feature

Надал: Чувствувам постојана болка, не знам како ќе издржам

Рафаел Надал беше елиминиран во осминафиналето на Мастерс турнирот во Рим по поразот од Денис Шаповалов, но резултатот не е она што најмногу го загрижи Шпанецот и неговите навивачи. Во третиот сет имаше силни болки во ногата и движењето на теренот беше многу тешко, а во одреден момент изгледаше сосема реална можност да се повлече од мечот. По натпреварот шампионот на Австралија опен откри како се чувствува и колку мисли дека е сериозен проблемот.

„Навикнат сум на повреди и ова не е нешто ново за мене, но последните неколку денови не ми беа лесни. Се трудам, но во некои случаи, како овој, навистина ми е тешко да ја прифатам ситуацијата и да се помирам со фактот дека не можам да тренирам неколку дена по ред. Денеска почнав да чувствувам болка на средината од вториот сет, а потоа беше речиси невозможно да се игра. Сепак, не сакам да му одземам ништо на Денис. Одигра многу добро и заслужи да победи“, изјави Надал.

„Болката е постојана. Некогаш е посилно, а друг пат послабо, но денес се случи нешто што не сум го доживеала досега. Би сакал да кажам нешто друго, да зборуваме само за тенис, но ситуацијата е таква каква што е, колку и да сте искусен играч, секогаш е тешко да се справите со такво нешто. Кога не можам да се движам како што сакам, работите стануваат многу потешки. Најлошото е што до пред неколку часа бев сигурен дека го подигнувам нивото и се чувствував многу добро на теренот и на натпреварите и на тренинзите. Не знам што да правам во моментов. Не сум сигурен дали треба да се одморам или да продолжам со тренинзите. Ролан Гарос и понатаму е мојата голема цел. Тоа не се промени“, додаде рекордерот по освоени Гренд слем турнири.


Ентони од Ајакс ќе го менува Ди Марија во ПСЖ

Пари Сент Жермен е во напредни преговори си Ајакс за бразилскиот крилен напаѓач, Ентони, пренесуваат француските медиуми.

22-годишниот Ентони блеска оваа сезона во дресот на Ајакс и се промовираше во еден од најголемите таленти во светот.

Бразилецот игра како крилен напаѓач и оваа сезона до сега има постигнато 12 гола и 10 асистенции, па го привлече вниманието на многу европски гиганти.

ПСЖ сака да ја победи конкуренцијата бидејќи во него гледа идеална замена за Ди Марија. Преговорите се во напредна фаза, а трансферот би требало да изнесува 40 милиони евра.


Перишиќ ја прифатил понудата на Челзи

Играчот на Интер, Иван Перишиќ, наводно веќе постигнал договор за негов премин во екипата на Челзи, каде би требало да стигне како слободен играч кога ќе му истече договорот со клубот од Милано.

Според италијанските новинари, од Челзи му понудиле на Перишиќ двегодишен договор со плата од 4,5 милиони евра по сезона. 

33-годишниот Хрват, во Интер е од 2015 година, а оваа сезона постигна 9 гола на 47 натпревари. Претходно има настапувано за Волфсбург, Баерн, Дортмунд и Бриж. Неговиот договор со Интер истекува во јуни.


Винициус добива нов зголемен договор во Реал Мадрид

Главна задача на Реал Мадрид по финалето на Лигата на шампионите е да го продолжи договорот со Винициус Жуниор, пишува „Marca“. Актуелниот договор на фантастичниот 21-годишен Бразилец истекува во 2024 година, но Реал не сака да паничи и мора да го обнови договорот или потенцијално да го загуби.

Винициус експлодираше оваа сезона, постигнувајќи 21 гол и 20 асистенции на 50 натпревари, што претходно во Реал успеаја само Карим Бензема и Кристијано Роналдо. Бразилецот е еден од клучните играчи на „белите“ оваа сезона и како што тврди „Marca“, долгорочно сметаат на него на „Сантијаго Бернабеу“.

„Винициус моментално е еден од најслабо платените играчи во првиот тим на Реал. Тој заработува 3,2 милиони евра по сезона, како Себаљос, Ваљехо и Лунин, а тоа е платата што ја имаше кога дојде во Мадрид и таа не е променета. Но, во Реал се свесни дека нема да може да го задржи под такви услови и да му понуди огромна плата“, пишува „Марка“.


Тричковски избран во тимот на сезоната на Кипар

Македонскиот фудбалер, Иван Тричковски, се закити со уште една награда на Кипар. Имено, тој повторно е избран во тимот на сезоната во фудбалското првенство на Кипар.

