завршува во месец јуни и останува неизвесно дали ќе остане на „Камп Ноу“ и по тој период. Според Гаизка Мендиета се ќе зависи од една работа-дали клубот ќе му даде гаранции на Лео дека ќе биде конкурентен за освојување на титули. „Сакаме да бидеме конкурентни и да освојуваме трофеи. Мислам дека Меси тоа го сака. Секако, важен е договорот и семејните околности. Ама само како играч, мислам дека тој сака да освојува трофеи. Ако види дека Барса може да победува и да се натпреварува за трофеи, тогаш сигурно ќе остане во Барселона. Ако не види дека се случува, ќе погледне на друго место. Се надевам исто како многу фанови на Барса дека Меси ќе остане. Сигурен сум дека останатите луѓе би сакале да го видат како игра на друго место во друга лига или клуб. Ама јас сум романтичар, особено во денешно време со играчи кои толку често менуваат клуб, што тој би ја имал целата своја кариера на тоа ниво во истиот клуб. Мислам дека би било неверојатно за него и Барселона“, вели Мендиета.


Јуве и Челзи преговараат за трампа на левите бекови

Една од целите на Јувентус за следната сезона е да заштеди на платите на играчите, па затоа клубот би можел да го напушти Алекс Сандро. Италијанските медиуми пренесуваат дека 30 годишниот Бразилец би можел да се пресели во Челзи. Томас Тухел се обидуваше да го дсоведе Сандро и додека беше тренер на ПСЖ, но тогаш францускиот и италијанскиот клуб не постигнаа договор. Сега Сандро би можел да се пресели во Челзи, а кон Торино да тргне Емерсон Палмери. Челзи Палмери го доведе пред три години од Рома, па така играњето во Серија А не му е непознато.


Колмен нема да настапи на Олимписките игри во Токио

Кристијан Колмен, најбрзиот човек во светот во овој момент остана без настап на летните Олимписки игри во Токио. Откако Усаин Болт се повлече Колмен се најавуваше како негов наследник во најбрзите спринтерски дисциплини меѓутоа не ја доби жалбената постапка на Арбитражниот суд во Лозана. Судот му ја намали казната само за шест месеци од претходното и место на 13. мај 2022 на теренот ќе може да се врати на 14. ноември оваа година, а тоа значи дека ќе ги пропушти Олимписките игри во Токио. Судот утврдил дека Колман ги прекршил анти-допинг правата, но сепак пресуди дека степенот на прекршокот бил понизок па затоа жалбата е намалена.


Лестер го носи Тами Абрахам од Челзи

Toмас Тухел не му верува на Тами Абрахам кој сезонава постигна 12 гола и тој не се најде на клупата за мечот против Манчестер Сити во полуфиналето од ФА Купот. Поради ситуацијата на Абрахам од кога дојде Тухел се пишува за можно заминување на напаѓачот. Ситуацијата со него ја следат Лестер и Вест Хем. Кај Френк Лампард Абрахам беше еден од клучните играчи. Со 18 гоола минатата натпреварувачка сезона беше најдобар стрелец на екипата, повторно го носи тој епитетет, меѓутоа не се вклопува во плановите на Тухел. „Не носам одлуки врз основа на личната статистика на играчи. Нема влијание на играта какво што се бара од него. Потоа се повреди и ја изгуби можноста да се бори за место во екипата. Се наоѓаме во клучен дел од сезоната кога не е едноставно да се врати формата на одреден играчи. На него останува да напраи се што може“, изјави Тухел.


Мане заминува од „Енфилд“, Клоп го сака Дембеле како негова замена

Ливерпул е подготвен да тргне во финална офанзива за потписот на 23 годишниот Осман Дембеле од Барселона, и тоа како замена за Садио Мане за кого се верува дека на лето може да си замине од „Енфилд“. Актуелната сезона е доста разочарувачка за Мане, откако досега успеа да постигне 12 погодоци во сите конкуренции, а само пет во 2021 година, па големи се очекувањата дека „Редсите“ на лето ќе се обидат да заработат добро на негов трансфер, иако неговиот договор истекува за две години. Шпански „Фихајес“ тврди дека Дембеле е наследникот на Мане во тимот на Ливерпул, Французинот има уште само една година од својот договор со Каталонците, а самиот тој потврди дека преговори за продолжување на соработката воопшто не започнале помеѓу обете страни.


Баерн го нуди Горецка за Бентакур

Хасан Салихамиџиќ е силно заинтересиран за плејмејкерот на Јувентус, Родриго Бентанкур. Главна цел на Баварците во летниот преоден рок ќе биде засилување на средниот ред, а Бентанкур е на врвот на листата желби. Уругваецот оваа сезона не добива голема минутажа и Јувентус е спремен да го продаде, а Баврците и нудат трампа на „старата дама“. Имено, Баерн е спремен да понуди трампа, така што во Торино ќе ги испрати Леон Горецка. Горецка има договор до 2022 година и на лето ќе влезе во последната година од договорот, а Јувентус е заинтересиран за Германецот.


Мурињо и Саутгејт загрижени заради повредата на Хари Кејн

Првата ѕвезда на Тотенхем, Хари Кејн се повреди на гостувањето кај Евертон каде „Спарси“ одиграа реми со резултат 2-2, а двата гола ги постигна токму Кејн кој се здоби со повреда во самата завршница од мечот. Се работи за повреда на глуждот, но постои нешто добро од лошата вест за целата англиска фудбалска јавност, а тоа е фактот што Кејн можеше сам да го напушти теренот без дополнителна помош, што е олеснителна околност за вестите кои се очекуваат од неговата повреда, како и да е, болките беа забележителни. 27 годишниот напаѓач ќе биде подложен на медицински прегледи кои ќе ја утврдат сериозноста на повредата, со што ќе се дознаат одредени детали на прашањето дали ќе отсуствува, односно доколку отсуствува од терените, дали ќе се работи за подолг период.