feature

Ѓорческа поразена на фјучрсот во Калви

Нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа го заврши настапот во сингл на ИТФ фјучерсот во Калви кој се игра за награден фонд од 25.000 американски долари. Таа денеска загуби од Италијанката, Лукреција Стефанини со 2-0 по сетови 6-1 и 6-3. Ѓорческа ќе остане и натаму на собирот во Франција бидејќи ја очекува нов меч во игра на двојки. Нашата тенисерка заедно со домашната претставничка, Амандин Хес, во улога на први фаворитки ќе излезат на мегдан со Флави Бруњон и Обан Дроге.


Италија потврди: Рим ќе го отвори ЕП со гледачи на трибините

Италијанската влада дозволи присуство на гледачи за време на натпреварите на Европско фудбалско првенство во текот на летото. Тоа значи дека Рим е деветтиот град што ќе овозможи на трибините да има ограничен број на фанови или 25 проценти да биде исполнет капацитетот на стадионот. Претходно тоа со направија: Амстердам, Баку, Букурешт, Будимпешта, Копенхаген, Глазгов, Лондон и Санкт Петербург. УЕФА им остави простор на Билбао, Даблин и Минхен да одговорат до 19 април дали ќе дозволат фанови на трибините, во спротивно, може да бидат одредени нови градови-домаќини за натпреварите на континеталниот собир.


Џемал Мареј ги скина лигаментите, го чека долга пауза

Големата ѕвездата на кошаркарскиот состав Денвер Нагетс, Џамал Мареј, ќе мора да оди на подолг период на рехабилитација откако ги искина предните вкрстени лигаменти на коленото на дуелот со Голден Стејт одигран во НБА лигата. Според проценките, еден од лидерите на тимот најверојатно ќе пропушти и дел од наредната сезона доколку нема некакво одложување со огледа на пандемијата со ковид-19. Канаѓанецот во досегашниот дел од сезона беше еден до најдобрите поентери во тимот кој според многумина се наметнува и како фаворит за шампионскиот прстен.


Фердинанд го препорача Калверт-Луин за неговиот Манчестер Јунајтед

Англискиот фудбалски репрезентативец и напаѓач на Евертон, Доминик Калверт-Луин, може да биде „фантастично засилување“ за Манчестер јунајтед во текот на летото, проценува поранешниот дефанзивец на „црвените ѓаволи“, Рио Фердинанд. Различни медиуми во Европа тврдат дека Јунајтед е заинтересиран и за Хари Кејн и Ерлинг Халанд, но, тие трансферите можат да бидат премногу компликувани. „За мене, вистинскиот избор е Доминик Калверт-Луин. Гледам многу натпревари на Евертон и очигледно е дека тој им создава многу главоболки на противниците”, вели Фердинанд.


Буфон бира меѓу Јуве, помал клуб или пензија

Дали ова е последна сезона за Џанлуиџи Буфон? Во овој момент одговорот на прашањето веројатно не го знае ниту тој самиот. Буфон има 43 години, но и понатаму брани во одлична форма. Пред него сега се три опции. Првата опција е преговори со Јувентус за нов договор на дополнителна една година, втората преговори со друг тим, а третата – пензија. Јувентус го чека, но клубот мора да биде спремен и да бара негова замена за наредната сезона ако Џиџи се реши да не продолжи.


Лацио бара 70 милиони евра за Милинковиќ Савиќ

Италијанските и шпанските медиуми тврдат дека Реал Мадрид е заинтересиран за доведување на Сергеј Милинковиќ Савиќ. Савиќ игра одлична сезона во италијанското првенство и веќе од поодамна е мета на „кралевите“. Во Савиќ Реал гледа замена за Лука Модриќ кој исто така игра добро, но наскоро ќе наполни 36 години. Според информациите, Реал на Лацио ќе мора да му плати 70 милиони евра. Савиќ сезонава постигна седум гола и додаде девет асистенции. Покрај Реал, интерес за Савиќ покажаа ПСЖ и Манчестер Јунајтед.


Ибра казнет со еден натпревар неиграње заради црвениот картон во Парма

Напаѓачот на фудбалскиот состав Милан, Златан Ибрахимовиќ, заработи казна од еден меч од страна на Дисциплинската комисија за Серија А, поради исклучувањето на средбата со Парма одиграна во изминатиот викенд. Ветеранот од Шведска дополнително ќе мора да плати и 5.000 евра. Тој ќе ја одлежи санкцијата во наредното коло во текот на викендот на мечот со Џенова. Ќе потсетиме, 39-годишниот ветеран на средбата со „млекарите“ имаше вербална расправија со главниот судија, Фабио Мареска, во 60. минута од натпреварот по што заработи црвен картон.


Олимпискиот оган пристигна во Осака

Движењето на олимпискиот факел во густо населената префектура Осака беше организирано во голем локален парк на етапи од 200 метри. Штафетата на олимпискиот факел започна во Јапонија на 25 март во фудбалскиот тренинг центар во префектурата Фукушима. Патувањето ќе трае 121 ден, факелот ќе помине низ 859 општини во сите 47 префектури на земјата. Околу 10.000 луѓе се очекува да учествуваат во штафетата. Олимписките игри во Токио треба да се одржат од 23 јули – 8 август 2021 година.


Кун Агуеро се сели во Лондон, Челзи фаворит за потпис на Аргентинецот

Челзи е фаворит за потписот со напаѓачот на Манчестер Сити, Серхио Агуеро, според последните информации на медиумите во Англија.
„Граѓаните“ веќе објавија дека ветеранот ќе го напушти „Етихад“ на лето и веднаш се формираше список на клубови заинтересирани за потписот на Аргентинецот. Во оваа фаза, сепак од „Стемфорд Бриџ“ се чекор пред своите конкуренти.
32-годишникот сака да остане во Англија. Освен Челзи, за него се заинтересирани уште два клуба од Премиер лигата – Тотенхем и Лидс Јунајтед. Меѓутоа, од овие три клуба, Агуеро повеќе би сакал да оди кај „сините“. Покрај тоа, Томас Тухел не крие дека би бил среќен да работи со Агуеро и ќе стори се што е во негова моќ да го донесе во неговиот тим.


Перез единствен кандидат, останува претседател до 2025 година

Иако постоеjа некои најави дека младиот шпански бизнисмен Енрике Рикелме ќе се обиде да влезе во трката за претседател на Реал Мадрид сепак тоа не се случи.
Рикелме дури и даваше изјави во медиумите со кои уверуваше дека ќе се кандидира за прв човек на Реал. Сепак, до 2025 во Мадрид нема да има промени, Флорентино Перез остана единствен кандидат на изборите па тој ќе ја извршува функцијата и во наредните четири години.
Претходно Перез најави дека и покрај кризата која ја предизвика пандемијата со коронавирусот ќе се обиде да доведе некого од Мбапе и Халанд.