feature

Барса е најдобра во Шпанија затоа што не го промени стилот на игра

Барселона е водечка екипа во Примера во оваа сезона и во моментов има пет бода повеќе во однос на второпласираниот Реал Мадрид, но и натпревар кој треба да го одигра во оваа рунда и тоа вечерва против Кадиз на „Камп Ноу“.

Каталонците беа најсконстантни во досегашниот тек, а тоа го признаваат и ривалите како што е Атлетико Мадрид кој преку тренерот Диего Симеоне објасни зошто избраниците на Чави Ернандез се број еден во Ла Лига.

„Барселона е најдобриот тим во Ла Лига во моментот. Чави пренесува многу јасна порака. Тој започна со чисти крила, а сега игра со офанзивни играчи од средината на теренот како Гави или Педри наместо со тројца напаѓачи и одлично му оди.

Стилот на Барса не е променет, но со доаѓањето на Чави, тие ја обновија суштината на клубот.Тие многу се подобрија во одбраната, Араухо и Кристенсен играат добро“, порача Чоло.


Фемке Бол собори децениски рекорд на 400 метри во сала

Холанѓанката Фемке Бол направи сензација на националното првенство, соборувајќи многу стар светски рекорд.

Бол го собори рекордот во трката на 400 метри во рамките на холандскиот шампионат, со што го надмина времето на Јармила Кратошвилова од пред 41 година.

Холандската атлетичарка ја претрчала делницата за 49,26 секунди, со што го собори рекордот за 33 стотинки во својата прва трка во која истрча време под 50 секунди.

На овој начин Бол ја потврди доминацијата на оваа делница, откако на последното ЕП во Минхен стана прва атлетичарка која победила на 400 метри и 400 метри со пречки.


Модриќ: Реал е фаворит против Ливерпул

Играчот на Реал Мадрид и капитен на Хрватска, Лука Модриќ изјави дека „Кралскиот клуб“ е фаворит на дуелот со Ливерпул во осминафиналето од Лигата на шампионите.

Првиот натпревар помеѓу овие два европски фудбалски гиганти се игра во вторник, а домаќин е Ливерпул на „Енфилд“.

„Изненаден сум што Ливерпул се наоѓа на осмото место во Премиер лигата, но убеден сум дека екипата ќе ја подигне својата форма. Се надевам дека тоа нема да се случи на натпреварот против нас. Штета е што играме еден против друг веќе во осминафиналето од турнирот. Мислам дека сме фаворити, и ми е драго што реваншот ќе го играме во Мадрид“, изјави Модриќ.


Ли Мејсон се повлече од улогата на ВАР-судија по киксот на мечот Арсенал – Брентфорд

Ли Мејсон во 2021 година се повлече од професионалното судење натпревари во Премиер лигата, но после тоа беше дел од ВАР собите и беше главен судија во видео надзорот.

Тоа беше така се до изминатиот викенд, кога искусниот англиски арбитар направи страшен кикс при ВАР прегледот на „Емирејтс“, поради што сега реши и комплетно да се повлече и веќе да нема никаква врска со судењето.

51-годишниот Мејсон денеска ја известил комисијата за професионални англиски судии дека се повлекува од своите активности во ВАР, а сето тоа е резултат на неподвлечената линија поради која беше признат гол на Брентфорд против Арсенал кој значеше израмнување од 1-1.

Жестоките изјави на Микел Артета и сериозниот притисок кој се создаде во јавноста направи Ли Мејсон да биде суспендиран за новото коло во Премиер лигата претстојниов викенд, но вечерва пристигна информација дека веќе тој никогаш повеќе нема да биде дел од ВАР собата.

Асоцијацијата на професионални судии излезе со соопштение и го објави повлекувањето на Ли Мејсон, човек кој цели 15 години ја делеше правдата на фудбалските терени во Премиер лигата.


Алкараз со трофеј им се врати на терените

Вториот светски рекет, Карлос Алкараз е победник на турнирот во Буенос Аирес. Тој синоќа во финалето по 94 минути игра го совлада 12. светски тенисер Британецот Камерон Нори со 6-3, 7-5.

Така тенисерот од Мурсија на својот прв турнир по четиримесечна пауза стигна до пехарот, а покрај 250 поени заработи и чек од 95.305 долари. Ова беше негов прв пехар во сезоната и вкупно седми во кариерата.


Педри ќе пропушти многу важни натпревари на Барса

Барселона објави ново соопштение во врска со повредата на младиот Педри кој доби удар во натпреварот против Манчестер Јунајтед во Лигата на Европа.