Голгетерот имаше уште една одлична сезона во дресот на АЕК Ларнака, каде постигна 14 гола на 29 натпревари.

Претходно Тричковски беше еден од главните играчи во АПОЕЛ, а веќе шеста сезона е прв напаѓач на АЕК Ларнака


Барса добива 200 милиони евра за трансфери ова лето

Екипата на Барселона е пред уште една „оддишка“ во форма од 200 милиони евра, пренесува весникот „АС“.

Тоа ќе се случи од продажбата на 49% од подружницата „BLM“, која се занимава со производите на клубот. Тоа ќе значи и дека каталонскиот гигант ќе биде многу помалку зависен од очекуваниот договор со CVC.

Се очекува по завршувањето на зделката да биде објавен нов управен одбор, кој ќе биде составен од Жоан Лапорта, Рафа Јасте, Феран Олве, Хулио Гуиу, Серхи Рикарт, Марибел Меландез.

Ова е одлична вест пред очекуваното тензично лето. Се очекува да биде привлечен централен напаѓач, како и барем по еден играч во секоја зона на теренот, што ќе го подигне нивото на тимот и ќе му даде поголема ширина на тимот на Чави.


Чави подготвува реконструкција, Барса ќе доведе седум засилувања

Чави сака да направи свој проект, на многу фудбалери ќе им биде отворена излезната врата, а побарал седум засилувања од раководството.

Прва мета во нападот е Роберт Левандовски, кој го известил Баерн дека нема да го продолжи договорот, па Баварците се спремни да го продадат на лето за 40 милиони евра.

Барселона е во потрага по уште еден квалитетен дефанзивец, а прва желба е Кулибали од Наполи. Сенегалецот треба да ја комплетира одбаната со Араухо, Ерик Гарсија и Кристенсен.

На десната бековска позиција треба да пристигне Аспиликуета како слободен играч, а Чави сака нов лев бек, Маркос Алонсо или Грималдо.

На средината на теренот пристигнува Кеси, а крилната позиција треба да биде засилена со Рафиња од Лидс. Англискиот клуб испадна од Премиер лигата, па Барса може да го добие Бразилецот за „само“ 25 милиони евра.


Кјелини потврди дека го напушта Јувентус

Искусниот дефанзивец на „Старата дама“, Џорџо Кјелини, потврди дека на крајот од сезоната ќе си замине од Јувентус.

Тој во својата последна сезона ќе го напушти Јуве без освоена титула, бидејќи клубот испадна од натпреварувањето во купот на Италија, а нема да биде ниту шампион во Серија А.

„Поминав прекрасни години во клубот. Сега е ред некои други фудбалери да ја продолжат мојата работа. Дадов се што имав и одиграв најдобро што можев. Се надевам дека оставив добра трага во клубот. Наскоро ќе бидам најголем навивач на Јувентус“, изјави 37-годишниот дефанзивец.

Кјелини го носи дресот на Јувентус од 2005 година, и со тимот освои 9 шампионски титули и пет национални купа.


Украинецот Јармоленко заминува од Вест Хем на крајот од сезоната

Андриј Јармоленко ќе го напушти лондонскиот клуб на крајот од оваа сезона.

Договорот на Јармоленко со Вест Хем истекува следното лето, а двете страни не се договориле за продолжување на соработката. Неколку месеци претходно, раководството на „чеканите“ му дозволи на Андреј Јармоленко отсуство од лични причини поради ситуацијата во Украина, но веќе кон средината на март фудбалерот се врати на теренот.

Да потсетиме, Јармоленко се пресели во Вест Хем од Борусија Дортмунд во јули 2018 година. Трансферот изнесуваше 20 милиони евра, а претходно играше за Динамо Киев.

Украинецот оваа сезона одигра 30 натпревари за Вест Хем, постигна три гола и една асистенција. Интернет порталот Трансфермаркт ја проценува пазарната вредност на 32-годишниот Јармоленко на 3,5 милиони евра.


Бројот на странци во ракометната Суперлига останува непроменет

Управниот одбор на македонската ракометна федерација, го прифати барањето на двата најреномирани ракометни клуба Еурофарм Пелистер и Вардар 1961, бројот на дозволени играчи од странство по натпревар во Суперлигата да остане непроменет.

Од страна на РФМ имаше план од постојните осум, од следната сезона бројот на дозволени странци во еден тим да биде шест. Меѓутоа со прифаќањето на барањето од двата клуба, и наредната сезона екипите кои ќе се натпреваруваат во домашната Суперлига ќе можат да регистрираат по осум странци на еден натпревар.