Офанзивниот фудбалер за врска е еден од најважните во системот на Чави и тој го повредил квадрицепсот и ќе мора да паузира околу еден месец. Барселона нагласи дека неговото враќање ќе зависи од напредокот во опоравувањето. Каталонските медиуми пренесуваат дека Педри ќе пропушти најмалку шест, а најмногу осум натпревари.

Ова значи дека Педри нема да биде на располагање на Чави против Кадиз во ЛА Лига, потоа против Јунајтед во реванпот, па Алмерија и Валенсија и Билбао во Примера, како о полуфиналето од Копа Дел Реј против Реал Мадрид.

Тука треба да се додаде и дека Педри ќе ги пропушти двата натпревари од осминафиналето во Лигата на Европа ако Барселона го помине Манчестер Јунајтед.


Потер најлош менаџер на Челзи во последните триесет години

На Грем Потер не му оди во Челси и тимот никако не успева да дојде до добри резултати, па поради тоа се погласно се шпекулира за негово заминување од клупата на „сините“.

Голем дел од навивачите сакаат промена и се во право затоа што бројките покажуваат дека Потер е најлошиот менаџер кој го имал Челси во последните 30 години. Со поразот од Борусија Дортмунд во Лигата на шампионите тој е дното по процентот на остварени победи.

Неговата епизода во Челси не започна лошо, го победи Милан со 2:0 и Потер беше пофален за петте воведни натпревари во кои „сините“ имаа четири победи и едно реми. Тогаш само Сари, Анчелоти и Гус Хидинк имаа подобар почеток. Сега четири месеци подоцна бројките се поинакви.

Потер го водел Челси на 24 натпревари и сега може на поизбалансиран начин да се споредува со другите. Во овој момент тој има девет победи и проценетот на добиени натпревари му е само на 38%.

Со тој процент подобри од Потер се Клаудио Раниери кој го водеше тимот од 2000 до 2004, потоа Џанлука Вијали (1998-2000), Руд Гулит (1995-1998). Во овој момент Потер е подобар само од Глен Ходл забележа пет победи на првите 24 натпревари.


Дарвин Нуњез го повреди рамото непосредно пред дуелот со Реал

Ливерпул победи против Њукасл во натпревар кој може да има сериозно значење во битката за излез во Европа, но „црвените“ и овој пат мораа да се соочат со еден негативен момент.

Стрелецот на првиот гол, Дарвин Нуњез заработи повреда за време на гостувањето кај Њукасл и сега е неизвесен за настап во Лигата на шампионите.

Уругваецот доживеа незгоден пад по кој се пожали на болка во рамото, а Јирген Клоп потврдил дека ситуацијта не е најдобра.

„Дарвин има некој проблем со рамото и затоа го повлеков од игра. Не знам дали ќе може да игра против Реал Мадрид. Засега е сигурна неговата болка од повредата, но прегледите ќе потврдат што се случило“, изјавил менаџерот на Ливерпул.


Кузмановски дебитираше со пораз и еден гол во Бундеслигата

Викендов во германската ракометна Бундеслига се одигра натпреварот помеѓу Фуксе Берлин и Вецлар, а на крајот победата им припадна на домаќините со резултат 26-23. На овој натпревар во редовите на Вецлар каде што тренер е Филип Миркуловски дебитираше македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски кој средбата ја заврши со еден постигнат гол. Кузмановски единствениот гол на натпреварот го постигна во 52-минута.

Србинот Николиќ беше најефикасен кај Вецлар со пет гола, додека во победничкиот табор Црногорецот Вујовиќ беше стрелец на седум гола.

На табелата Фуксе Берлин е лидер по 19 одиграни натпревари со 33 освоени бодови, Вецлар е во долниот дел на 16-тата поизиција (од 18 тимови) со само девет бодови и четири победи.


Синот на Предраг Стојаковиќ ќе настапува за грчката репрезентација

Андреј Стојаковиќ, синот на легендарниот Предраг Стојаковиќ, ќе учествува на „Ол-Американ“ натпревар, а претходно изјави дека ќе ги претставува Грција и Сакраменто.

Оваа изјава нема да ѝ се допадне на српската јавност бидејќи Стојаковиќ очигледно не планира да игра за државата на неговиот татко, туку ќе го облече дресот на нашиот јужен сосед од каде што потекнува мајка му.

„Возбуден сум што ќе ги претставувам Сакраменто и Грција“, порача младиот Стојаковиќ.

Андреј е роден во Солун, Грција, а порасна во Америка. Тој е висок 201 сантиметар и може да игра на позициите бек и крило.